Сега детално ќе ти објаснам и за ова и за оригиналното прашање.
1.Такви работи ретко, екстремно ретко се случуваат, и не треба да платиш ништо, туку демек си во минус ако сакаш да продолжиш да тргуваш. Јас знам само податоци за FX Lider, тоест они ти покриваат до минус од 2500 евра, и ако си во минус 3000 демек треба да додадеш 500 за да дојдеш до 0. Глупости, или отвори акаунт на друго име или смени брокер, ама немој никако да се лажеш или да веруваш некому дека тоа мора да го платиш.
2. Начин да се заштитиш...види, освен ако не тргуваш некој работи као јужно афричка валута и сл, тоа нема да се случи, затоа велам ретко е, плус за да дојдеш до толкав минус треба бајаги голема позиција да имаш отворено, така да не бери гајле.
3. Стоп Лосот да не се активира, тоа е само фикција, јас до сега не сум сретнал таков случај, а имам работено во брокерски куќи и познавам луѓе од индустријата, тоа не се случува. Едино може геп преку викенд, ама и тоа се нема десено (пример цел јапански континент да го снема за 4 саата) или пак ако има голема волатилност стоп лосот при оригинално отварање на тикетот да не ти биде поставен на местото каде си сакал...се ова се работи за професионалци за кои навистина не треба да се замараш толку.
4. Другата страна од трансакцијата...да, само што 90% сум сигурен дека тргуваш со market maker акаунт, така да, брокерот како кладилница секад ти ја зема другата страна од трансакцијата. А и да е ECN, тогаш ти е исто кладилница на глобално ниво, уште поголема шанса некој да сака да ги купи твоите австралиски долари во замена за канадски долари итн.
P.s: пак ќе кажам, фрката е да креираш и спроведеш солидна стратегија, овие техникалии се решаваат.
Со среќа.