Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, сакам да си земам папагалче, но не знам од каде. Имате некој совет, препорака? Како мала чував Нимфа со години, но сега би сакала budgie или lovebird, да земам две за да не се сами. Имам голем кафез и спремно се, само не знам каде да најдам, не знам дали да им верувам на пет шоповите, не знам од каде ги земаат и од каде ги носам. Страв ми е да не земам болно или со трауми. Сакам другарче да ми е и да се сакаме со години. Совет?
 
Па од Пет-Шоп ако не земеш, од кое друго место ќе земеш? :toe: Ако сакаш папагал појди земи побрзо, не чекај да фати зима па ќе го премрзнеш пилето додека да го однесеш дома, а за спријателување се зависи и од самата птица... сите се со различен карактер, некои одма се припитомуваат, други пак ќе треба месеци и месеци да чекаш додека да ти дојдат на прст или рамо. Нешто као лотарија ти е бирањето папагал :icon_mrgr:
 
ако сакаш брзо да ти се припитоми земи едно, не во пар ,ама ќе мора да го дружиш за да не биде само . Ако земеш 2 многу тешко ќе ти се припитомат,и повеќе внимание едно со друго ќе посветуваат. Најдобро ти е да земеш од одгледувач ,имаш на реклама5.мк достаодгледувачи што продаваат, јас сум во тетово и од тука можам да ти препорачам а за другиве градови нз ,некој друг оф форумџиите. За припитомување секој папагал се припитомува само зависи колку ќе работиш со него и од карактерот, имам 12 години 2 тигричиња од рака земаат храна ама од кафез никако не излегуваат, пред 5 месеци земав розела, стара 1 година,рачно ранета ма да последниве 6 месеци беше во кафез со др птици и малку беше подива на почеток но еве сега слетува на рака, седи на прст, доста се припитоми за кратко време,,така да најбитно е да не се откажуваш ,има некои ќе земат папагал 1 месец не им зема од рака храна и готово,го оставаат во кафез и толку не чини папагалот
 
Се чудам дали да си земам пак нимфа..... сега дури уште има млади птици.... или пак да идам со розенколис ? Или пак пар тигрици да си земам? Мал александар не сакам, не ми се свиѓаат птиците на брат ми.... или пар розенколиси ? Помагајт
 
Дечки, сакам да си земам папагалче, но не знам од каде. Имате некој совет, препорака? Како мала чував Нимфа со години, но сега би сакала budgie или lovebird, да земам две за да не се сами. Имам голем кафез и спремно се, само не знам каде да најдам, не знам дали да им верувам на пет шоповите, не знам од каде ги земаат и од каде ги носам. Страв ми е да не земам болно или со трауми. Сакам другарче да ми е и да се сакаме со години. Совет?

Можеш да земеш од овие што ги одгледуваат, имаш по огласи.
Совет да си земеш помало, така побрзо ќе го припитомиш. И да е едно, ако му обрнуваш внимание (штом го земаш, ова не треба да е прашање) нема да е осамено.
 
Ако си од Скопје,оди земи од кај Аце во Хром ....Јас сум презадоволен од мојов тиквар,многу е мирен .....Побарај го на Пазар3,живее последна 4ка отприлика ....
 
Има ли некој вакцинирано папагал и дали се вакцинираат по станициве во мкд?
 
Има ли некој вакцинирано папагал и дали се вакцинираат по станициве во мкд?
Вакцина за што?[DOUBLEPOST=1506735930][/DOUBLEPOST]
Дечки, сакам да си земам папагалче, но не знам од каде. Имате некој совет, препорака? Како мала чував Нимфа со години, но сега би сакала budgie или lovebird, да земам две за да не се сами. Имам голем кафез и спремно се, само не знам каде да најдам, не знам дали да им верувам на пет шоповите, не знам од каде ги земаат и од каде ги носам. Страв ми е да не земам болно или со трауми. Сакам другарче да ми е и да се сакаме со години. Совет?
Дефинитивно розенколис или фишер..да не е постар од 6 месеци за да го припитомиш..и немој пар, земи си едно
 
Моиве птици ги немам вакцинирани,скоро и да не виделе ветеринар,освен 2пати што сум бил во рок од 2 години,и тоа за ситни проблеми .... Нема потреба од вакцини,освен ако иамш од големите врсти,за кои е потребно навистина поголемо внимание од стручно лице ....[DOUBLEPOST=1506763602][/DOUBLEPOST]
Ги делам навечер,а преку ден ги оставам ....Ги делам навечер,зошто поголемиов е познат по неговата врста,што има панични напади,доволно е да го исплашиш,се удира од кафез како камикази ,без контрола,а тигрицава сака да го провоцира постојано .....Големиов навечер во кафез го ставам,а тигрицава,на лулашка ќе ја обесам и мирна е ....
 
Последно уредено:
20171001_154016.jpg Добар ветеринар за тигрица во Скопје, Центар..и подалеку нека е? Не изгледа добро последниве 5 дена повраќа накострешена е не може да јаде не сака од водата со лек...се среди на 3тиот ден после пак е исто. Од ладно вака обично реагира ама и поминуваше за 1 ноќ а сега е лошо..и цело време се однесува како да има нагони за повраќање..мака ми е. А вака знае да си потпевне летна некој круг деновиве се надевам не е нешто сериозно. Или некој лек да знаете во храната да и ставам
 
Последно уредено од модератор:
за ветеринар нз зашто не сум од Ск,инаку и мојата тигрица пред 1 месец повраќаше 2 дена и не јадеше, јас и ставав лимун во водата (третина лимун исцеден помешај со водата) зашто јадење тешко да зема додека повраќа, а бидејќи повраќањето ќе ја дехидрира ќе ти бара вода а можеш и ти да ја нудиш (барем кај мене беше така) . Кај мене 2 от ден вечерта почна да се оправа а 3 от ден веќе беше подобра и јадеше. Инаку исто вака како кај тебе на сликава стоеше и спиеше.. мислам дека се вирусни инфекции,заради времево топло ладно или малце да ја фати промаја и стомачето да и реагира така да не верувам дека лекови би помагале поради тоа што лекови на вируси немаат дејство,, појачај витамини за да и се зголеми имунитетот,можеш и Вит Ц да издробиш и измешаш во водата или со прст да и дадеш да лизне ,
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom