Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 ноември 2013
Мислења
881
Поени од реакции
1.390
Пиши повеќе нешто, голем експерт си ти и добри мислења пишуваш. Кажи нешто повеќе за овој потоп, кажи за Аеродром, Битола, Прилеп, Скопје, Карпош, Велес, Охрид, или тука не живеат луѓе? Да не случајно мигранти гласале? Или можеби Албанците од Битола гласаа за Сдсм?
Не ги кревајте носовите и не отварајте усти.
Сакаш да ти кажам јас како се деси потопот?
Еве ке почнам лично од мојата фамилија , сите се ВМРО , сите до еден гласаа контра? Зошто ? Затоа што никој , апсолутно никој више не го сака ова ВМРО.Од 2011 маме ебаа.А знам многу такви..

Изгубија од тие што излагаа да гласаат ради реда.Сега гласаа против , со причина

И еве ти и последна , да стане јасно дека ниедни избори до сега не биле фер и демократски , па и овие на сдсм.Ке го напишам кратко , кој разбере , разбере и нема да коментирам за ова..
Еден човек - пет лични карти.(х?)
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не ги кревајте носовите и не отварајте усти.
Сакаш да ти кажам јас како се деси потопот?
Еве ке почнам лично од мојата фамилија , сите се ВМРО , сите до еден гласаа контра? Зошто ? Затоа што никој , апсолутно никој више не го сака ова ВМРО.Од 2011 маме ебаа.А знам многу такви..

Изгубија од тие што излагаа да гласаат ради реда.Сега гласаа против , со причина

И еве ти и последна , да стане јасно дека ниедни избори до сега не биле фер и демократски , па и овие на сдсм.Ке го напишам кратко , кој разбере , разбере и нема да коментирам за ова..
Еден човек - пет лични карти.(х?)
Кој го крева носот, му пишувам на тој затоа што тој го креваше носот. Тој глумеше нешто паметен па затоа го прашав да пише нешто повеќе. За гласовите вчера јасно ни е на сите дека вморовците си седеле дома по папучи.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.192
Поени од реакции
8.394
Во Гостивар Алијанса на Албанците имале два кандидати или мене ми бега нешто во ситуацијава? Ги гледам Шпат Исеини и министерот за здравство Таравари. Што е финтава не сфаќам?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
За бројката беше зборо. Ако не оди нагоре... следува пораз на следни избори. Мислиш дека луѓето за љубов гласаат? „Ухлебљење“ бараат. Ама не во погон или на нива, ами в канцеларија, со парно, греалка... Неработлив народ сме ние.
ти си таков?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.534
Поени од реакции
43.063
Види го бре Џонка, се прави генерал после војна :facepalm:. Никој, ама баш никој не очекуваше ваков дебакл на ДПМНЕ во Скопскиот регион, кој би помислил дека СДСМ би тепале во еден Бутел, Ѓорче, Аеродром кои се бастиони на ВМРО уште од памтивек. Еве ги читаш и овие тука на Кајганава дека се изненадени од резултатите, само Гази Баба им остана.
Кој бе не се очекуваше, за сите што ги наброја изненадување е само Кисела Вода, за сите други општини, односно Бутел и Гази Баба се знаеше дека ќе биде тесно со голем простор и таму да го јаде дпмне, за Аеродром одамна веќе на залижаниот му е пишана рецка, и парламентарните тоа го потврдија, a за Ѓорче се реализираа најавите уште месеци пред избори.

ДПМНЕ одржувањето на своето гласачко тело го базираше на два клучни елементи, медиумската пропаганда и ширењето на страв меѓу народот, нарочито на гласачите надвор од Скопје каде најлесно можеше да се врши контрола врз гласачкото тело и притисок.
Му пишав пред некој ден тука на Ѓорѓи за медиумите, каква само разлика им се издеси после парламентарни откако овие 2 елементи веќе не беа на нивна страна, али секако ни јас не очекував низ цела Македонија вакви да се резултатите иако пишував дека дигресијата кај нивните гласачи под дифолт ке се случува, и тој тренд ќе продолжи и во иднина да оди надоле Се додека од корен не се сменат работите кај нив ко што беше после Љубчо.

СДСМ 408398
ВМРО 327163

A на Парламентарните во Декември 2016

Вмро 454.577
Сдсм 436.981

хаусофкардс им направија у последниве 10 месеци, дпмне изгубија скоро 130 000 гласови во период од нецела година a грујо сеуште нема намера да поднесе оставка и да го снема од политичката сцена : )))
Полека се создаваат услови лагано да се почнува апсот на високи функционери на ДПМНЕ, иако на сдсм моментално им одговара овие незналици да останат у партија уште многу долго.
Искрено се надевам дека нови времиња доаѓаат у Македонија, алудирам на народот, ако продолжиме со толеранцијата ко што правевме 10 години под капата на дпмне, не заслужуваме да постоиме, моменталнава власт сега за сега никого не замолчуваше, подложни се на критика константно, од медиуми до обична раја, тој простор не смеат да го гушат, сеуште им е лабилно гласачкото тело така да памет у глава, ваков ветер у грб мора да го искористат за општо добро, а не за партиско.

До сега најголем фејл им е, нешто што редовниве критичари тука едвај го спомнуваат, а у пакет со нив и дпмне, ТРАВАРИ, да го поставиш за министер во таков комплексен сектор, можеби и најтежок за менаџирање, каде Тодороф матер му изнаеба, и после некој месец истиот приоритетно да му е местото градоначалник у Гостивар, и кампања у околните села ... епа не иде вака момци, имаат среќа што дпмне идиотите allin-oт на критики го насочија кон непостоечки работи, мигрантите, тоа им беше стратегијата пред избори за штета кон сдсм и придобивање на гласови, МИГРАНТИТЕ и организирањето на референдуми, наместо да се насочат кон реалните проблеми и пропусти, на вакви пенали ко ова со Травари.

Дај нека се реформираат што поскоро, веќе никој не ги сфаќа сериозно, утре стварно ќе посочат некој проблем и ќе бидат изигнорирани од што се мртви и небитни.
Очајно на земјава и фали јака опозиција, што константно ќе им дише у врат на овие од власт, а не моронска опозиција што уште се понаша ко коа беа на власт, самобендисано и егоманијакално, живеат у некој нивни измислен свет и притоа не сфаќаат дека нивното малокурско лидерче максимално ги искористува само за да не иде у затвор, нешто што на грујо му е приоритет, одамна е јасно дека него кур го болело за Македонија.

p.s. Дудлањето амерички курац на балканов од увек се исплатело, ова ви е уште еден пример за самобендисаноста на грујо и дпмне, у измислениот свет во кој егзистираат мислеа дека можат и против тоа .... :pos:
 
Последно уредено:

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.258
Поени од реакции
6.888
Кавадарци бе брат шо народ живее у тој град. Ебеното Кратово и Гази Баба ги доби сдс, а Кавадарци втор кеуг, а и каде со оној Китев никаква харизма нема.
Било кој рандом човек од улица да ставеа ќе добиеа, вака Заев треба да се пазари со Митко Јанчев
Колку глупости истресе у еден пост.. :D Прво,кој и да избереа од ВМРО у Кавадарци ќе изгубеа УБЕДЛИВО уште у прв круг. Митко Јанчев е газда на Кожувчанка,типот реално има направено некои работи за градот-настрана тоа колку има земено,па голем дел од луѓето затоа го гласаа. Ја мислам ИСКРЕНО дека Бетиан е у топ 5 кандидати за градоначалници у Македонија. 10 пати е поначитан од Јанчев,ама овој го има селскиот жаргон шо за жал сеуште пали кај нас. Инаку,како што реков,не дека Јанчев е лош,далеку од тоа...Многу има направено за градот,доколку беше независен голема беше веројатноста да добие ама ете...у втор круг мислам дека ќе добие Бетиан. Инаку у Кавадарци на советничките листи ВМРО освоија околу 1500-2000 гласа помалце од СДСМ
 
A

Avenger99

Гостин
Од сите општони, најголема предност бандитиве имаат во Кавадарци, еј мое Кавадарци да стане бастион на кретениве.

Ама има тука една цака, Мито не е партиски кандидат туку прагматичен бизнисмен со јак бизнис и сигурно он нема едини во цела Македонија да изиграва некаков отпор кон новата централна и локална власт.
Како е во советот во Кавадарци?
 
Ф

Флеш

Гостин
УСПЕШЕН КРАЈ НА ПОЛИТИЧКИОТ ИНЖЕНЕРИНГ

Да, да, тоа синоќа што се случи не е ништо друго освен успешен крај на политичкиот инженеринг. За сценаристот, режисерот, шминкерот, светло и тон мајсторот... и што е најважно - за актерите што успешно ја одиграа својата улога во овој проект!
Единствени поразени и оставени со подзината уста се само македонскиот народ и Република Македонија!
И сега веднаш ќе речат: „Аааа, Бобан сака да го правда и вади ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за големиот пораз и сега влегува во филм“!
Не!
А, знаете зошто?
Бидејќи главниот виновник за успешно спроведениот инженеринг е Никола Груевски! Свесно или несвесно, тој си знае, но се надевам иднината ќе ни го даде барем тој одговор.

Тој дозволи целата оваа психолошко-агентурна операција да се одвива изминатите три години, без ниту еднаш да се обиде да одигра нешто контра сценариото на оној што го напишал, ниту да одигра нешто свое, наспроти насоките од режисерот. Одбра сервилност, се разбира со цел да ја спаси својата слобода (вели и да ја спаси Македонија од сириско сценарио, но тоа нема никогаш да дознаеме дали навистина е така), а се му се врати најлошо, бидејќи го изгуби најсилниот адут - НАРОДОТ!
Сега веќе ќе ја нема мантрата; „Со нас е народот, мнозинството народ“!
Избиен е и тој адут на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и сега е се подготвено за негов недостоен политички погреб, како и на целото раководство, Извршен и Централен одбор на партијата и воопшто на сите структури во „Белата куќа“ во центарот на Скопје.

А, инженерингот... Па, тоа не е целата операција околу денот на изборите (гласањето), ниту потпишувањето на записниците од изборните комисии (клучниот дел за правење на разлика во гласови на последните девет изборни циклуси, што го потврдува и ново-вмровскиот бојовник Палевски).
Инженерингот е од мајските избори во 2014 година и се што следеше оттогаш:
- Закани и уцени во премиерски кабинет со нереагирање на тогашните власти;
- Објавување на т.н. „бомби“ од телефонски разговори со нереагирање на тогашните власти;
- Седнување на преговори и прифаќање на сите барања на сценаристот и режисерот со Пржино 1 и 2 (тогаш во Брисел ми кажуваа за Специјално обвинителство како нивен обид за притисок, а на крај ВМРО-ДПМНЕ го прифати истото без поговор и со тоа си стави крај на политичките амбиции, но и на надежите за лична слобода на поединци!);
- Откажување од премиерска фотелја и предавање на клучни министерства (широка Влада);
- Дозволување „шарени“ револуции со сквернавење на споменици и на државни објекти без никаква реакција на органите на редот;
- Откажување од национална (или националистичка, сеедно) реторика и делување;
- Согласност од национален лидер Груевски самиот да се сведе на политичар за поткусурување и дневно малтретирање;
- Опкружување со „да, шефе“ полтрони и гмизавци и со медиумски „аналитичари“ и политички „експерти“ кои се шљам во македонското општество и негативци кои (како што вели Трендо) дури и бумеранг да фрлат, истиот нема да им се врати;
- „Заборавање“ на македонскиот народ (Македонците) и обраќање кон „граѓаните“, иако отсекогаш само Македонци, а не „граѓани“ гласале за национална партија како ВМРО (Внатрешно македонска револуционерна организација) ДПМНЕ (Демократска партија за МАКЕДОНСКО национално единство);
- Согласност да се признае првиот изборен инженернг на самиот ден (11.12.2016), па сега веќе е доцна за жалопојки (кои звучат како „успаванка за Радмилу М.);
- „Збунетоста“ при собраниските настани од 27 април годинава, откога ВМРО и дефинитивно се прости со патриотизмот и со патриотите, но и дозвола пред очи да им се формираат квази-патриотски организации под контрола на Верушевски (кои со своите настапи и дејанија целосно ги збунија искрените и чесни Македонци-патриоти)...

И така натака и така натака... Многу се примерите.

Купувањето на гласовите на социјално-ранливите категории во македонското општество и на гласовите на помалите етнички заедници (пред се на Ромите), како и купувањето на изборните комисии и набљудувачи на самите изборни места е завршниот чин. Како на ланските парламентарни избори на 11-ти декември, така и на овие локални избори.
А, тој дел со купување, сценаристот и режисерот го научија токму од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ги научи сите овие гореспоменати „гласачи“ да не ни помислуваат да го остварат своето гласачко право без некој претходно финансиски да ги стимулира да го сторат тоа. Плафонот на ВМРО, а и реално и на СДС, се 305 илјади гласови (со толку ВМРО победи на изборите во 2006 година). Се друго се добива со пари!
Па, ако на пример гласовите на Ромите на битолскиот Баир до ланските парламентарни избори топ-тан чинеа 200 илјади евра, сега сценаристот и режисерот на инженерингот со многу странски пари (до 11-ти декември), а со парите од државниот буџет на Македонија (за локалните избори), ги купуваа десеткратно повеќе (два милиони евра!).
„Се што не може с’с пари, може с’с многу пари!“ - велат кај нашиот источен сосед.
Само што во контингентот, сценаристот и режисерот сега великодушно си купуваа и гласови на Албанци (и на 11-ти декември 2016 година и сега), со тоа што таму процесот на купопродажба се одвиваше преку џамиите (затоа и во врвот на СДС се инкорпорирани двајца оџи: Мухи и Рамадани).

Надежта (нечија) за новото, граѓанско ВМРО-ДПМНЕ со професорот Христијан Мицкоски како негов можен иден предводник, исто така заврши синоќа. Човекот кој навистина единствено се појави како нов лик и силно промовиран од Груевски во врвот на партијата, изненадувачки беше промовиран во генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ (иако планиран за иден лидер на граѓанското и за меѓународната прифатливо ВМРО) пред изборите и уште поизненадувачки - за предводник на листата за советници во Град Скопје.
И како заврши Христијан Мицкоски?
Листата на ВМРО-ДПМНЕ што тој ја предводеше освои 22 илјади гласа помалку од онаа на СДС (87 илјади наспроти 109 илјади). Што ќе рече, проф. Мицкоски имаше најкраткотрајна политичка кариера во македонската историја. Од синоќа од 19 часот, па до пребројувањето на гласовите (до кај 23 часот) траеше политичката кариера на Христијан Мицкоски, односно нецели четири часа издржа во политиката еден од ретките (ако не и единствен) нови ликови за „новото ВМРО“, пред да биде пуштен низ вода.
За најдобро да се разбере, проф. Христијан Мицкоски како политичар издржа помалку отколку џандарот Оливер Андонов како министер за внатрешни работи (меѓу Пржино 1 и 2, џандарот беше министер цели 13 часа!). Ова политичко капење и удавување во капка вода, професорот не го заслужи, односно не смееше да дозволи да му се случи!

Секој обид за негово перење и премолчен обид да се инсталира по секоја цена за претседател на (за меѓународната) послушната ВМРО-ДПМНЕ ќе биде обманување на членството, симпатизерите и воопшто на јавноста. Најголемиот пораз (во разлика во гласови), ВМРО на овие избори го доживеа во Град Скопје, а предводник на листата за советници беше Христијан Мицкоски. Тој е генерален секретар (втор човек) на партијата што е поразена со околу 80 илјади гласови разлика на овие окални избори (ВМРО-ДПМНЕ освои 370 илјади, а СДС - 450 илјади гласови).
Тоа ни Вардар, ни Дунав, ни Дњепар не ќе можат да го исперат!

