Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Горе-доле се согласуваме.Не гледам како американска воена интервенција во Венецуела би била 180 степени спротивно на политиките на Барак Хусеин Обама, во пракса секој американски претседател директно или индиректно извршил воен преврат или нападнал странска држава - Обама со Либија, а ја меркаше и Сирија, но се повлече во последен момент во декември 2013, но сепак индиректно учествуваше во војната на страната на исламистичките ѓубриња во Сирија, Џорџ Буш Помладиот со Авганистан и Ирак, Бил Клинтон со Југославија и Косово, Џорџ Буш Постариот со Панама, Роналд Реган со Гренада и така натаму, да не ги набројувам сите по ред до почетокот на 20-от век.
Доналд Трамп несомнено ги мерка Сирија, Иран, Северна Кореја и Венецуела за воена интервенција, плавиот сака да си го најде своето место меѓу воените злосторници, или во спротивно нема да има воени лица на неговиот погреб и никој од воената индустрија и од военото лоби нема да има ништо позитивно да каже за него откако ќе му заврши првиот претседателски мандат, или по можност и вториот претседателски мандат - доколку биде реизбран за втор претседателски мандат во ноември 2020.
Само проблемот е во тоа што Русија е влезена во Сирија, Кина стои зад режимот во С.Кореја, а Иран е премногу силен да се носат со него. По тој систем на елиминација, а и со оглед на тој што веќе најавија воена интервенција и Венецуела започна со мобилизација на населението, мислам дека ќе има воен или политички преврат. Па и идиотот Рахој го нарече Мадуро диктатор, а неговите полициски сили гледаме како постапуваат со оние кои сакаат самоопределување. Лукашенко за сличен таков пристап доби санкции и сериозни критики, а Рахој доби само амин за продолжување на малтретирањето на оние кои мислам поинаку. Очигледно дека постојат двојни стандарди во унијата која е пред колапс.
