Да бе. И пишав вчера на Фрос.
У понеделникот истрчав 6 километри, во средата 7, сеа петок планирам 8, и во недела планирам 10.
Тоа е мојот врвен counter-taper тренинг за 10к. Амбулантите нека бидат спремни
Али од вчера ме боли нешто десното стапало...
И пак не ми е јасно што да облечам... ја на кеј си трчам со тренерки и тенок џемпер.
Прво, 10км се п***н дим. Ако трчаш 6, рачунај дека можеш и 16, само имаш некоја психолошка граница и мислиш дека е неможно.
Второ, вакво време, есен, е измислено за трчање. Најавуваат дека ќе залади, ама за мене поладно време е многу подобро. На пример, рекордот на маратонот е поставен во Берлин, затоа што се трча доцна во сезоната (септември, кога е како октомври овде) и е на рамно.
Не дехидрираш заради топлина, не треба да пиеш повеќе од потребно (сеа не баш и воопшто да не пиеш) и сите процеси у организмот ти се понормални. Ветер знае да заебе работа, ама и тоа се надминува со (по потреба) марами, ракавици, капи. Памук е шит, ќе се намокри и после те лади како санта мраз, затоа синтетика носи.
Имаме погрешна предрасуда дека студено време не е добро за активности надвор. Ако се аклиматизираш постепено и облечеш убаво нема проблем никаков. Тоа шо воздухов скопски зимно време е гасовито г***о е друга неповолност.
Забораив, лапни еден магнезиум и витамин Ц (повеќе као плацебо, да си мислиш дека си земал нешто) и истегни се пола саат пред трчање.