Русија - смена во надворешната политика?

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Оти бе никој не пишува зa прецизноста на рускиве хеликоптери на вежбиве Запад 2017 :)
Вистина како не ни текна порано...

Ruske zračne snage eliminirale su najmanje 850 militanata u 24 sata u velikom udaru na njihove položaje u provinciji Idlib

http://www.advance.hr/vijesti/ruske-zracne-snage-eliminirale-su-najmanje-850-militanata-u-24-sata-u-velikom-udaru-na-njihove-polozaje-u-provinciji-idlib/
Страшно а?... некој толку 16 години во Авганистан и во Ирак се на се нема елиминирано...

Исто така, се сетив пред некој месец на прецизноста на Америчката воздухопловна велесила, кога си ги поздравија сојузниците - Курдите!

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.655
Поени од реакции
38.839
Русија продава С-400 на Саудиска Арабија, малце чудно што русите почнаа да се расфрлаат со продавање на ова напредно ПВО, прво на Турција сеа и на Саудиска Арабија. Две држави кои никогаш претходно не биле сојузници со Русија.

https://www.mkd.mk/svet/vesti/po-turcija-i-saudiska-arabija-go-kupuva-ruskiot-raketen-sistem-s-400
 
M

mar30

Гостин
русија нема свој идентитет и култура не постои ни ренесанса ни барок ни калсицизам ни неокласицизам кај нив.Они тек во романтизам имаат нешто што успеале да испокрадат па сега изиграваат некаква традиција култура и наука.
имаат нешто од литература оставено но во сите други сфери се последна рупа на свиралка,се им е крадено од други народи.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
русија нема свој идентитет и култура не постои ни ренесанса ни барок ни калсицизам ни неокласицизам кај нив.Они тек во романтизам имаат нешто што успеале да испокрадат па сега изиграваат некаква традиција култура и наука.
имаат нешто од литература оставено но во сите други сфери се последна рупа на свиралка,се им е крадено од други народи.
Заборави да кажеш дека немаат произведено моќно оружје уште од 90-тите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Заборави да кажеш дека немаат произведено моќно оружје уште од 90-тите.
Па не ни мораат, уште од 1961 година ја имаат најмоќната нуклеарна бомба во светот - Цар бомбата, а од 2007 година па наваму го имаат Таткото на сите бомби - најмоќната вакуумска, односно најмоќната ненуклеарна бомба во светот.

Со такви оружја, на Русите им останува само да прават нови тенкови, нови подморници, нови бомбардери, нови борбени авиони и се разбира, нови против-воздушни одбранбени системи, бидејќи за да им конкурираат на САД во носачи на авиони ќе мораат да произведуваат најмалку 1 (ЕДЕН) нов носач на авиони годишно во наредните 11 години, а воопшто не ни имаат планови за тоа, а уште помалку па индустриски и воени капацитети за да постигнат такви цели.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Па не ни мораат, уште од 1961 година ја имаат најмоќната нуклеарна бомба во светот - Цар бомбата, а од 2007 година па наваму го имаат Таткото на сите бомби - најмоќната вакуумска, односно најмоќната ненуклеарна бомба во светот.

Со такви оружја, на Русите им останува само да прават нови тенкови, нови подморници, нови бомбардери и нови борбени авиони, бидејќи за да им конкурираат на САД во носачи на авиони ќе мораат да произведуваат најмалку 1 (ЕДЕН) нов носач на авиони годишно во наредните 11 години, а воопшто не ни имаат планови за тоа.
:cautious:

Мојот коментар беше саркастичен.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Е ако де, мојот беше полусаркастичен - во овој последниот дел за носачите на авиони. ;)
Русија моментално теренски е 2-ра по моќност држава во светот или 3-та по авијација. Мислам дека Кина доминира во секој сегмент. Америка (сега нели се одобрени 700 милијарди долари за Пентагон кој вработува повеќе од 5 милиони граѓани) очигледно сака својата воена моќ да ја крене на уште едно повисоко ниво. Пред тоа ја имавме “мајката на сите бомби“ тестирана во Сирија, што беше акт на покажување воена моќ, а не воена агресија. И сега имаме тензии околу С.Кореја (и Иран) и покажување и на својата морнарица како некоја сила која може да и парира на Кина! Мислам дека новата администрација има за цел или екомоски да ги ослаби директните противници на политиките на САД или воено да ги уништи (а не верувам дека ќе дојдат во воен судир со С.Кореја, со Иран тоа нема да се случи ни во некоја блиска или далечна иднина). Воената интервенција е отворена само кај Венецуела, според моите размислувања, што очекувам истата и да се случи до 2020 или 2024 год. (ако Трамп биде реизбран). Тоа беше 180С спротивно при режимот на Обама.

Обама покрена сериозни реформи на внатрешен план, кој сега дел ќе бидат укинати, а дел изменети, но не направи речиси ништо на надворешен план со што би ја докажал големината американската воена домининација! Во неговата ера, режимот на Либија се распадна, во Јемен се случуваа воени злосторство пред кој се правеше слеп, се крена една нова сила- Исис која ја надмина и Ал-Каеда и некако дојде до своја држава така што влезе во директна војна со 2 суверени држави- Ирак (кој после падот на Хусеин е смешка и на воен и на економски план) и со Сирија, каде речиси сите европски лидери застанаа зад сириската опозиција, вклучувајќи го и Обама! Потоа и договорот и Иран да престане да развива нуклеарно оружје! Јас сум ЗА Иран да има нуклеарно оружје, иако сум против нуклеарното оружје. Околу Иран има 28 американски воени бази, што служат за тероризирање на самата држава. Зошто утре ако ја нападнат, да се брани како што се бранеше една Либија- апсолутно никако (која за информација имаше 50 ракети купени од С. Кореја уште од 90-тите, но не знам колкав домет имаа)!? Иран не е закана за светот, знам дека имаа исламска револуција, која беше резултат на американските политики (може и за тоа да дискутираме) и сега се позиционирани против САД и нејзините сојузници. Јасно е дека станува збор за судирот меѓу шиитите и сунитите, но Арабија нема апсолутно некоја силна воена моќ (гледај колку се мачат со еден Јемен), па разумно е да имаат поголема сила која ќе ги штити. Израел излегува со ставови дека против Иран сите средства се дозволени! Од Иран немаме такви провокации. :)

Што и да се случи, САД нема да има лидер кој ќе може да му парира на Путин. Буш стариот беше последниот кој беше претседател во вистинска смисла на зборот. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
зошто мислиш дека Кина доминира во секој сегмент? Елаборирај малце.
Кина на почетокот на овој век си постави една цел- да биде држава која најмногу ќе увезува и држава која најмногу ќе извезува. Таа цел ја постигна и сега е најмоќната економија во светот. Иднината на светот лежи во источно-азиските земји и култури. Покрај тоа што имаа 3 многу моќни екомонии и 3 многу моќни воени сили, имаа и тенденција на пораст на наталитетот. Во Азија живее 60% од светската популација. Кина е кредитоспособна земја, за разлика од САД која цица средства од сите страни и е во огромни долгови. Само на една Либија и должеше 400 милијарди долари!

Кина има најголем број на активни војници (и резервисти) и најбројна морнарица. И има повеќе авијација од Русија и за волја на вистината 3 пати помалку од онаа на САД. Значи САД имаат доминантно поголема авијација, а Кина поголема морнарица и повеќе активни војници и војници кои можат да бидат мобилизирани преку ноќ. Јасно е дека силата на американската морнарица произлегува од 18-те носачи на авиони, а Русија и Кина немаат заедно толку, но сите знаеме како потона непотопливиот Бизмарк, чудовиштето од брод, според начистичката пропагандна машинерија. Брод кој требало да и парира на Британската морнарица во втората светска војна. Тие бродови имаат своја моќ, но сметам дека Кина на ова поле вложува доста средства и за некоја година ќе биде и најдоминантната армија во светот, како што стана најдоминантната економија во светот. Причините ги наведов.

Не знам колкави се нуклеарните капацитени на овие 3 земји, но знам дека секоја од нив секоја година троши се’ повеќе и повеќе на воениот буџет. Проблемот е ликвиндоста на САД и колку ќе може да држи чекор зад Кина. :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
...

Пред тоа ја имавме “мајката на сите бомби“ тестирана во Сирија, што беше акт на покажување воена моќ, а не воена агресија.

...
Авганистан сакаше да кажеш, а не Сирија.

...

Воената интервенција е отворена само кај Венецуела, според моите размислувања, што очекувам истата и да се случи до 2020 или 2024 год. (ако Трамп биде реизбран). Тоа беше 180С спротивно при режимот на Обама.

...
Не гледам како американска воена интервенција во Венецуела би била 180 степени спротивно на политиките на Барак Хусеин Обама, во пракса секој американски претседател директно или индиректно извршил воен преврат или нападнал странска држава - Обама со Либија, а ја меркаше и Сирија, но се повлече во последен момент во декември 2013, но сепак индиректно учествуваше во војната на страната на исламистичките ѓубриња во Сирија, Џорџ Буш Помладиот со Авганистан и Ирак, Бил Клинтон со Југославија и Косово, Џорџ Буш Постариот со Панама, Роналд Реган со Гренада и така натаму, да не ги набројувам сите по ред до почетокот на 20-от век.

Доналд Трамп несомнено ги мерка Сирија, Иран, Северна Кореја и Венецуела за воена интервенција, плавиот сака да си го најде своето место меѓу воените злосторници, или во спротивно нема да има воени лица на неговиот погреб и никој од воената индустрија и од военото лоби нема да има ништо позитивно да каже за него откако ќе му заврши првиот претседателски мандат, или по можност и вториот претседателски мандат - доколку биде реизбран за втор претседателски мандат во ноември 2020.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Авганистан сакаше да кажеш, а не Сирија
Убаво си стои Сирија. Исис окупира повеќе од 30% од сириската теориторија, а тој дел се однесуваше на доминантноста на Исис во однос на Ал-Каеда. Исис влезе во војна со Ирак, кој апсолутно ништо не направи се до оној момент кога не доби помош од САД. Тие се смешка од држава по таа 2003/4 год. И со Сирија, каде најново што слушнавме е дека полека Асад воспоставува контрола над речиси целата своја поранешна територија (85%). :)
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Русија продава С-400 на Саудиска Арабија, малце чудно што русите почнаа да се расфрлаат со продавање на ова напредно ПВО, прво на Турција сеа и на Саудиска Арабија. Две држави кои никогаш претходно не биле сојузници со Русија.

https://www.mkd.mk/svet/vesti/po-turcija-i-saudiska-arabija-go-kupuva-ruskiot-raketen-sistem-s-400
ги придобиваат на своја страна со тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom