Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Денеска кој поголем симпатизер на СДСМ и кој поголема жртва за време на ВМРО да се покаже дали на улица дали на автобус дали на работа, дали на кафани. Јас сум бил најголем противник на ВМРО од почетокот од 2006 но од вакво лигавање ми се гади, мислам кој го држеше ВМРО на власт сите овие 11 години??? Овде се покажува дека како народ сме народ без кичма чест на изклучоци за тие што гласат за истата партија (без разлика СДСМ или ВМРО) и без разлика на времињата, е тие се вистински идеалисти, се друго за интерес кај дува ветерот таму и ти
Идеалистите го добија од трите подолгото.Партиските војници се тие шо стално го собираат кајмакот.Така е веќе 27 години,за жал..
 
Последно уредено:
Не знам за Левица, ама Апасиев е интелектуален џин споредено со сите останати по листи за советници и кандидати за градоначалници, од сите други партии. Друга класа е, друга категорија. Најмалку шо заслужи од велешани е да добие доволно гласови за да влезе у Совет.

Потполно се свесни, токму затоа така ревносно се лигават против него.

Проблем е за дечките од Левица да дојдат до одредена позиција која колку толку ќе им обезбеди медиумски простор и ќе им даде некаков политички кредибилитет, тежина, после тоа останува на нив да освојуваат гласови.
Сево ова под услов да не одработуваат за никого и имаат чесни намери.
 
Струга која калкуларница е, за малце кандидатот на СДСМ не влегол у втор круг, сега у втор се двата коалициони партнери на Заев, ДУИ и Села, ќе има кланица таму за две недели.

Чучер Сандево толку било неатрактивно изгледа што ни СДСМ и ВМРО не кандидирале никој, победил некој независен.
 
Јас лично, и покрај падот на Гвујо сум скептик дека било кога ќе имаме нормална држава. Би сакал да мислам дека падот на Гвујо се должи на некакво освестување на овој голтарски народ, но многу поголема веројатност е дека се работи за чист опортунизам и потсвесна желба да не се биде на иста страна со губитникот.
Мислам дека овој народ нема супстанца, не произведува квалитет. Мислам дека немаме капацитет да имаме било каква држава, а камо ли силна и просперитетна. Би сакал да се лажам и иднината да ме демантира.
 
Ги гледам резултатите на страната на ДИК и се чудам ваков пораз никогаш ВМРО-ДПМНЕ од 1990 год. па наваму нема претрпено на ниту едни избори, а богами ваков тежок пораз дури ниту СДСМ немаат претрпено од 1990 год. па навака, дури и во најтешките времиња за СДСМ кога режимот на Н.Г. беше најсилен СДСМ си вадеа градоначалници во некои значајни општини како Струмица, Куманово, Охрид, Центар и др. значи сепак никогаш не биле на ова дереџе од ДПМНЕ !
Загубата на некои урбани општини во централното Скопско градско подрачје како Центар, Карпош па и Аеродром каде што претежно живее полиберален и поеманципиран народ беше сосема очекувано и нормално, но катастрофата за ДПМНЕ е тоа што загубија уште во 1 круг во своите повеќе децениски бастиони од периферијата на Скопје каде што традиционално живеат поконзервативни и десничарски гласачи општини како Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода, Гази Баба и.т.н.
Да е уште потрагична приказната ДПМНЕ ги изгуби и скоро сите рурални општини традиционално ВМРОвски ширум источна и централна Македонија, а пак во некои поголеми градски центри од внатрешноста на државава како Струмица, Охрид, Битола, Куманово и др. разликата е дури и 2:1 за СДСМ а тоа се големи градови/општини со по неколку десетици илјади гласачи, а толку тежок пораз и огромна разлика ... со вакви катастрофални резултати колку пратенички мандати би освоила ВМРО-ДПМНЕ доколку вчера имаше парламентарни избори ... 25-30 пратеника !
П.С. И после толку години/децении феудалните династии на Ѕинго во Кратово и на Амди Бајрам во Шутка вчера се срушија како кула од карти !
 
Последно уредено:
Струга која калкуларница е, за малце кандидатот на СДСМ не влегол у втор круг, сега у втор се двата коалициони партнери на Заев, ДУИ и Села, ќе има кланица таму за две недели.

Чучер Сандево толку било неатрактивно изгледа што ни СДСМ и ВМРО не кандидирале никој, победил некој независен.
Во Чучер Сандево мислам дека ВМРО го поддржа независниот кандидат.
 
Јас лично, и покрај падот на Гвујо сум скептик дека било кога ќе имаме нормална држава. Би сакал да мислам дека падот на Гвујо се должи на некакво освестување на овој голтарски народ, но многу поголема веројатност е дека се работи за чист опортунизам и потсвесна желба да не се биде на иста страна со губитникот.
Мислам дека овој народ нема супстанца, не произведува квалитет. Мислам дека немаме капацитет да имаме било каква држава, а камо ли силна и просперитетна. Би сакал да се лажам и иднината да ме демантира

Така и ќе биди и понатаму кој е малце понавлезен во структурите на овие новите ќе свати дека исти курац е јас одамна изгубив надеж во партијата.Јас партијата сега ја гледам како најлесен начин до пари не како некоја идеологија итн како шо ми беше порано мислењето.
 
ВМРО-ако не даде оставка Никола и ако члениците на таа партија не инстираат тој да замине ке го снајде СДСМ за долги години, кој сака нека каже овие резулати се револт врз лицата кој раководат со партијата, а мислам дека слаба опозиција без разлика на определеност не им одговара на никој од нас граѓаните, видовте што не снајде кога има слаба опозиција последните 10 години. Можеби нема да биде исто но но злоупотреба на власт и тоа како ке има кога и даваш тотална власт на едната партија
 
Така и ќе биди и понатаму кој е малце понавлезен во структурите на овие новите ќе свати дека исти курац е јас одамна изгубив надеж во партијата.Јас партијата сега ја гледам како најлесен начин до пари не како некоја идеологија итн како шо ми беше порано мислењето.

Не се работи воопшто за партиите. Се работи за менталитетот на овој народ. Се почнува со поединецот. Ние на ниво на единка немаме ниту морал ниту дисциплина. Ние сме дивјаци со генетски наследена свест за сиромаштија и преживување по секоја цена. Во едни такви услови, со таков менталитет, феноменот на груевизмот најде сосем плодно тло за развој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom