Ресторантот Камник без конкуренција. Може комотно да се носи со поелитните места низ светот. Единствено патот кон камник не е најдобар, се друго си е на место. Храна ОДЛИЧНА вклучувајки и дивеч, би рекол најдобра и најголема винска карта во македонија па и пошироко со екслузивни вина од бордо, калифорнија, бароса, маргарет ривер и нов зеланд. Интериер одличен вклучувајќи и ловџиско вип сепере, стрелиште под објектот да се испуцаш пред јадење и одлични соби горе за после јадење. Цени солени за мак стандарди, гости углавно мак бизнис елита, дипломатски кор и странци. Меѓу активностите таму се огранизираат и ексклузивни ловови за кој странци плаќаат и по илјадници евра за трофеј а идат од секаде во светот.
Има уште 2-3 места низ СК во секое време ама тие се менуваат од година во година. Ова си е веќе со години (повеќе од една деценија) назад топ. Скопје си има елита за скопски/македонски стандарди, ова место јас би рекол дека е направено дури и за повисока класа, дефинитивно газдата го има правено за своја душа.