Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Да знаев дека Минчо слави у Мериот ке појдев до тамо да прашам за дивидендата на Бетон со одлуката за исплата во рака.

Ова за фени нов инвестор од понуда за преземање до исплата на банките е најмалце 2 авионски станици.
 
Слушнав некој муабет дека ќе може да се тргува на светските берзи наскоро, нешто со новата влада тргање на некои забрани и слично. Или дезинформација/фејк њуз е тоа?
od kade ovaa informacija.
 
od kade ovaa informacija.
Уште да се случи супер би било само нема шанси...ќе има оутфлоу на капитал од МК што НБРМ многу го мрази. Вакво нешто не очекувам посебно не од оваа влада ама сакам да ме изненади и демантира :)
 
Последно уредено:
...ќе има оутфлоу на капитал од МК ...

Јас пак мислам баш обратно. Ќе инвестираат, парче ќе направат по берзине и ќарот ќе се врати, оданочи и троши во МК.

Кога сме кај приливот, а не баш поврзано со ова, би сакал да видам чудо и PayPal прилив да се тргне забраната. Нормално, и тој прилив ќе се оданочи.
За да живне малку, да се олесни и помогне извозното микро стопанство, особено кај младите.
 
Последно уредено:
Јас пред некое време барав во светот каде има контрола на капиталот толку долго како во Македонија и со помош на гоогле успеав да лоцирам само 3 земиј Србиј, Македонија Зимбабве. Србија веке пред 5-6 години направи некои олеснувања остануваат само 2.

Тоа во превод значи твоите пари не се твои неможеш да ги трошиш кај што сакаш.
 
Јас пак мислам баш обратно. Ќе инвестираат, парче ќе направат по берзине и ќарот ќе се врати, оданочи и троши во МК.

Кога сме кај приливот, а не баш поврзано со ова, би сакал да видам чудо и PayPal прилив да се тргне забраната. Нормално, и тој прилив ќе се оданочи.
За да живне малку, да се олесни и помогне извозното микро стопанство, особено кај младите.
И јас мислам дека ова е добар аргумент за либерализација на пазарот на капитал. Инаку Богов го слушав еднаш тој беше против поради тоа што ќе бегал капитал а и од предходната влада исто мислеа. Се надевам дека новиве ќе сменат нешто. Инаку најавуваа дека ќе дозволат на регионални берзи да се инвестира (српска, хрватска итн) нешто од мсе...ќе се спојувале во една. Незнам до каде е работата ако знае некој нека пише!
 
Тоа во превод значи твоите пари не се твои неможеш да ги трошиш кај што сакаш.

Така е, но не само кај нас, туку секаде, парите (конвенционални) припаѓаат на издавачот, не се твои.
Пробај направи беља да видиш како ќе ти ги заблокираат сите сметки за миг.[DOUBLEPOST=1508660578][/DOUBLEPOST]Бегал капитал е толку 1990 што е дури смешно. Заврши и расцеп и криза и војна и све, та не сме 100 миљона народ со 100 миљона проблеми, па да не ни отидело јагнето во река.
Но нејсе, ете да не бегале парите. Избегаа одамна BTW.

Сега е веќе последен миг да не ни избегаат покрај парите, и сите млади од државата.
Во моментов сме чинам, од економска страна стабилни, нема шокови, катастрофи и хиперинфлација. Време е да направиме чекор напред.

Според мене, зошто е веќе доцна, потребни се силни и брзи економски мерки.
Почнувајки од укинување забрани сметки во странство, вложување во странски берзи, PayPal и други глобални тракатанци, па се дури до регулација на крипто капиталот, ако сакаме да бар пробаме да фатиме чекор со светот. Отиде.
Од се ќе си се земе данок, нормално.
 
Последно уредено:
Така е, но не само кај нас, туку секаде, парите (конвенционални) припаѓаат на издавачот, не се твои.
Се слагам дека парите се на издавачот ама колку што ми е познато НБРМ не издава ниту Евра, Долари. А капитална контрола е токму тоа ограничување на пари што не се нивни. Ти ако треба да пратиш за купување акции во странство ке пратиш евра,долари оти денари не примаат, они тоа ти го ограничуваат.
Спротивно на Европската конвенција за приватни сопственост чиј потписник е МК 25 години, тоа значи дека сите закони треба согласно таа конвенција да се носат, ама се носат спротивно не постои држава која е потписник , а има капитална контрола. Дури Кипар кога имаа проблеми пред 4-5 годи капиталната контрола траеше само 2недели.
 
А јас мислев кога бев мал името е било проблем за влез во ЕУ а тоа да ти имало милион проблеми.
Капиталната контрола се користи да се сотре поединецот, тоа е една од функцијата на парите. Ние не сме многу различни од другите земји, само малку ни се законите подостарени.
Мора да се менува за да се иде напред, ете да го цитирам еден:
„...Автобусот веќе пројде
ние мислиме ќе дојде...“
:)
 
Последно уредено:
http://makfax.com.mk/daily-news/блокирани-над-100-илјади-сметки-на-фирми/

После овој не така шокантен податок, пошто пошокантно беше распродавањето на се што е вредно во ЗК Пелагонија изминатиов период, човек да не знае што да каже, освен дека време е за собирање партали и отселување од државичево. Повеќе од половина „стопанство“ е со блокирани сметки :bravobe:

И да, овие болгариве навистина „имаат“ бонитет за превземање на ФЕНИ :facepalm:
 
^
Очекувано, после негативните вести за ФЕНИ акцијата на КМБ отиде во црвено :D
Или пак не.
Ај најди му НЗС
 
http://tocka.com.mk/vesti/249492/ma...-3-8-milijardi-evra-vo-bankite-i-stedilnicite

:vozbud::vozbud:

Јас стварно не разбирам како толку пари чуваат во банка, кога има толку убави можности на берзава, зборам за фирми кои редовно исплаќаат дивиденди поголем % него ли при штедење. Јасно ми е ризик ова она, ама до толку па :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom