Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
На мојот папагал му се појави нешто црно на ногата и како да го боли, спие.. Од почетокот не можеше баш да оди, сега по малку оди и и ставаме маст на ногата. Јаде нормално, свирка повремено и знае да реагира, не е многу повлечен, но читав на англиски сајт дека оваа состојба била опасна. Помош?
 
не ми е познато...но сепак стави слика...вака што можиме да коментираме
 
Не сме доктори...но ова не изгледа добро...за жал

Колку е стара тигрицата? Знаеш дека живеат околу 7-8 години
 
5 години има и многу сме приврзани
 
5 години има и многу сме приврзани
Не знам што е ова, но дефинитивно треба да го однесеш на ветеринар. Еве ти броеви од подобри ветеринари од Скопје:)

Д-р Марин Величковски 02 3113 101
Д-р Диме 02 3178 611
Ветеринарна амбуланта, Автокоманда 02 3115 756 и 02 3216 794
 
Добив нимфа на подарок пред недела дена.
Ве молам кажете ми ако можете според сликите колку е стара, мислам дека е машко.
Многу е дива што е нормално, нова средина.
Како да постапам за старт да ја прочитам.IMG_20170912_075256.jpg
Голема е некаде 18цм и од пет шоп е земена.
 
Attachments

  • IMG_20170912_075329.jpg
    IMG_20170912_075329.jpg
    2,6 MB · Прегледи: 10
Колку е нормално да јади семе конопово една нимфа неколку зрна 10тина или колку што и се јади ?
 
Пред 18 години и 8 месеци, за Божиќ, ја добив оваа птица. Од тогаш почнав да и ги сметам годините иако беше два три месеци стара, значи можно е и да дочекала 19 години.
Денес умре. Од старост според мене. До вчера си стоеше на стапче а денес од утрово на тлото. Последната година дена не можеше да лета, но цврсто ми стоеше на прст. Питома беше но не даваше да ја фаќаш по глава. Сакаше да стои на рамо со саати и да ти го накака јако. Нема масакрирано ни едно цвеќе , мебел или слично. Го знаеше чекорот на секој од нас и за секој имаше различна песна при влегување. Нам куче не ни требаше, тука беше оваа нимфа која уште од патот насетуваше дека некој доаѓа и алармираше пиштејќи на цел глас.
Пробавме да и подариме другарче неколку пати, ама не си го даваше кафезот. Цели 18 ипол години живееше во еден кафез помал но доволно широк а последните месеци му се радуваше на огромниот кафез шо му го купив......
Нам денот ни е уништен, сите сме скршени, сите плачеме и осеќаме празнина. Ми замина другарчето кое што го носев на презентација во прво одделение во училиште, мојот сопатник во прва година средно, мојот неизоставен дел при матурирање, мојот пријател што ми ја масакрираше книгата по информатика од прва година факултет, мојот старец што пред пет месеци ме гризна благо шо му се појавив со капа од факултет во чест на дипломирањето и не ме позна.
Лесна ти земја братче, уживај на слобода сега....
received_1241146559316302.jpeg
 
Секогаш е малку време.....и 30 да живее мака ќе ти биди....
 
Прегледај го приврзокот 178079
Навистина ме растажи постов. Нека почива во мир:( Ова ме потсети на мојот папагал кој моите ми го купија кога бев дете. Се разболе и умре многу брзо, но убавото време поминато со него во рок од 6 години мислам дека помина уште побрзо. До ден денес ми е жал за тој папагал:(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom