чекор по чекор ги кинат
Според ова, на семејството Тарчуловски државата му плаќала 5000 евра месечен надоместок, на Јохан патриотот што единствените куршуми за време на војната ги испука врз невооружени цивили, за што одговараше пред хашкиот трибунал.
Намирисаа во него гласови кај простата раја која кај нас е во изобилие, и го претставуваа како маченик, го вметнаа во играта '' водење на држава '', игра во која соучествуваа и ДУИ, го искористија за амнестијата на хашките случаи со што удрија печат, онака, патриотски, ко што доликува нели на ВМРО, дека само Македонија направила воено злосторство за време на војната во 2001, и на јохан му даваа по 5к евра месечно.
Е сега, од денешна политичка перспектива, кога ДПМНЕ без албанците се една голема нула, знаете како изгледа ова нели, и како е сервирано, нарочито пред албанците ... дека на човекот кој е прогласен за виновен за убиство на невини албански цивили, ДПМНЕ нему, и на неговото семејство му плаќале по 5к евра месечно.
Тоа е албанската перспектива, а македонската ? Што направил Јохан, за да ги добива тие пари како условно речено бранител, а што сите останати, семејствата на загинатите бранители, луѓе кои за време на таа војна биле ранети, луѓе кои психички сеуште не се опоравени и тн и тн ...
Затоа и реков на почетокот, чекор по чекор ги расчеречуваат, онака, политички ...
Кој и да е главниот диригент позади оркестарот наречен сдсм, одлично си ја врши работата, бар сеа за сеа.
Плус, следнава работа е најголемата трагедија за дпмне ко партија, приморани се да се умилкуваат кај албанците, всушност веќе почнаа ако гледаме дел од нивната кампања на локалните избори и поставените билборди ( сетете се како се смееа кога Пендаровски имаше слична кампања ).
Но, кога тоа ќе почне да зема поголем замав, а ќе почне уште на следните парламентарни, ке има ( голем ) контра ефект на нивна штета, ќе почнат да ги губат оние макеодонски гласови кои им останаа, она нивно најхардкор членство нема да ја оправда таа нова насока на партијата а нит па албанците ќе паднат на нивното лицемерие, не функционираат они ко нас, така да како и да ја вртиме, дпмне се во тешка и незавидна ситуација во моментов а заев тоа сигурно ќе го искористи, и во блиска иднина ќе се распишат и парламентарни избори.