3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Распоред - есенски дел од општинска лига Тетово. Ново формирани екипи се ФК Дервен од Ларце, Младост од Туденце, и Руфеја од Милетино.

Првото коло ќе се одигра на 23-24 Септември.

21740877_1109230095887915_5871121289341525856_o.jpg
 
Јас само да напоменам дека викендов започнаа со играње и третите лиги-север, запад и југ, а за резултатите за ова коло но и за натамошните има една фантастична страна macedonianfootball.com иако верувам дека ја знаете, која одлично ги ажурира резултатите, покрај од првата, вторите и од сите 6 трети лиги, за разлика од ФФМ , која иако под нејзина капа се играат натпревариве, не објавува никакви резултати ниту табели. Од она што ме изненади, на северот не го гледам Металург, но ја гледам Цементарница, што се случило со сениорскиот тим на Металург не знам, а гледам дека на нивниот фејсбук објавуваат резултати од нивните пионерски и кадетски екипи. На западот пак, симболот на македонскиот фудбал ФК Напредок-Кичево оваа сезона очигледно ќе игра само за да преживее, по првиот резултат сезонава каде загуби на домашен терен од Вардари Форино со 1-4. За југот по првите резултати, не знам дали Детонит Јуниор е толку јак или Партизан Баш е толку слаб, но вака Радовишани изгледаат за кандидат за влез во 2 лига, не е мала работа да победиш со 16-1 без разлика која е силината на противникот. Покрај ова, на југот гледам нови екипи, како на пример Спартмани од (веројатно) Дабиле кои порегуларен пат не обезбедија пласман во 3 лига, а го нема Зорбас од Мрзенци, па ни Огражден кој обезбеди пласман од ОФС Струмица. Очигледно на негово место дополнително е повикан Партизан Баш, кои немале време да склопат добра екипа и партали ги направиле во Радовиш.
 
Последно уредено:
Некои лиги беа составени по принципот, ќе игра тој што ќе се пријави.
Ќеиф ми е што ја гледам Цементарница на табелата, а многу ми е мило што ги нема Металург. Чувствував дека ќе се распаднат годинава.
 
ИСТОК: http://macedonianfootball.com/index...unc=showresultsrank&p=34&Itemid=40&r=2#jl_top

ЦЕНТАР: http://macedonianfootball.com/index...unc=showresultsrank&p=31&Itemid=40&r=3#jl_top

ЈУГОИСТОК: http://macedonianfootball.com/index...unc=showresultsrank&p=35&Itemid=40&r=1#jl_top

СЕВЕР: http://macedonianfootball.com/index...unc=showresultsrank&p=37&Itemid=40&r=1#jl_top

ЗАПАД: http://macedonianfootball.com/index...unc=showresultsrank&p=36&Itemid=40&r=1#jl_top

ЈУГОЗАПАД: http://macedonianfootball.com/index...unc=showresultsrank&p=30&Itemid=40&r=4#jl_top[DOUBLEPOST=1505682885][/DOUBLEPOST]
Распоред - есенски дел од општинска лига Тетово. Ново формирани екипи се ФК Дервен од Ларце, Младост од Туденце, и Руфеја од Милетино.

Руфеја не е нов клуб, туку беше неактивен цели 3 години. претходно играше 3 сезони во втора лига, последната се откажа на полусезона.[DOUBLEPOST=1505682948][/DOUBLEPOST]

не е тој
 
Бабуна - Вардар Неготино 0 - 2 и најголемиот конкурент според коментарите од членовите погоре надигран и победа на гостински терен,Вардар сигурно се враќа во втора лига.
 
Бабуна - Вардар Неготино 0 - 2 и најголемиот конкурент според коментарите од членовите погоре надигран и победа на гостински терен,Вардар сигурно се враќа во втора лига.
Нема бараж дуели за влез во втора лига?

Ваљда до тогаш ќе ги средат соблекувалните :) .. да не речам два нужника, што ги градат трета сезона.
 
нема баражи, првопласираните ќе си влезат директно. од двете втори испаѓаат последните 3, така да таман има место за по една од 6-те трети.
 
нема баражи, првопласираните ќе си влезат директно. од двете втори испаѓаат последните 3, така да таман има место за по една од 6-те трети.
На rezultati.com 5-то, 6-то и 7-мо место на табелата се обележани како Relegacija play off
 
епа Резултати не се замарале да ги прочитаат пропозициите за натпреварување за Втора Лига 17/18 објавени на ФФМ туку си извадиле правила од ракав.

http://ffm.mk/media/files/Propozicii-Vtora-MFL--2017--18-UO-MF.pdf

скролај до член 50 (испаѓање) и член 52 (пополнување)
 
Од минатата недела Вардар Неготино - Братство 2-1 и од денеска Росоман - Вардар Неготино 0-3,Вардар влегува во втора лига преостанува само рутински си ја завршат работата играчите.

https://www.facebook.com/kostadin.petrov.50999/videos/1968941956709789/
https://www.facebook.com/coce.kostadinovski.7/videos/2073678819532658/

Головите со Бабуна во Велес,играчите се од Велес,незнам зошто Борец не си ги задржал дефинитивно се материјал за во втора лига.
 
Првиот не бил доволно добар за Пане од Драчево, а вториот никогаш нема да биде играч затоа што кога играше секад ја имаше топката со два три допира повеќе од тоа што треба
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom