1. немој никогаш да се смеете дека некој ќе лета од работа (без разлика на која партија припаѓа) ... можеби и најверојатно е некој кој зема минималец,а има дома еден куп кредити на глава (тоа е мкд реалност)
2. џабе се препукавате вмро-сдсм кога секоја промена е природна појава, особено после 10-11 години власт.
грешката на грујо е што мислеше дека е незаменлив, не го слушаше ни своето членство... камоли луѓе од страна.
веднаш после бомбите требаше да се повлечи од сите фунции во партијата и да ја реформира, а не да ја предава власта со пржински договори од кои ќар реално имаат само албанците.
многу али МНОГУ во слободниот пад кој се случи денес придонесоа и
- директорчињата кои беа незаменливи и имаа по 2-3 мандати зад себе (ги шетаа само од една во друга институција/фирма, демек многу способни), како и
- незадоволното членство бидејќи некој да го влечкаш 10 години по митинзи и да не му вработиш никој од фамилија, а на негово место да вработиш некој син/ќерка на транзициска гнида од сдсм (која затворила некоја фабрика па има пари на сметка колку не може да доброи)
- обичниот народ кој гледа разни проекти како скопје 2014 (кој во целост не беше лош, ако се тргнат на страна криминалите кои се исподесија) и слични на нив, а дома има по 2-3 неплатени сметки за струја и извршители на глава.
3. на зајко и такви како него што насекаде ветиле сè што стигнале не се радувајте... бугарите ни ја преправаат веќе историјата (дури си ги вадиме тука на форум очите), грците ќе ни го сменат името, албанците и понатаму ќе изиграваат жртви... и на крај ќе останеме во сопствената држава малцинство (за некои 5-10 години, погледнете ја само демографијата и кои се движењата таму, па ќе ви бидат јасни некои работи)
во овие 10-11 години имаше и добри потези, државнички... но единствениот потег или режим беше груевизмот, а не самиот груевски како личност...
мислењето дека си недостижен, дека никој ништо не ти може и прави што сакаш.
македончиња сме, немој да мислите дека зајакот или било кој друг ќе биде нешто подобар бидејќи од овај народ не очекувам ништо повеќе особено не самосвест за да може некого да казнува или корегира веднаш откако ќе направи некоја грешка (без разлика дали се работи за локален функционер, директор, пратеник или пак министер...)
во меѓувреме албанецот на тацна ја има веќе голема албанија, како и да свртите после 20 и кусур години независност доаѓаме во ситуација да изгубиме скоро сè и тука нема вина во грујо или зајакот туку во СИТЕ македонски влади до сега... (да не отворам ни теми како измислената војна во 2001 и рамковниот предавнички договор потпишан не од народ туку од лидери на партии...)
гледајте да имате леб на маса дома, а не дали и колку на некого ќе му ги извадите очите оти е од другата политичка опција.
на самите избори имаше апсолутно КАТАСТРОФАЛЕН предлог кадар и од едната и од другата страна, така да не очекувајте брда и долини без разлика кој е на власт (грујо/зајакот... исти курац, одамна ја изгубиле македонштината во себе).