Ги гледам резултатите на страната на ДИК и се чудам ваков пораз никогаш ВМРО-ДПМНЕ од 1990 год. па наваму нема претрпено на ниту едни избори, а богами ваков тежок пораз дури ниту СДСМ немаат претрпено од 1990 год. па навака, дури и во најтешките времиња за СДСМ кога режимот на Н.Г. беше најсилен СДСМ си вадеа градоначалници во некои значајни општини како Струмица, Куманово, Охрид, Центар и др. значи сепак никогаш не биле на ова дереџе од ДПМНЕ !
Загубата на некои урбани општини во централното Скопско градско подрачје како Центар, Карпош па и Аеродром каде што претежно живее полиберален и поеманципиран народ беше сосема очекувано и нормално, но катастрофата за ДПМНЕ е тоа што загубија уште во 1 круг во своите повеќе децениски бастиони од периферијата на Скопје каде што традиционално живеат поконзервативни и десничарски гласачи општини како Ѓорче Петров, Бутел, Кисела Вода, Гази Баба и.т.н.
Да е уште потрагична приказната ДПМНЕ ги изгуби и скоро сите рурални општини традиционално ВМРОвски ширум источна и централна Македонија, а пак во некои поголеми градски центри од внатрешноста на државава како Струмица, Охрид, Битола, Куманово и др. разликата е дури и 2:1 за СДСМ а тоа се големи градови/општини со по неколку десетици илјади гласачи, а толку тежок пораз и огромна разлика ... со вакви катастрофални резултати колку пратенички мандати би освоила ВМРО-ДПМНЕ доколку вчера имаше парламентарни избори ... 25-30 пратеника !
П.С. И после толку години/децении феудалните династии на Ѕинго во Кратово и на Амди Бајрам во Шутка вчера се срушија како кула од карти !