Сега на ВМРО-ДПМНЕ не му преостанува ништо друго, освен со брзина да влезе во остар свиок назад (полукружно политичко-идеолошко вртење) и да се врати на национализмот, патриотизмот, стратешка неутралност на Македонија во однос на гео-политиката на просторот, тврдо бранење на Македонизмот (македонското име, историја, култура, традиција, јазик) итн.
Да, може така да го снајде судбината на Радикалната партија на Шешељ во Србија (да биде партија на маргините, но присутна и во парламентот и на локално ниво), но се друго, што значи продолжена снисходливост и сервилност кон меѓународната, ќе значи дотолчување на ВМРО-ДПМНЕ и судбината на ПАСОК во Грција (исчезнување од политичката сцена!).
За ова да се оствари и ВМРО-ДПМНЕ да може да преживее, партијата ќе мора да се рестартира и врати на основите, да се врати на базата, да се обнови околу основачите (исконските вмровци), а не околу актуелното раководство (и поединци од истото), Извршен и Централен одбор (и поединци од истите) со се сателитите околу себе, ниту со т.н. реформатори (под контрола и финансирани од меѓународната, т.е. од сценаристот и режисерот на македонскиот политички инженеринг).
Бидејќи, ако и овој про-македонски политички простор се остави празен, ќе го пополни некој друг, под контрола на сценаристот и режисерот или на Москва, тоа секако.

И, да, ќе ми речат: „Да бе, лесно ти е тебе сето ова да го коментираш, од страна. Дојди пробај ти така да одиграш!“.
Но, како новинар со 18-годишно искуство во оваа работа, дипломиран новинар и магистер по менаџирање на медиуми, јас и не знам поинаку (можеби сум немал можност или храброст да влезам директно во политика). Освен на овој начин, новинарски и од страна да ги коментирам случувањата, но и да укажувам на можни последици со антиципирање на идни настани (не заборавајте, ЈАС го „предвидов“ целиот инженеринг што се случува последниве години, со се она што им се случува на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски), јас не знам поинаку.

Ќе ми речат и: „Аха, сега сите сте генерали после војна“.
Но, пред избориве, сето ова погоре, со огромна доза на сериозност и увереност, го најавував и во разговори со пријатели (лично, но и во ФБ-пораки), но не сакав да го објавам/напишам јавно пред изборите со цел да не нанесам штета на ЕДИНСТВЕНАТА македонска опција што им се понуди на граѓаните. Многумина можат да потврдат дека им велев: „Абе со вмровска власт ги украдоа ланските парламентарни избори. Сега ќе ги згазат!“. Иако, морам да признаам дека уверувањата од некои вмровци од актуелното раководство на партијата за изборна победа на локалните, романтично ме зафати и мене последните денови, па очекував (се надевав) на барем неречен исход на локалните.

А, можев и сето ова да не го напишам и да си останам во добри односи со „некого“ и да не ми замерат „некои“ поради кои неретко ги бришев моите ФБ-статуси со реална и прецизна анализа и очекување за тоа што не очекува, нели?
Да, можев, ама ме боли. Многу ме боли!
Не за некоја политичка партија (никогаш не сум бил член на ниту една), ниту за некои политичари, лидери, аналитичари, експерти...
Ме боли за нашите предци, за нашата богата историја, традиција и култура, ме боли за моето дете и за македонската младина...
Ме боли, затоа што следува брзо гаснење на Македонизмот (топење и уривање на споменици, затворање на музеи за македонската историја, преименување на аеродроми и улици што носат имиња на ликови од богатото македонско минато, менување на име, откажување од македонски јазик...)!

Кој може ќе се спасува како знае, но Македонија и Македонците ги оставивме како детенце на педофили, како кротко јагне на месождери и сега ќе следува нивно парчосување!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.933
Поени од реакции
15.953
Не ги кревајте носовите и не отварајте усти.
Сакаш да ти кажам јас како се деси потопот?
Еве ке почнам лично од мојата фамилија , сите се ВМРО , сите до еден гласаа контра? Зошто ? Затоа што никој , апсолутно никој више не го сака ова ВМРО.Од 2011 маме ебаа.А знам многу такви..

Изгубија од тие што излагаа да гласаат ради реда.Сега гласаа против , со причина

И еве ти и последна , да стане јасно дека ниедни избори до сега не биле фер и демократски , па и овие на сдсм.Ке го напишам кратко , кој разбере , разбере и нема да коментирам за ова..
Еден човек - пет лични карти.(х?)
друго не ми е јасно, Пржински договор опозицијата да има министер на МВР беше само за парламентарни избори или само за тие парламентарни избори 2016 ???
Како тоа од 2007 председател на ДИК е само од сдсм ??
Од јуни до септември се иселиле 31000 луѓе а избирачки список поголем од тој што самиот сдсм го нарече полн со фантоми...
Симпотоматично е дека опозицијата молчеше за овие конкретни работи сите овие месеци, се замајуваа со глупости ... тоа НЕ е случајно, времето ќе покаже...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.390
Поени од реакции
36.323
Ќе биде интересно да се види дали наредна година ќе има предвремени парламентарни избори.

Прво, моменталната владина коалиција е многу климава со две ривалски албански партии и тенко мнозинство со кое тешко може да се спроведат сериозни реформи.

Второ, од избориве е јасно дека моменталниот парламентарен состав не ја изразува волјата на граѓаните.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.090
Поени од реакции
81.027
Никој, ама баш никој не очекуваше ваков дебакл на ДПМНЕ во Скопскиот регион, кој би помислил дека СДСМ би тепале во еден Бутел, Ѓорче, Аеродром кои се бастиони на ВМРО уште од памтивек. Еве ги читаш и овие тука на Кајганава дека се изненадени од резултатите,
Ja oчекував:
Не вртоглаво, ама полека партијата, од сега па натааму, ќе тоне. Таа, кај одреден слој на населението стана синоним за криминално владеење и лично богатење, на сметка на народот и државата. Никад пак нема да има ни приближно такви резултати на изборите кои следат низ наредните години. Сега, ќе ги изгубат сите важни општини, на локалните. А Влатко ќе го гледаме како егзалтирано прокламира победа во Дељадровце, Свирипичино и Бел Камен.

Единствен спас, на средни патеки, гледам во победа на реформаторската опција и ново раководство без голем багаж, кое ќе има простор да се огради од постапките на старото и ќе може да поентира на повеќе точки, во меѓупартската војна.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Како е во советот во Кавадарци?
СДСМ има повеќе гласови но ГРОМ има посебна листа, ВМРО и ГРОМ заедно имаат повеќе од СДСМ.

Иначе ГРОМ во Кавадарци е Панчо Минов, човек што има променето едно 50 партии така да со него ништо не е сигурно.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
На кој му се битни бре мислењата на овај Нонквич. Како пи*ки ќутеа цело време. Па сега оддеднаш какп најголеми критичари на Груевски. Колку шо е Гвујо крив за падот на дпмне, толку се и овие квази колyмнисти. Да изнесуваше ставови на време, Дпмне немаше да дојди до ова дереџе.
@Vori
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.933
Поени од реакции
15.953
Ќе биде интересно да се види дали наредна година ќе има предвремени парламентарни избори.

Прво, моменталната владина коалиција е многу климава со две ривалски албански партии и тенко мнозинство со кое тешко може да се спроведат сериозни реформи.

Второ, од избориве е јасно дека моменталниот парламентарен состав не ја изразува волјата на граѓаните.
дали брдото ќе дозволи силна македонска владина коалиција ?? ете нека се јават пола пратеници од дпмне да преминат во сдсм НЕМА да смее сдсм да ги прими, нема дозвола од бејли...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не е проблемот во тоа дека недвосмислено е јасно за кого гласал туку проблемот е во тоа што е можно таквото гласање да е од причина што гласачот е поткупен или уценет а по тоа што има заокружено на двете страни може да се идентификува неговото ливче т.е. оној кој го поткупил да има доказ дека овој стварно гласал за него. Исто како некој наместо со круг бројката да ја означи со тријаголник.
Доволно е две да се такви.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom