Секако дека не, треба да се знае колку албански гласа има
Да ставеа поасални луѓе за советот, можеби за малку ќе победевме за градоначалник, па уште и сакаа да го стават носителот за кандидат за градоначалник, еј ќе изгубевме со 2-3 спрема еден,
среќа што градоначалникот беше поасален па нема многу разлика.
Кога ги видов резултатите од излезноста, си мислев дека е гласачкото тело на СДСМ, ама се покажа обратно, тие 10-тина проценти излезе дека се за ВМРО (10% во вкупна бројка е 180к гласачи).
Сега по оставката по вториот круг (сакал неќел мора да ја даде) очекувам и локалците малку да се размрдаат, па за некоја година да победиме на избори,
ветувањата што ги даде СДСМ се големи и очекувањата се големи, па затоа мислам дека голем дел нема да се исполнат, ќе има разочарување, ама сепак да видеме, па за 4 години пак да дискутираме кој што направил.