Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.728
Поени од реакции
21.311
а која државна фирма гради мини електрани?
јас бев најгласен во тврдењето да стотиците милијарди евра дадени за скопје 2014, за кинески имитации на мермер, индиски стиропор, споменици од ламарини, вртелешки рингишпили и луна паркови, бетонски бродови, плажи на вардар, палми во бетонски саксии... треба да се дадат на гасификација на македонија (150 милиони евра) 2 поголеми хидроцентрали (400 милиони евра) со што ќе се добие доволно струја за домашна употреба и за извоз како и ефтин гас за претпријатија и фабрики со што би се мотивирале инвестиции во индустрија.
Е сега кога Македонија е фрлена на колена, кога нема ни струја ни гас кога треба да увезува секоја година 200 милиони евра електрична енергија, и кога треба 20 поколенија да отплаќаат хонорарите и дневниците на минатата власт - зошто некој правел мини хидроцентрали?
И по вмро, сдс .. народот гласаше за да се смени ситуацијата а не партијата која ќе краде.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
не знам што си прочитал. За инфраструктурата е виновен градоначалникот, каква и да е, кој и да е. Ако вие народот го наградувате со 3-4 мандати узастопце, тоа е ваш проблем. За системите за наводнување, белким не треба се да ви се даде бесплатно од буџет? А бтв, сигурно знаеш за системот капка по капка од УСАИД од пред 4-5 години? Клечовце, Лопате, Пелагонија...Вие ако таксирате, произведувате најлони, отворите кафана...државата треба да ви донира? Не знам, чудно е тоа.
а што јас пишувам, прстите пена ми фатија. Дека производството е нископродуктивно и инертно. Епа не може чевлар Амо со алат и модели од лански век, без маркетинг и се по список да заработи повеќе од една Штипска фабрика за чевли со сите салтанати.
Пријателе, изгледа двајцата сме на иста бранова должина само малку од поразлична перспектива ги гледаме работите.
Никој не вели дека треба нешто да му се даде на поклон ниту пак бара.
Кога се зборува за субвенционирањето повеќе од јасно е дека субвенциите за било каков производ, не само во земјоделието се штетни. Впрочем тоа го потврдува и економијата како наука. Јас сум прв да се укинат субвенциите и средствата да се пренасочат повторно во инвестиции во земјоделието но на поинаков начин, проекти за модернизација и ревитализација, обуки, градење на земјоделска инфраструктура и.т.н.
Меѓутоа има некои работи кои треба од корен да се променат а ги споменав во детали во мојот прв пост. Знам дека е малку подолг, ќе те замолам да најдеш малку време и да го прочиташ.
За гласањето ќе те замолам да не генерализираш. Пробувам да го искажам моето критичко мислење без да зазевземам страна. Лично не сум видел корист ниту од едните ниту па од другите па си земам за сходно да бидам што пообјективен и непристрасен.
Иако знам на што алудираш кога велиш "ги гласавте" и се согласувам, во голема мера и земјоделците се виновни за состојбата во која се наоѓаат.

Модернизацијата во земјоделието е нужна. За жал живееме во такво време каде ситните фармери кои нема да држат чекор со времето ќе бидат истиснати од поголемите. Капитализмот е поставен на такви основи.
И знам за сите тие проекти и ИПАРД програми за развој и поддршка на земјоделието, не е спорно дека грдна пара се истури во овој сектор а резултатите се минорни, ги нема.
Не сакам да се повторувам, прочитај каде во најголем дел завршија тие средства, во чии џепови. Моментот кога сите овие работи ќе се поправат тогаш може да зборуваме за фер конкуренција и пораст на производството во земјоделието.
Како што реков, субвенциите и нивната неправична распределба се само капка во морето проблеми во кои се дави македонското земјоделие.

Еве само да се надоврзам на твоето мислење и да ти докажам дека стоиме на иста линија во ставовите.
Познаник на татко ми годинава од субвенциите за тутун си ја среди комплетно фасадата на куќата со сите салтанати, термо изолации и што уште не. Тутунот го работи со аргати, еден вид сезонски работници. Ги плаќа од час. Тие не се осигурани, значи не плаќа никакви даноци како нормалниот сопственик на бизнис во државава а изиграва газда, бизнисмен.
Има земено тендер за државно земјоделско земјиште кое дел го сади со сопствени култури а дел го издава под кирија на други ситни земјоделци. Се разбира ова е нелегално и казниво но ова е Македонија. Истиот не зема директно пари на рака за кирија туку ги обврзува закупците тој да врши обработка на земјиштето со сопствена механизација, повторно добиена преку државата од европските фондови за модернизација на земјоделската механизација со повраток на вложените средства од 50% а во некои случаеви, зависно од возраста и местото на живеење на субјектот и до 90% повраток на средства. Тоа зависи дали поединецот е осигуран млад земјоделец од неразвиено планинско подрачје. Каква таргет група, а? Или упростено, зема трактор кој кошта 10 илјади евра, ги уплаќа, потоа државата од фондовите му враќа 9000 евра и младиќот има нов трактор со клима уред за 1000 евра. 1000 евра мито и честало за службеникот во агенцијата за земјоделие кој ја овозможил оваа зделка.
Да се надоврзам. Со оваа механизација земјопоседникот му ја обработува земјата што му ја дал на ситните фармери кои не се во можност да дојдат до такви бенефиции и на тој начин индиректно си ги покрива трошоците за киријата а воедно брка и друг бизнис со неговата фенси механизација, обработка на земјиште, орање, садење и.т.н.

Ете тоа направија субвенциите во земјоделието. Кога државата ќе направи напор овие работи да се искоренат, кога распределбата на земјоделското земјиште ќе биде транспарентна, помошта ќе стигне во рацете на вистинските земјоделци.
Јас имам чувство дека со ваквите мерки повторно најоштетени ќе бидат обичните земјоделци. Државата треба да ги заштити најпрво нив, да овозможи фер откуп и пласман, пристапни цени за репро и фито материјали. Овие работи треба да бидат приоритетни.
Извини за долгиот одговор
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Што има врска што се различни категории, државата е задолжена да им помогне/олесни во работата и на тие и на тие.
Државата ради поени тоа го прави. Али ајде нека ти биде. И повторно грешиш. Да кажеме за производот, земјоделецот добива минимална цена. За трудот, работникот добива минимална плата. Земјоделецот добива субвенции по триста вакви онакви основи. Работникот не зема ништо повеќе од тоа. Зашто ставаш равенство?Зошто чевларот или друг производител да не добие субвенции?
Да произведуваат 3-3.5/ха сега, порано било сигурно многу помалце. Да не мислиш во УК и ЕУ преку ноќ почнале да произведуваат такви просечни бројки или имаат инвестирано со години во земјоделството ?
Порано...порано откако е приватизирано земјоделството, просекот пченица е 2.5-3.5 тони, со мало едвај видливо подобрување. Лани ради годината имаше многу род. Оваа година ќе го јаде Македонија стапот за пченица. Значи нема некој напредок према парите што се двојат.
Овде вели просекот компир во Холандија е 50 тони. Овој фармер произведува од 0.4 хектари повеќе (23 тони) отколку просечен земјоделец кај нас од хектар. Зошто нашиот земјоделец не воведе современ систем со кој ќе добие 3-4 пати повеќе род од иста површина?
Иако не е се во инвестирањето треба и конкретни планови од страна на надлежните министерства, не може сами земјоделците се да направат.
ами зашто досега даваа толкава пара субвенции ако сево ова го немаа испланирано и остварено.
За почеток пак ќе повторам ниту една влада не се потруди да донесе доволно 1) преработувачки капацитети и 2) откупни центри за земјоделски производи, не направија ништо околу 3) окрупнување на земјоделското земјиште и не се инвестираше ништо во 4) системи за наводнување и после сакаме конкурентно земјоделство
млад си веројатно. Во 1998-1999 формираа Агроберза со намера да складираат пакуваат производи и да си оди се како што треба, пазарни цени, понуда, побарувачка, откуп, извоз и слично. Берзата не заживеа затоа што немаше интерес. Земјоделците не сакаа да носат производи за пакување, скапо им било. Па си живуркаше берзата како фирма и сега не знам што стана со неа. Битно, за ова кочеа и самите производители. Можи имаше и некои игри кои јас не ги знам. Па требаше да се гради карго аеродром Струмичко, па после се предомислија Штипско...па на крај и од тоа ништо. Ако видиш, ние немаме асален пазар на големо не па нешто друго.
За окрупнување и наводнување имаше предлози до владата од некои професори на земјоделски. Тие исто збореа за напразно фрлените пари за субвенции. За жал, на властите им беа потребни гласови и до ден денес тоа си остана така.

И не е оваа тема за земјоделие. Повеќе е за инвестициски бум. Поентата беше таа, џабе фрлени пари. Веројатно сега имаат план да го стимулираат производството. А како, не знам.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.252
Поени од реакции
16.401
на комисија за лустрација. Не се даваат и не се даваат...у секоја пора се упикани.

Според Аневски, најверојатно прво ќе треба да завршат локалните избори, па потоа да започне процедурата за избор на нов јавен обвинител. Огласот го распишува владата, а Собранието го избира на предлог на владата.
кому смета Лустрацијата ?? ... имнало еден погрешно лустриран а се молчи за невини луѓе убивани, кај нас и во 90-тите имаше се уште елементи од удба...
Имаше прееска на МТМ, Титовите бригади на смртта, а еве и од ДВ за ликвидациите на хрватските емигранти во 80-тите и актуелно судењето на Перковиќ и Мустач од УДБА....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
кому смета Лустрацијата ?? ... .
А зошто не се почитува препораката на Европарламентот да се лустрира персоналот на сегашните тајни служби? И зошто не се почитува препораката на Европарламентот да се префрлат сите документи од тајните служби во просториите на Комисијата на трајна основа?"

Надлежните институции немаат одговор на овие прашања нема. Трајаноски потсетува дека нема одговор и за прашањата што произлегуваат од мислењето на Венециската комисија во Советот на Европа, дадено за македонскиот закон.

„Зошто не почитува мислењето на Венециската комисија дека 'политичките, идеолошките и партиските причини не треба да се користат како основа за лустрација, бидејќи стигматизацијата на политичките противници не е прифатливо средство на политичка борба во држава во која владее правото'? Зошто се лустрираат само поранешни функционери, кога Уставниот суд веќе утврди дека тоа нема смисла, освен ако повторно станат кандидати или носители на јавни функции? Зошто не се почитува ставот дека 'името на лустрирано лице може да се објави само по донесувањето на правосилна судска одлука'? Зошто не се почитува укажувањето дека 'неприсуството на засегнатото лице во постапката пред Комисијата е спротивно на неговите права на одбрана'?"

Посебно прашање заслужува и случајот со поранешниот министер за внатрешни работи, ако се има предвид дека тој еднаш успешно ја поминал лустрациската проверка како претседателски кандидат.

Професори од Правниот факултет подолго време прашуваат кои се експертите - автори на новиот закон за лустрација, кои во него ги вметнале истите членови кои два пати веќе паднаа на Уставен суд. Но, обидот да се добие одговор на ова прашање наликува на невозможна мисија. Членот на Комисијата за лустрација, Чедомир Дамјановски кој вчера единствен гласаше против незаконското лустрирање на бивши функционери, вели:

„Никој не знае кои се автори на законот. Тоа стана државна тајна. Но кои и да се, сигурно се дилетанти. Ваков башибозук од закон, без почитување на презумпција на невиност и со толку неуставни одредби, досега не сме виделе".

И претседателот на Комисијата, Томе Аџиев, не знае чиј е авторскиот потпис на законот.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.511
а која државна фирма гради мини електрани?
јас бев најгласен во тврдењето да стотиците милијарди евра дадени за скопје 2014, за кинески имитации на мермер, индиски стиропор, споменици од ламарини, вртелешки рингишпили и луна паркови, бетонски бродови, плажи на вардар, палми во бетонски саксии... треба да се дадат на гасификација на македонија (150 милиони евра) 2 поголеми хидроцентрали (400 милиони евра) со што ќе се добие доволно струја за домашна употреба и за извоз како и ефтин гас за претпријатија и фабрики со што би се мотивирале инвестиции во индустрија.
Е сега кога Македонија е фрлена на колена, кога нема ни струја ни гас кога треба да увезува секоја година 200 милиони евра електрична енергија, и кога треба 20 поколенија да отплаќаат хонорарите и дневниците на минатата власт - зошто некој правел мини хидроцентрали?
Дали имаш информација колку години државата ќе му го плаќа на Анѓушев киловатчасот произведен од таа минихидроцентрала со субвенционирана стапка како струја добиена од обновливи извори на енергија?
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.789
Поени од реакции
1.700
Државата ради поени тоа го прави. Али ајде нека ти биде. И повторно грешиш. Да кажеме за производот, земјоделецот добива минимална цена. За трудот, работникот добива минимална плата. Земјоделецот добива субвенции по триста вакви онакви основи. Работникот не зема ништо повеќе од тоа. Зашто ставаш равенство?Зошто чевларот или друг производител да не добие субвенции?
Порано...порано откако е приватизирано земјоделството, просекот пченица е 2.5-3.5 тони, со мало едвај видливо подобрување. Лани ради годината имаше многу род. Оваа година ќе го јаде Македонија стапот за пченица. Значи нема некој напредок према парите што се двојат.
Овде вели просекот компир во Холандија е 50 тони. Овој фармер произведува од 0.4 хектари повеќе (23 тони) отколку просечен земјоделец кај нас од хектар. Зошто нашиот земјоделец не воведе современ систем со кој ќе добие 3-4 пати повеќе род од иста површина?
ами зашто досега даваа толкава пара субвенции ако сево ова го немаа испланирано и остварено.
млад си веројатно. Во 1998-1999 формираа Агроберза со намера да складираат пакуваат производи и да си оди се како што треба, пазарни цени, понуда, побарувачка, откуп, извоз и слично. Берзата не заживеа затоа што немаше интерес. Земјоделците не сакаа да носат производи за пакување, скапо им било. Па си живуркаше берзата како фирма и сега не знам што стана со неа. Битно, за ова кочеа и самите производители. Можи имаше и некои игри кои јас не ги знам. Па требаше да се гради карго аеродром Струмичко, па после се предомислија Штипско...па на крај и од тоа ништо. Ако видиш, ние немаме асален пазар на големо не па нешто друго.
За окрупнување и наводнување имаше предлози до владата од некои професори на земјоделски. Тие исто збореа за напразно фрлените пари за субвенции. За жал, на властите им беа потребни гласови и до ден денес тоа си остана така.

И не е оваа тема за земјоделие. Повеќе е за инвестициски бум. Поентата беше таа, џабе фрлени пари. Веројатно сега имаат план да го стимулираат производството. А како, не знам.
И порано имам пишувано на оваа тематика, за штетноста на субвенциите, посебно на овие субвенции што одат во недоглед. Ти убаво ги разбираш работите и сигурно си постручен да зборуваш на оваа тематика.Овие милиони евра што се фрлаат по земјоделците немаат никаков ефект на стопанството, според мене подобар избор е да се вложат во ИТ секторот отколку нешто толку банално како земјоделството, веројатно поголема корист ќе имаше Македонија како држава а и младите. Друга работа која сакам да ја потенцирам, е дека младите денеска многу ретко се одлучуваат на земјоделие, а почесто се доселуваат во градовите, најчесто Скопје каде имаат поголема надеш да најдат стабилна работа, тоа највеќе оди преку факутелтетот. Ниту еден од младите луѓе кои учеа со мене не се вратија назад од каде што дојдо. А искрено не ги ни обвинувам, со такви цени и јас не би работел, иако на нас ни се чини дака цените по пазарите и маркетите се големи, сепак многу од тие цени се должат на тоа што трговците/откупувачите ги продаваат по цени неколку пати поголеми од тие што им ги плаќаат на земјоделците и доведува до жалење и од страна на купувачите, а и од страна на земјоделците за високите/ниските цени. Исто така македонските постари земјоделци се припрости и не знаат да им го пренесат соодветното знаење на помладите, и многу често тие се тотално незапознаени со светските трендови и техники во земјоделието, особено ако не биле на земјоделски факултет. И сето ова доведува до масовно иселување на младите во Скопје или претежно во странство, со што земјоделието полека но сигурно изумира, доколку не се преземе нешто. Нз колку е вистинито тврдењето дека Македонија е земјоделска земја останато од Југославија, бидејќи земјоделството тогаш и сега е многу различно. Јас мислам дека Скопје ќе продолжи да расте и да се зголемува бројот на иселени од државата, на сметка на селата и помалите места, каде ќе останат локалните аги со нивните имоти, претежно албанци.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Дали имаш информација колку години државата ќе му го плаќа на Анѓушев киловатчасот произведен од таа минихидроцентрала со субвенционирана стапка како струја добиена од обновливи извори на енергија?
Тоа ти го одредува Регулаторна комисија со тарифник.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
http://kurir.mk/makedonija/vesti/mladinska-maalska-sredba-vo-prilep-mladite-porachaa-ubedlivo-pobeduvame-vo-prv-krug-foto/

И така ви викам, во Прилеп за три месеци се отселиле 20 000 млади. Заев нека си ја насели Македонија со мигранти и нека пушта пари со арапски бројки кога за три месеци ги набрка 20 000 од Прилеп.
,Хммм случајно некако на сликава се нашле новопримени цајканчиња, кои не ги исполнуваат баш условите...интересна коинциденција.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.511
Тоа ти го одредува Регулаторна комисија со тарифник.
Не те прашава кој го одредува туку колкава е цената. Додуша претпоставував дека појма си немаш и само тропаш празна слама ама ај си реков да прашам за секој случај.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Да не ја шириме премногу темава и да не забегуваме оффтопик бидејќи не се однесува конкретно на состојбите во земјоделието туку општо за целокупните политички случувања во земјава само ќе додадам дека: ова е типичен пример во кој правец досега се движеше македонското земјоделие, да се надеваме дека во иднина ќе биде подобро иако јас лично сум скептик по ова прашање, имајќи ги во предвид моменталните случувања и масовното иселување на младите се сомневам дека некој воопшто ќе остане да се занимава со земјоделие, впрочем и со право.
Неопходни се темелити промени во сите аспекти на живеење во државата. Потребни се вистински реформи а не само гола реторика и паламудење по медиуми дека нешто се прави. Вистинските реформи се тешки но нужни, истите тие на среден и на долг рок носат промени кон подобро. Треба да се направи целосен рез во сите институции, законите да почнат да важат за сите.
Ние губиме време со некои банални националистички закони каде во нормални држави е смешно да се дискутира.
Имаме обвинети политичари натоварени со еден куп дела за кои е повеќе од јасно дека ги направиле, но како што стојат работиве ќе се изнагледаме уште еден куп циркузи и обиди за заташкување и замајување на јавноста. Најтажно од се е дека ова успева кај нас. Политичариве не имаат прочитано како селски буквар со каков прост народ си имаат работа. Да бевме ние малку попаметни немаше да дозволиме да не водат вакви маргиналци на кои во школо му мавале чврги на голем одмор, вакви исфрустрирани клептомани кои би ја продале сопствената мајка за власт.
Само видете ги со каква самодоверба уште се појавуваат во јавност, без трошка срам и достоинство, бескичмењаци. Нормален човек после такви обвиненија би се скрил во најдлабоката дупка, никогаш не би се појавил во јавност, а овие уште пак се местат за фотељи и се спремаат за избори како ништо да не било.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не те прашава кој го одредува туку колкава е цената. Додуша претпоставував дека појма си немаш и само тропаш празна слама ама ај си реков да прашам за секој случај.
Треба да ти објаснувам работи кои не ги разбираш па после “а шо е ова а шо е она“ изградба на мини хидроцентрали не е толку атрактивна ко шо мислиш, да беше така немаше да има толку слаб интерес, и толку откажувцања до сега, регулаторна комисија има правилник, и по него формира цена, во зависност од испорачана електрична енергија на месечно и на годишно ниво, пошто немам мини централа и не сум продавал струја, она пшто знам е дека едно време се движеше од околу 4 центи па до 12 центи за киловат час, во зависност од испораката)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.511
Треба да ти објаснувам работи кои не ги разбираш па после “а шо е ова а шо е она“ изградба на мини хидроцентрали не е толку атрактивна ко шо мислиш, да беше така немаше да има толку слаб интерес, и толку откажувцања до сега, регулаторна комисија има правилник, и по него формира цена, во зависност од испорачана електрична енергија на месечно и на годишно ниво, пошто немам мини централа и не сум продавал струја, она пшто знам е дека едно време се движеше од околу 4 центи па до 12 центи за киловат час, во зависност дали од испораката)
Ај те молам потруди се да ми објасниш. Ептен сакам да прочитам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom