Греење со пелети

  • Креатор на темата Креатор на темата bakigvg
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да не има случајно камин на пелити „Тhermoflux minitherm 8kw“ ?
 
Tim sistems e mojata pecka ritium 7 ctp.. inace da se gasi koga ke postigne i duva toplo
 
Дали има некој од форумов лично искуство со комбинирана печка со котел од Копер Беарит 15 кв да ми каже дали е задоволен ?
 
Земавме 150 вреќи 15кг српски пелети А2 за 180ден парче прва зима е колку и како ќе се грееме појма немам. Ваљда ќе бидат доволни. Инаку има некој искуство со докуп за време на грејна сезона...цени? Лани имало проблеми прочитав. За квалитет некои викаат имало врска некои некои не...пепел имало повеќе а за калориска разлика незнам.
 
Последно уредено:

Која печка имаш и како си задоволен, треба да купам наскоро па секој совет е добредојден.
 
Незнам, не сме ја уклучиле уште нова е. Инаку е Екоспар Аурига 25кв со котел за парно. Прва грејна сезона...
 
Тоа е веќе котел, а не печка.

Да беше помеѓу 12 и 15 киловати ќе ти кажев дека ќе троши околу 1 ипол вреќа на 10 часа, односно 2 вреќи на 14 часа - толку троши мојот котел од 12 киловати во деновите кога е најстудено во јануари и февруари, во тие денови го оставам вклучен од 9 или 10 часот наутро до 24 часот на полноќ.

Но бидејќи твојот котел е со моќност од 25 киловати, не можам да ти дадам потврдена бројка.
 
Незнам која точно површина грееш но претпоставува окулу 80м2. Ние планираме 40-100м2 од 8-14часа за мак 100м2 и 14часа според кажување во најладно и ок изолација и столарија 2-3 вреќи. Барем мислам дека е тој есап...инаку 25кв е земено за 150м2 од кои 50м2 не планираме оваа зима да грееме.Искуство лично немам...Инаку е куќно парно.
 
Така е, 12 до 15 киловати за простор до 100 метри квадратни, а 25 киловати се за простор до 180 метри квадратни.

Одлично ќе ти заврши работа, само ќе треба редовно да го чистиш и да го одржуваш, исто како што правам и јас со мојот котел.
 
Инаку сега треба да дојде сервисерот да ја среди електрониката. Печката е во подрум и сакаме со термостат во дневната горе да ја поврземе. Инаку колку често се чисти? За оџакот викнавме летоска оџачари. И нешто ми спомнаа сетирање за пелети тип?
 
Е па секогаш кога ќе ставаш пелети - а тоа вообичаено е на дневна база, барем 1 вреќа дневно - ќе треба да ги чистиш и пепелниците во каминот.

А за оџакот не знам, кај мене дома користиме хоризонтални издувни цевки - или ќунци како што ги нарекуваме на народен јазик, кои ги исфрлуваат издувните гасови директно надвор без оџак, ги демонтираме и ги чистиме еднаш на 5 или 6 недели.

Сигурно кај тебе дома оџачарот подобро ја владее проблематиката со пепелта која останува од котлите на пелети, ќе биде ептен баксуз да испадне ова да му биде прв оџак кој го чистел, а да бил поврзан со котел на пелети наместо со класичен котел на дрва.

Исто така еднаш годишно треба да се отвори котелот и да се исчистат внатрешните цевки низ кои излегува чадот, бидејќи вообичаено од чадот останува пепел. Минатава зима видов во Меркур котел од Еко Шпар со заштрафен отвор во каминот, за кој во упатството пишува дека треба да се отвори за да се исчисти таа пепел која останала во внатрешните цевки низ кои излегува чадот. Ако и твојот котел го има тој заштрафен отвор - може да се види, а треба да пишува и во упатството, тогаш чистењето и одржувањето на котелот ќе ти поминува како вода.
 
Последно уредено:
Е па секогаш кога ќе ставаш пелети - а тоа вообичаено е на дневна база, барем 1 вреќа дневно - ќе треба да ги чистиш и пепелниците во каминот.

А за оџакот не знам, кај мене дома користиме хоризонтални издувни цевки - или ќунци како што ги нарекуваме на народен јазик, ги демонтираме и ги чистиме еднаш на 5 или 6 недели.

Сигурно кај тебе дома оџачарот подобро ја владее проблематиката со пепелта која останува од котлите на пелети, ќе биде ептен баксуз да испадне ова да му биде прв оџак кој го чистел, а да бил поврзан со котел на пелети наместо со класичен котел на дрва.
Кај мене има 1.5м вертикален ќунак со зглобови од печката во него и од него во оџакот. Оџакот ми рекоа еднаш годишно да го чистам. Оџачарите беа професионални фирма итн. За издувната цевка ваљда и таа еднаш годишно? Или почесто треба? Вертикална е...
 
Не можам да ти одговорам на тоа прашање, кај мене ќунците се хоризонтални и ги демонтираме и ги чистиме еднаш на 5 или 6 недели, претпоставувам дека кај тебе бидејќи имаш оџак нема за толку кратко време да се насобере пепел во ќункот.
 
Кај мене има 1.5м вертикален ќунак со зглобови од печката во него и од него во оџакот. Оџакот ми рекоа еднаш годишно да го чистам. Оџачарите беа професионални фирма итн. За издувната цевка ваљда и таа еднаш годишно? Или почесто треба? Вертикална е...

Јас имам АлфаПлам Гранде
Оџак не сум имал потреба да чистам...оваа година ќе ми биде 3.
Предходните две години потрошувачка 5 тони по сезона...24/7 ми беше на 23 степени.
Оваа година го изолирав внатрешно единствениот ѕид кој што не беше изолиран и токму тој беше во дневна токму таму каде ја регулирам температурата со бежичен термостат. Се надевам дека оваа година малку ќе намалам....

Што се однесува до чистењето....Усисување овој период каде е малку потопло па не се вклучува толку котелот (не пааѓа под 23) усисувам еднаш неделно.
Во ладниот период на 3 дена...но сето тоа зависи од видот и квалитетот на пелетите.
Од погорните постови гледам си зел А2 пелети...тоа е 2ра класа пелет така да препорачливо е да го проверуваш пепелот почесто за да знаеш од прилика како ќе ти се полни со пепел котелот.

Гледајте пелетите да се БУКОВИ....во што поголем процент.
Бегајте од БиоЕнерџи....или барем јас бегам.
 
Колку м2 грееш? Инаку букови се ама БиоЕнерџи...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom