Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Да се повторам бидејќи по се изгледа на некои христијаните им е тешко да разберат од прва, па за да веднаш не прибегнат кон верување ете :)

Бидејќи и од робовите се учи и те потсетуваат на многу работи ете, да ги потсетам оние кои ги интересира Телема: за Зракот познат како Слобода(Liberty) кој што доаѓа од Законот (Law) можете да го прочитате трактатот на Мајсторот Терион и да се запознаете со идејата за Слобода.
Исто и Liber CL - De Lege Libellum каде се дадени 4-те зраци на Законот!

Мислам дека нема потреба да ве упатувам на „Книгата на Законот“ - тоа е must четиво ако некој сака да проникне во тајните на Законот и Новиот Еон.

И да додадам, заради подлоста и злото на стариот еон кој се промолкнува и денес:

„Според мене, како Tелемит, магијата ја сметам за дело на Црните Браќа, го сметам тоа дејствување како нешто што е подло, ниско, слично на хипноза без дозвола на другиот. Магијата ја сметам и ќе ја сметам како подла алатка за држење на вкупниот импулс на мнозинството ненасочен.

Се што знае и може – да не биде функционално.
Магијата оди рака подрака со Црните!

Магијата ќе ја сметам за моќна алатка на Црните која ќе го држи слабиот

    • да верува – но да не знае,
    • да се надева – но да не може,
    • да сака – но да нема волја да љуби!
Но доста за гнасните патеки на Стариот Еон кои сеуште се провлекуваат преку дејството на слабите и злобните!

Зарем не рековме дека Магиката е врзана со чистата Волја, некорумпирана од страста за резултат, така поставувајќи го патот да биде совршен. Нели рековме многупати дека Магиката за разлика од магијата, не ги силува Силите на природата (какви и да се тие сили и колку и да се суптилни истите), не гради фантастични сказни кои ќе го преплашуваат слабиот дух, туку рековме дека Mагиката ги проучува, ги категоризира, мери и премерува, и откако ќе се научи Законот и вистинските пропорции на истите, Магиката станува чиста уметност и наука во Пракса.“

--- 666-ти пат за Телема и Магика
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Немај гајле, ја‘ ќе одоговорам наместо тебе:

„...Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест...„.

Откровение, 13.18.

Јасно е одамна дека со мудроста сте два различни поими.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Е ова е веќе друго, христијанин православен кога ќе замеша прсти во Кабала и гематрија и ќе си најде уште едно оправдување да трча по народот и да им вели како се зло и немаат мудрост :)
Сигурно изучуваш кабала, гематрија и разните коментари на еврејски рабини кон овие проблематики... упс, тоа според Премин порталот, „големото“ гласило на твојата црква го осудува сето тоа и го става во кошот наречен сатанизам - како ис е друго што не е православие им е во тој кош - толку им е моќта на расудување и знаење!
Проклети ненаситни вери!

Но, тоа е тоа... сега се ќе се реши, според визиите на Јован... ;)

Добро видел човекот, многу од сето тоа „видено“ може да го најде човек наназад низ човековата историја....

Но христијанинот што требаше да ги наследи мистериите за „зборување“ со боговите беше килав и неспособен, па замени наместо наука, религија, наместо студирање, вера...

Зошто настанаа „тајните учења“? Бидејќи се зло? НЕ. Тоа е чиста измислица на црквата за да си го оправда златото и човечките ресурси без кои не може да опстои!
Заради христијанството и неговата омраза кон науката и занењето - кое и денес се промолкнува на некои места - затоа опстанаа во тајност прастарите учења кои денес полека но сигурно се појавуваат!

И ете ве сега вас идните христијани, големите мислители на стариот еон како се препелкате на суво не разбирајќи ништо од она што ви го предадоа да го наследите.
Одозгора, сите други ви се криви и постојано си го оправдувате изгубеното наследство преку нив!

Се згнасија вашите претходници од евреите, забранија кабала, не им одеше добро со учењата на истокот ги направија сатанизам, муслиманите не им чинеа и нивните алкемии и математики - и тие не беа добри, дојдоа Темплари и тие ништо - кој сега ќе учи ствари од пред 2000 години ...
Се некој е нешто крив и зло само за да спаси жива глава од учење и работа еден старо-еонски „духовник“ :)

И кога веќе сме кај 666 :)

„Постои популарно сфаќање, делумно поради неинформираност или поради суеверие дека бројот 666 е број на Ѓаволот, односно Сатаната.

Неупатените луѓе ваквото верување го поткрепуваат со авторитетот Јован Богослов и неговата Апокалипса. Во неа во глава 13 стих 18 се вели: “Тука е мудроста, кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест”.

Штом се работи за света книга, кај покорниот верник нема место за истражување и сомнеж. За жал малкумина од луѓето знаат дека Библијата е чиста кабалистичка книга. Тајната наука на евреите, Кабалата, била привилегија само на најупатените рабини и се пренесувала од уста на уво. За адептот кој е упатен во Кабалата се говори дека од неговата утроба излегуваат реки со жива вода.

Сите свети книги се шифрирани и не можат да се толкуваат буквално. Слепата вера е спротивставена на нашиот Научен Илуминизам и е одлика на глупоста.“

- Бројот 666, А. Кроули

А ете за да не биде некажано, имам исто така и за бројот 777

П.С. За оние кои истражуваат!

На блогот може да најдете многу за овие ствари, така да - пред да прашувате - прочитајте колку што можете повеќе на дадени теми (поделен е блогот на теми, тагови...) ;)
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164

Книгата за Срцето обвиткано со Змија е издание во Класа А, што означува дека е една од Светите книги на Телемата.
За оваа класа е запишано: Класа “A” (кои се всушност Светите Книги на Телемата) се состои од книги во кои не смее да се промени ниту обликот на една буква: односно, тие го претставуваат исказот на еден Адепт целосно од онаа страна на критицизмот на дури и Видливиот Водач на Организацијата.”

Thunderbolt, and a Pylon, and a Snake, and a Phallus...

ж
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Уште еден историски момент на овие простори, вчера на есенската рамнодневица, во Secret Fire оазата во скопје, се одржа првата гностичка миса со браќа и сестри од Грција, Бугарија и Македонија. Миса на грчки и македонски, прва од тако вид воопшто.

Телемата е над националните, расните, половите и сите останати поделби и ограничувања. Таа е моделот во кој човештвото конечно може да се обедини во Љубов под Волја.
 
Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
Hepta...pusti gi amaterive da diskutiraat za gluposti, mislejki deka znaat nesto za religijata!
Daj nesto potesko za diskusija.....
Eve na primer....sto e so smrtta???
Sto nudi talemata ???
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Hepta...pusti gi amaterive da diskutiraat za gluposti, mislejki deka znaat nesto za religijata!
Daj nesto potesko za diskusija.....
Eve na primer....sto e so smrtta???
Sto nudi talemata ???
The soul is beyond male and female as it is beyond Life and Death.

Aleister Crowley in ΚΕΦΑΛΗ ΛΕ Venus of Milo
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Ах, кога се чуствува негативноста на оној што прашува кој што не заслужува ниту здив во негов правец да се упати заради смрдеата што ја шири од подлост, но заради идните истражувачи ќе биде сепак почестен со едно мое размислување...
Ок ајде... нека биде :)

Ќе започнеме со трактатот на Τо Μέγα Θηρίον 666 наречен Законот на Слободата!

Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта; мир неискажан, одмор, екстаза; ниту пак барам некакви жртви.“
- Книга на Законот
Нели е ова подобро отколку смртта во живот на робовите на Ропските Богови додека одат угнетени од свесноста за „грев“ уморно барајќи или имитирајќи заморени и досадни „доблести“?
Со таквите, ние кои сме го прифатиле Законот на Телема немаме ништо.

Е сега... бидејќи никако да научите нешто за Телема.

ТЕЛЕМА - од грчкото θέλημα чија бројна вредност е 93 ( да имаш волја, purpose во ЖИВОТОТ) се заморува со ЖИВОТОТ!
Ако ја проучите „Книгата на Законот“, заедно со Коментарите на истата - ќе најдете многу за ЖИВОТОТ!
Големиот старо-еонски страв од СМРТТА изграден врз незнаење и немање искуство ниту волја за ЖИВОТ - создаде догма која не научи никој како да живее, туку само да се надева и верува!!

Философијата на ТЕЛЕМА учи за ЖИВОТОТ како НЕПРЕКИНАТОСТ! Мислам дека нема потреба да ви ја прераскажувам „Книгата на Законот“ и другите книги од Класа А!
Потребно е да седнеш и да ги простудираш - за да знаеш што е што.

Смртта како и восхитот или пијанството или екстазата се само искуства, што повеќето од вас ги забораваат и не сакаат дури ниту да се сетат на нив...

„Кој се плаши од опасности, ете им ги црквите и нека се молат да ги одмине чашата! Ете им јагниња со чија крв ќе си ги означат портите на животот за да ги одбегне смртта од пустиот страв. А смртта што беше според „Книгата на Законот“?“

Ова е едно дамнешно размислување на форумов... и ете пак прашувате за смртта!
Исто така има и есеј на блогот Хептаграм XI, наречен „За Смртта“! Побарај го!

Елифас Леви во своите писанија вели: на планетите се сеќавате, а на ѕвездите заборавате! Кој колку може толку ќе разбере од овие размисли.

Ако погледнете пак во објаснувањата на степените во О.Т.О. се вели вака во еден момент:

Ние сме сепак најмногу поврзани со различни искуства од Животот.
Сите понатамошни степени затоа се разработка на (Вториот Степен), прогресивни упатства како да се живее, бидејќи е тешко во една церемонија дури и воопштено да се скицира Учењето на Иницијантите во однос на Животот.“

Исто така од есеите на мојот блог ќе видиш дека еден од зраците на Телема е Живот, не смртта како кај старо-еонските философии:

Четири се неговите зраци: Живот (Life), Слобода (Liberty), Љубов (Love) и Светлина (Light)!
Четири зраци кои произлегуваат од Еден Закон (Law). Овие пет L можете да ги најдете во „De Lege Libellum“, каде што е дадено објаснување за секој зрак што произлегува од Законот на Телема.“
- За одстранување на превезите

„Дознај која е твојата највнатрешна природа и задоволи го тој глад за соединување и искуство низ животот. Ниту еден бог нема да се откаже од тебе ако го спознаеш божественото во себе и се однесуваш божествено. Твоето највнатрешно скриено е богот кој што го бараш и кој што е дел од Нуит (универзум, бесконечност, хаос…, што сакате може да ви преставува Нуит. Само внимавајте да не ги измешате просторните ознаки, од тоа следува болка.
Тоа е нагласено и во Книгата на Законот).“
- Мала Лекција за оние кои прашуваат

И бидејќи ова за тебе (Ne-Misli, Gurdjiev, Саше или кој и да си реално во твојот Живот или смрт, зависи) се мислам дека е излишно (но добро за оние кои навистина ги интересира Телема) - да те потсетам:
За да зборувате за смртта, прво ќе научете да го живеете животот до апсолутни граници!!!

А тоа, не ви беше дозволено во стариот еон, за кој од егоизам, страв или кој знае кои ваши хирови ќе изумрете тука на Земјата, сеуште!
До тогаш, дури најосновните тајни ќе ви бидат само бљуткавост низ устата и умот!

Научете да живеете за да дознаете за тајната на толку „страшната“ смрт.

И да, за крај:
"It is wrong to say triumphantly "Mors janua vitae", unless you add, with equal triumph, "Vita janua mortis"."
- Magick, Book 4, A. Crowley and others (достапна на македонски јазик)
 
Ajde pak ponovo, oti stalno mi promasuvas tema.

Prasanjeto e - STO NUDI TELEMATA ZA SMRTTA???

Site religii nudat nekoi vecni zivealista...raj pekol, reinkarnacija, nirvana....

Ako nudite nesto vo noviuot eon, daj da vidime sto e toa.Stom e nov eon, mora da istapite so novi viduvanja za smrtta, ili pak ista slama tepate kako i starite eonski religii.

Изменето од модератор........
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Prasanjeto e - STO NUDI TELEMATA ZA SMRTTA???
Тоа што не ја разбираш Телемата и што залудно градеш омраза бидејќи не го разбираш одговорот што го доби од моја страна е твој проблем. Прочитај го пак постот, види ги линковите во врска со оваа тематика и доволно ќе ти биде...

Не мислам да се повторувам за да некому му се допадне моето мислење :)
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон!

Ми претставува огромна чест и задоволство да ве известам дека од 6.11.2017-та, Secret Fire оазата од скопје чиј член сум од 2013-та, има статус на ложа. Со ова, Secret Fire станува првата ложа во Македонија на Ordo Templi Orientis.

Љубовта е закон, љубов под волја![DOUBLEPOST=1510230451][/DOUBLEPOST]
Abe jas sum prost covek i ne mozam da go razberam odgovorot.
Imas ili nemas odgovor, zaebi kisa oko kraguevac.
Ako nemas, a toa e sigurno, cukni se malku po lejkata i ramisli dali ajvazot mu ja otkril vistinata ili krouli si igra majtam so vas clenovite.
Што не ти е јасно?! Кроули бил свесен дека вистината не се дознава туку се осознава, дека вистинските тајни се неизговорливи, според тоа апсурдно е да одел кај било кого за да му ја ,,кажат" вистината. Тоа е едноставно смешно и глупо тврдење за секој што има барем и површно познавање за Телемата и делата на Кроули.
 
Последно уредено:

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
ipsi, a clanarinata ista li e ili pomalku se plaka sega?

Znaci, za ajvazot vi dadov sah mat Izmislica na Krouli.

Aj sega za ova poslednovo, za vistinata, sto si napisal: deka vistinskiute tajni se neizgovorlivi i deka ne se doznava nego se osoznava. !00 pati vi imam kazano deka Krouli zastanal na pola pat, prepisal nesto od budizmot, nesto od sufite nesto od masonite i nikogas ne stignal do krajot
Gledas vo sto e razlikata megu Gurdjieff i Krouli;
G. ne samo sto ja znael vistinata, nego tocno go kazuva i nacinot na koj se doagja do nea. Ne se toa satanicki rituali i magii, nego rabota vrz samiot sebe.
Site religii nudat patista do vistinata, problemot e sto za da odis po nivniot pat trebe da se odvois od sekojdnevieto. Vi imam kazano deka se tri patista.
1 Fakiska skola, go koristi teloto za da dojde do celta:
2 Monaska skola, hristijani i muslimani, koristat emocii za da dojdat do celta.
3 Budisticka skola, koristi intelekt za da dojde do celta
G. nudi 4 nacin da stignes do celta bez da se odvojuvas od sekojdnevieto.zatoa i negovite ezotericni skoli se najposeteni vo toj period kade ezoterijata zema silen zamav.Otvara skoli skoro na site kontineti, i vo niv pusta da vlezat samo luge od visoka klasa, koja mora da plaka visoka clanarina za da se odrzuvat skolite
Изменето од модератор....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom