Брат, потрошен материјал на дпмне, ги пуштија таму да потонат и да глумат патриоти, тоа не значи дека треба еден за да се покаже муда да биде осуден на 4 години затвор. Кога дедото со ќебапите го осудија на затвор сите бевме запрепастени а сеа зошто ја завлекол Шекеринска тоа било оправдано, пошто скокал кај што не му е место.
Нема врска ова со реваншизам, зашто суд го осуди, не сдсм, они немаат моќ врз нашево судство, бар не сеуште, истото ти е инсталирано и апдејтирано у ерата на дпмне, овие што сега се на власт сеуште немаат пуштено асално пипци у нашево судство реални да бидеме, Сеад Кочан ти е класичен пример за ова, и ред други примери каде само се одзимаа пасоши а не се притвараа луѓе.
Башка, законот е таков нема што тука да се реваншираш, што очекуваш ти кога некој си го признал злоделото, направено во Собрание на РМ, требал да мисли овој на време, прво што влегол у Собрание, а потоа и што нападнал пратеник во истото пред 1000 камери.
Игор Југ ке го јаде минимум дупло, допрва треба да се дефинираат работите што се десија у собранието, вчера мислам дека се праеше реконструкција, тука се и тие што ја отворија вратата а се заштитени со пратенички имунитет, тие што го млатеа Села на пример ке одговараат за убиство и допрва ќе им се суди.
А за тој со ќебапите е трагикомично освен ако и претходно не е осудуван, и секако не може да се споредува со ова, не праиме муабет за повлекување за коса на улица, туку у Собрание на РМ, овој тука низа закони прекршил, а не само условно речено, физичкиот напад, така да све му е земено у предвид иако и според мене, можеле условно да го репнат.
Апсурдно е што од 100 луѓе што влегоа внатре, дел што се теретат и за убиство у обид, овој прв да го јаде : ))), али јебига, не ми е ама ич жал, ова е само показател што ги чека останатите чим овој 4 години е репнат, тек сеа ќе почнат да се тресат и пењават и да кукаат за амнестии кај иванов кога видоа стариов колку го јадеше.