Веќе имам видено што си напишал и токму на таа основа ти велам дека сите твои заклучоци се погрешни, оти се засновани на „ништо„, односно се засновани на тебе самиот, без никаков познавање на темата на која си се јавил за муабет.
Почни да пишуваш слободно, никој не ти забранува....
Моите заклучоци не се базираат од "ништо" и не се засновани на мене самиот. Јас не го измислив тоа дека Бог создал се. Така сум слушал дека го фалат религиозните. А според таа логика испаѓа дека ги создал и чувствата и особините и добри и лоши. Јас не измислив дека Бог знае се само ги слушам религиозните како зборуваат за Бога и го фалат дека се знае па и нашите мисли. По таа логика знае кој што ќе направи уште пред да се направи и не би имало поента за тестирања. Јас не ги измислив овие работи само пренесувам како религиозните го претставуваат Бог. А тоа прашање што го поставив неколку страни претходно беше со цел да се даде објаснување за Бог. А не за јас да си го правдам мојот атеизам или да го гледам Бог како зло битие. А темата и самиот си рече дека гласи "Дискусија за...". Така што и ти можеш да ми поставуваш прашања за нешто поврзано со атеизмот доколку мислиш дека треба.
А сега да преминам на тоа за злото.
П.С. овој дел од мислењево не се однесува само за тебе туку и за другите.
-Да не праам дупло мислење затоа ставам во еден коментар.
Злото според филозофијата за јин и јанг треба да постои бидејќи не би постоело ни добро.
Како ќе се искорени злото? Тоа било често поставувано прашање како и. Од каде потекнува?
Да го земеме за пример убиството. Зошто е убиство. Ние покрај природна смрт можеме да умреме и од рана. Така сме создадени или сме еволуирале до тој тип на совршенство. Но да речеме дека сме создадени или еволуирани до тип на совршенство каде што ниту од рана не би можеле да умреме тогаш ниту самото убиство не би постоело. Бидејќи ако не можеме да умреме од било каква рана тогаш и не би можеле ни да бидеме убиени. Со тоа и самото убиство не би постоело.
Така што повеќе би се рекло моменталната состојба на она што го нарекуваме убиство е поради нашата смртност од рана. Повеќе станува збор за перцепција на тоа како во моментов гледаме на работите.
Слично е со насилството. Кога не би постоела болката и последица од ударот што ја нанел ние тоа не би го гледале како насилство.
Злото(гледајќи од моментална перцепција) склоноста кон убивање и друго не може да ги уништиме. Ние можеме да го победиме искушението од злото или да паднеме на него. Но тие особини и емоции не можеме да ги искорениме од нас. Можеме само да го одбегнуваме злото, но тоа секогаш ќе биде овде за да не искушува.