Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сметало сум знам, одамна ми е јасно тоа. Ама види, тоа нема да го смени фактот дека си глупав мутант. Ако се тешиш така тогаш во ред, ама џабе ти е, не се менува глупавоста ниту па шестиот прст ќе ти го снема.
Напиј се млекце и на спиење.[DOUBLEPOST=1507411042][/DOUBLEPOST]
Кој може да им нареди на судии избрани од ДПМНЕ, судии на место, со итегритет, достоинство, судии на кои уставот и законот им се пред се...?
Како што видовме многу наредби. Вклучително и за состав на владата.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Дојде време на невидена мизерија, полошо и од Автократијата...ај што се замолчаа сончогледите од К5, ама сериозни новинари замолчаа ( Зеколи) а Кежо отиде во Германија...
Штипе за очи од претеризам, да не се има ни грам достоинство, дојде време еден кадровик од удбашки тип да ја злоупотреби МВР по втор пат, сега тотално..
Ќе помине време се ќе се увиди, но кога ќе се изгуби идентитетот и ќе се потчини мнозинството на малцинството ќе биде ДОЦНА.....
Зошто збориш така убаво си оди работата бе нели 11 години (2006-2017) имаше диктатура, недемократија, автократија, едноумие, режим, партиски вработувања (99% само на ДПМНЕовци), криминал, непотизам, изолација на државата, национализам, местење тендери, корупција, нелегално прислушкување преку ДБК службата, политички затвореници, изборни местенки/фалсификати, купување на гласачи, притисоци врз администрацијата да се зачленуваат, митингашат и гласаат за ДПМНЕ и.т.н. и.т.н. епа ете сега дојде правдата, демократијата и слободата ... нека осети малку народецот и СДСМовска чизма колку за промена и нека се потсети народот на 90те години од минатиот век кога секој втор граѓанин на Македонија остана без работа, многумина немаа пари ни децата во школо да си ги пратат гладни и боси, нека се потсети народот и на периодот до 2006 година кога скоро 40% беше висока невработеноста !
Се надевам дека СДСМ ќе бркаат од работа партиски војници-ДПМНЕовци и повторно процентот на невработеност да биде ист/сличен како до 2006 година и онака сите што се вработија после 2006 год. беа партиска војска на Груевски !
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Така е. Во СДСМ од збор до збор ќе ти потврдат.. и без да проверат. Јас сигурно 5 пати сум цитирал устав... јасно е.
ај цитирај устав шо вели[DOUBLEPOST=1507414536][/DOUBLEPOST]
...кога не пријавуваат реално, ете дури и тебе те прелагаја и ти верваш само за 40 000 Е :pos:,
а бе Шугар бејби за лешници и бадеми и други витамински ојачувања потрошила само 5 000 еврича и за морски плодови за 80 000 еврича и то за недела дена во просториите на одбраната, а ти цела кампања ја типуваш за 40 000 еврича? со цел памет верваш за толку?:lolzz:
А оти се потрошиле толку пари на апетисани и морски плодови дали знаеш или верглаш она шо ќе ти го кажат?
имаш ли ете барем некое познавање на тие “евричи“ за лешници и морски плодови.
Ај покажи го својот ум и интелигенција, доста ги криеш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
А ти со цел ум нешто друго мислеше дека ќе се случи. Дека младите почнаја да заминуваат во странство( и не само младите ) пред околу 10 - 11 години а пред тоа супер им беше, не им се бегаше. Па луѓето во средината на девеесетите да можеја да заминат еден немаше тука да остани од што беше состојбата лоша. Сега ако мислиш дека нечини( пошто рече во тие години си па реално и незнаеш како било) незнам што ке мислеше за тогаш. Армија невработени, стечајци, технолошки вишок, работа ни за лек, работни услови шта да ти причам, плати мизерни, мито , курупција на секој чекор а излез никаков. Само за Албанија и Бугарија не ни требаше виза а тие беа бетер и од нас. Сега ти е лесно, пасошот в џеб и фурај кај сакаш по Европа. Тогаш неможевме до Лерин да одиме а не пак некаде подалеку. Крв се плукаше за една виза помочана.
А и таа опцијата што ја спомна да не те чуди некако да најдат начин да ја спроведат. Треба само две работи да се случат. Да ни укинат безвизен режим и Бугарија малце да успори до државјанствата и автоматски ке се телепротираш во деведесеттите.
Ни тогаш чинело, ни сега, и сега каде може да одиш и да работиш со македонскиот пасош?
Па и тоа што заминаа луѓето е со бугарските пасоши, со македонските сме пак на исто дереџе, да влезевме во ЕУ барем раат ќе можевме да се отселуваме.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Во почетоците на 2000 потрошувачка кошничка беше околу 11.000
Сега е над 30.000 денатри.
На времето со просечна плата се врвеше месецот, сега ни пола месец.
Не учи економија од брошури на ВМРО
Pa ajde vaka da kazheme koga veke frljash brojki i statistiki. Samo nekolku raboti me interesiraat...koga sporeduvash 2000 i 2017. Na primer kolku edno prosechno domakinstvo odvojuvashe za el. energija. gorivo za transport i zagrevanje, kolku chinea lebot. mlekoto i ushte nekolku osnovni prehrambeni proizvodi. Ti kako shto gi frlji brojkite se se pokachilo za 300%, znam deka miluvash da se rasfrlash so brojki{ nekoj proneveril "stotici milijardi evra" vo Makedonija, a da ja prodadesh drzhavata so se gaki pola od toa nema da dobiesh''''
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Na primer kolku edno prosechno domakinstvo odvojuvashe za el. energija. gorivo za transport i zagrevanje, kolku chinea lebot. mlekoto i ushte nekolku osnovni prehrambeni proizvodi. Ti kako shto gi frlji brojkite se se pokachilo za 300%, '''
сигурно не сакаш да знаеш за колку се качени цените.
Ама тоа можеш и самиот да го провериш наместо да чекаш од Лет да извади податоци и пресмета.
Само за прехрана, основни продукти просекот 2014-2016 во однос на 2000 и 2006 (цените се слични за 2000 и 2006) се качени за 10, 20 60 и 70%.
Пример оризот 2000 и 2006 бил 54,8 и 53.01, а последните години е просек 92.5, 71%. Брашно тип 500 било 21.3, сега е 35.2. Компирот од 23.6 е качен 27.2, гравот од околу 100 на 163 денари, 63%. Месата се качени за половина повеќе, јајцата биле 5.5, сега се 8.1 денари просек. Струјата 2008 била 4.3, сега е 6.6. Претходно беше 2.7-3.5, значи повеќе од 50% поефтина од сега. Огревот од 2160 во 2001 е качен на 2500 во 2006 и на 3300 во 2016, 30-50%. Цените на храна 2017 се отидени до небо.
еве ви линкови
http://www.stat.gov.mk/PrikaziPublikacija.aspx?id=34&rbr=406
http://www.stat.gov.mk/Publikacii/SG2017/08-PrihodiPotrosCeni-IncomeExpPrices.pdf
И просекот номинално е зголемен откако 2008-2009 хранарина превоз влегоа во плата плус беа вработени двојно повеќе администрација.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
@VOLK2234 уште не кажа која е таа националистичка партија што ќе ги чисти гомната? Тоа ве учеле на факултет, да кажеш некоја глупост и после да викаш "ако ќе видите" "ќе дојде време ќе видите" "не ме влечете за јазик"? Така бе волче, тоа е тоа, кажи нешто и глуми паметен после. Чудно те нема со твитови од мерцедеси и останати срања, ама тука имаш достојна замена.

@Ѓорѓи Н. глупав си.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
сигурно не сакаш да знаеш за колку се качени цените.
Ама тоа можеш и самиот да го провериш наместо да чекаш од Лет да извади податоци и пресмета.
Само за прехрана, основни продукти просекот 2014-2016 во однос на 2000 и 2006 (цените се слични за 2000 и 2006) се качени за 10, 20 60 и 70%.
Пример оризот 2000 и 2006 бил 54,8 и 53.01, а последните години е просек 92.5, 71%. Брашно тип 500 било 21.3, сега е 35.2. Компирот од 23.6 е качен 27.2, гравот од околу 100 на 163 денари, 63%. Месата се качени од 12-60%, јајцата биле 5.5, сега се 8.1 денари просек. Струјата 2008 била 4.3, сега е 6.6. Претходно беше 2.7-3.5, значи повеќе од 50% поефтина од сега. Огревот од 2160 во 2001 е качен на 2500 во 2006 и на 3300 во 2016, 30-50%.
еве ви линкови
http://www.stat.gov.mk/PrikaziPublikacija.aspx?id=34&rbr=406
http://www.stat.gov.mk/Publikacii/SG2017/08-PrihodiPotrosCeni-IncomeExpPrices.pdf
Ај сега помножи ги количините потрошени од секој производ, собери, одземи и спореди ги платите со она што си го добил. Декември 2008 хранарина и превоз просек 3500-4500 се влезени во плата и затоа наводно платата е толку качена.
Каков ориз купуваш ти за 92.5 денари? Од 50-70 денари ти е на пазар и во маркети како Кам, Стокомак.
Јајцата исто варираат во зависност од годишните времиња, во лето кога не траат ги продаваат и сега од 130-180 денари по табла, сега се од 150-200 денари по табла.
Гравот исто варира од година до година во зависност од тоа колку се има произведено, исто како и лукот што дигна цена последниве години бидејќи го нема, имаш и сега грав за 120денари за 1кг.
Месата се покачени, особено говедското, јагнешкото и свинското, стекот исто некој денар, копаните и внатрешните органи се како и претходно.
Најмногу пари сега бегаат за струја, огрев и технологија (телефони, интернет, тв), пред 11-12 години прашање дали 30% имаа мобилни телефони, сега пола по два носат во џеб, исто и со компјутерите веќе 2008-2010 година почнааа поактивно да ставаат интернет по дома и да купуваат компјутери, претходно за овие трошоци беше само фиксен телефон дома 500-1000 денари, а сега рачунај на 4члено семејство имаш само мобилни телефони по 2000 денари сметки, интернет и тв имаш уште 1000ка, ете ти 2000 денари поголеми трошоци само за сметки, да не ги сметам поправки и купување на таа технологија.
Проблем е што излегуваат нови потреби, постојните зголемија цена, а ние имаме исти примања како и пред 15години.
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Ни тогаш чинело, ни сега, и сега каде може да одиш и да работиш со македонскиот пасош?
Па и тоа што заминаа луѓето е со бугарските пасоши, со македонските сме пак на исто дереџе, да влезевме во ЕУ барем раат ќе можевме да се отселуваме.
  • Па, доста со оваа ЕУ. Дури и отворањето преговори со ЕУ е контра-уставно, според македонскиот устав. Таммо очигледно се вели - Независна држава со можност да се приклучи преку федерација со земјите од поранешна Југославија. Ова беше изгласано на референдум. Баш поради оваа причина Кирето Глигорче го доведоа во Скопиье, Господ да го прости. Законски, сега има само две соседни земји од поранешна Југославија со кои Македонија може да се приклучи. Со Косово (барем некој дел) и со Србија (друг некоj дел). Таквата структура е многу интересна бидејќи ги решава практично сите прашања. Македонија останува цела, со една влада, поделена на две области, на пример, Илирија со jазик Староилирски и Пеонија со старопеонски. Не се крши и Рамковиот. Значи, овие три земји можат да влезат, на пример, по 20 години. во ЕУ како пакет без кршење на било кој устав. Теку треба да се реши, дека да минува формалната граница - по средата на Вардарот, или по талвегот. Па зашчо и Албаниjа да не влегува во таа конструкциа?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Каков ориз купуваш ти за 92.5 денари? .
Ова се официјални податоци. Оризот 2013 на пазарите беше 70+ денари. Ако почнеме кој од каде купува, нема далеку да стигнеме. Некој купува од дуќанине од битпазар, копани од тезга...Потрошувачката за храна во 2000 била 38.4% просек од употребените средства, во 2008 била 39.4, а во 2016 40.7. За култура и рекреација се трошеле 3.5%, сега се трошат 1.9%. Што кажуваат овие бројки? Квалитетот на живот е намален на сметка на амортизација на цените во однос на платите.
Да не збориме за други задолжителни трошоци чии цени се прилично качени (за хигиена, здарвје, образование...)
Проблем е што излегуваат нови потреби, постојните зголемија цена, а ние имаме исти примања како и пред 15години.
составот и квалитетот на производите не е променет дури негде е и влошен со цел да се увезат поефтини производи за да не влијаат на расположението, што би рекле гласачкото тело. Маслото е масло, лебот и шеќерот дури често се продаваат и по пониска грамажа. Дрвото е исто, струјата е таа, оризот е дури и полош квалитет, гравот добар дел е од Киргистан, лукот некој кинески мутиран џин...
каде е тука светлата иднина која ни беше ветувана 11 години
 
Последно уредено:
?

..........

Гостин
Во 96/7 за 100мкд купував 3 кутии цигари и еден синалко сок, сега за исти пари една кутија цигари и 5 денари кусур. Со 50 денари купувавме кутија цигари ужинка за у школо и два жетони за на флипери, ако имаш пак 100 денари дневно за у школо си главен:D
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Се надевам дека СДСМ ќе бркаат од работа партиски војници-ДПМНЕовци и повторно процентот на невработеност да биде ист/сличен како до 2006 година и онака сите што се вработија после 2006 год. беа партиска војска на Груевски !
А што има лошо да се исчисти јавна администрација од џабелебароши и да се пренаменат парите што оделе за нивни плати во проекти од јавен интерес?

ако имаш пак 100 денари дневно за у школо си главен:D
Ти и сега со 100 денари си главен у школо. :cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom