Здраво дечки.
Долгогодишен фан на Јувентус сум,го следам форумов долго време, ама дури сега решив да се регистрирам.
Ги читав претходните коментари во врска со квалитетот на одбраната оваа сезона и морам да искоментирам нешто.
Прво, тоа што примивме 7 гола на 8 натпревари во лига и уште 4 гола на 3те во ЛШ не е одраз на слабата одбрана, иако оваа сезона не постои таква кохезија,посебно што минатата стандардниот штоперски пар беше Бонучи - Киелини, а Барзаљи беше на клупа. Минатата сезона имавме многу проблеми со повреди,така да се се менуваа често штоперите. Арно, ама тоа не е толкава причина, колку што е многу поофанзивниот пристап што го негуваме оваа сезона. 21 гол на 8 натпревари или нешто помалку од 3 гола по натпревар е супер, ама само по себе тој офанзивен пристап остава празен простор за контри, посебно на бековската страна, што резултираше со ова.
Втора работа е тоа што вие очигледно не знаете дека Аталанта и Јувентус имаат потпишано договор за позајмица на Спинацола и Калдара до летото 2018та. Самото прекршување на договорот може да значи судска постапка и нарушување на односите меѓу двата клуба.
Трето, овие двајца играчи се веќе сега изградени играчи и ако ја пренесат оваа игра во Јувентус, тогаш уште следната сезона ќе бидат првотимци, посебно Калдара кој според мене е еден од најдобрите штопери во лига.
Четврто и последно, зошто да се купуваат штопери кога Калдара се враќа следната сезона, и е планиран сигурно за првиот тим, а уште поважна работа е да се донесе Де Вриј на кого му истекува договорот со Лацио. А, што правиме со Ховедес, играч кој зависно од здравствената состојба до крајот на сезонава лесно може да стане прв избор на Алегри. Не дека нема квалитет за тоа. Сум го гледал многу пати, знам што зборам. Следната сезона со Киелини, Ругани ,Калдара, Ховедес, Де Вриј евентуално, Јувентус ќе има далеку најдобра одбрана на свет. Спинацола, Алекс Сандро, Де Шиљо, Асамоа, Лихтштајнер ако останат на бековските позиции и нема никакви проблеми.
Извинете на долгиот коментар.
Sent from my Lenovo P1ma40 using Tapatalk