Значи вака: Според интевјуа на министри и заменици министри во МП, пратеници, реакции на директори на ДАБЧ, пратеници од ВМРО-БНД, претседател и членови на БККС, стенограми од седници на парламент, измени и дополнувања на законот за гражданство итн. во моментов државјанство можат да добијат само оние кандидати кои имаат Мајка или Татко бугарски државјанин или стар документ. Све друго што е со потврди, братучеди, вујковци, стрини или се става на дополнителна или отказ.
Гледам се размрда форумов од кога многу луѓе сфатија дека реално има голем проблем во Софија, дел од нив веројатно се посредници кои спамираат и ќе спамираат дека се е во ред и потврдите поминувале не знам ти што.
Највеќе мразам кога луѓе се изманипулирани и излажани само за да им се земат парите.
До тие што сеуште не се во процедура за државјанство и немаат оригинални документи или родители бугарски државјани: Почекајте месец, два, три...да видиме што ќе се реши во Софија па потоа поднесувајте. Вака џабе е све. Пратиме се во Софија и се објавува секоја нова информација околу државјанствата и законот што го чекаме.
Тој што убедува дека од "сигурни" извори од ДАБЧ, МП, ЦИА, КГБ, МОСАД добил инфо дека се е ОК, потврдите поминувале..., е изманипулиран од некој друг или сака да манипулира тука на форумов. И тие во Софија кои ќе одлучуваат за оваа работа и се директно вмешани не знаат како ќе заврши се зошто колку што разбравме, се дискутира и се е во тек, а кога ќе се реши и како, никој ама апсолутно никој не знае.
За тие со оригинални документи: внимавајте и проверувајте ги документите за да докажете директна врска до носителот на документот, и не наседнувајте да се обидувате да поднесувате лажни документи зошто се се проверува детално.
Прегледај го приврзокот 178007 Прегледај го приврзокот 178008
Прегледај го приврзокот 178006