не знам што си прочитал. За инфраструктурата е виновен градоначалникот, каква и да е, кој и да е. Ако вие народот го наградувате со 3-4 мандати узастопце, тоа е ваш проблем. За системите за наводнување, белким не треба се да ви се даде бесплатно од буџет? А бтв, сигурно знаеш за системот капка по капка од УСАИД од пред 4-5 години? Клечовце, Лопате, Пелагонија...Вие ако таксирате, произведувате најлони, отворите кафана...државата треба да ви донира? Не знам, чудно е тоа.
а што јас пишувам, прстите пена ми фатија. Дека производството е нископродуктивно и инертно. Епа не може чевлар Амо со алат и модели од лански век, без маркетинг и се по список да заработи повеќе од една Штипска фабрика за чевли со сите салтанати.
Пријателе, изгледа двајцата сме на иста бранова должина само малку од поразлична перспектива ги гледаме работите.
Никој не вели дека треба нешто да му се даде на поклон ниту пак бара.
Кога се зборува за субвенционирањето повеќе од јасно е дека субвенциите за било каков производ, не само во земјоделието се штетни. Впрочем тоа го потврдува и економијата како наука. Јас сум прв да се укинат субвенциите и средствата да се пренасочат повторно во инвестиции во земјоделието но на поинаков начин, проекти за модернизација и ревитализација, обуки, градење на земјоделска инфраструктура и.т.н.
Меѓутоа има некои работи кои треба од корен да се променат а ги споменав во детали во мојот прв пост. Знам дека е малку подолг, ќе те замолам да најдеш малку време и да го прочиташ.
За гласањето ќе те замолам да не генерализираш. Пробувам да го искажам моето критичко мислење без да зазевземам страна. Лично не сум видел корист ниту од едните ниту па од другите па си земам за сходно да бидам што пообјективен и непристрасен.
Иако знам на што алудираш кога велиш "ги гласавте" и се согласувам, во голема мера и земјоделците се виновни за состојбата во која се наоѓаат.
Модернизацијата во земјоделието е нужна. За жал живееме во такво време каде ситните фармери кои нема да држат чекор со времето ќе бидат истиснати од поголемите. Капитализмот е поставен на такви основи.
И знам за сите тие проекти и ИПАРД програми за развој и поддршка на земјоделието, не е спорно дека грдна пара се истури во овој сектор а резултатите се минорни, ги нема.
Не сакам да се повторувам, прочитај каде во најголем дел завршија тие средства, во чии џепови. Моментот кога сите овие работи ќе се поправат тогаш може да зборуваме за фер конкуренција и пораст на производството во земјоделието.
Како што реков, субвенциите и нивната неправична распределба се само капка во морето проблеми во кои се дави македонското земјоделие.
Еве само да се надоврзам на твоето мислење и да ти докажам дека стоиме на иста линија во ставовите.
Познаник на татко ми годинава од субвенциите за тутун си ја среди комплетно фасадата на куќата со сите салтанати, термо изолации и што уште не. Тутунот го работи со аргати, еден вид сезонски работници. Ги плаќа од час. Тие не се осигурани, значи не плаќа никакви даноци како нормалниот сопственик на бизнис во државава а изиграва газда, бизнисмен.
Има земено тендер за државно земјоделско земјиште кое дел го сади со сопствени култури а дел го издава под кирија на други ситни земјоделци. Се разбира ова е нелегално и казниво но ова е Македонија. Истиот не зема директно пари на рака за кирија туку ги обврзува закупците тој да врши обработка на земјиштето со сопствена механизација, повторно добиена преку државата од европските фондови за модернизација на земјоделската механизација со повраток на вложените средства од 50% а во некои случаеви, зависно од возраста и местото на живеење на субјектот и до 90% повраток на средства. Тоа зависи дали поединецот е осигуран млад земјоделец од неразвиено планинско подрачје. Каква таргет група, а? Или упростено, зема трактор кој кошта 10 илјади евра, ги уплаќа, потоа државата од фондовите му враќа 9000 евра и младиќот има нов трактор со клима уред за 1000 евра. 1000 евра мито и честало за службеникот во агенцијата за земјоделие кој ја овозможил оваа зделка.
Да се надоврзам. Со оваа механизација земјопоседникот му ја обработува земјата што му ја дал на ситните фармери кои не се во можност да дојдат до такви бенефиции и на тој начин индиректно си ги покрива трошоците за киријата а воедно брка и друг бизнис со неговата фенси механизација, обработка на земјиште, орање, садење и.т.н.
Ете тоа направија субвенциите во земјоделието. Кога државата ќе направи напор овие работи да се искоренат, кога распределбата на земјоделското земјиште ќе биде транспарентна, помошта ќе стигне во рацете на вистинските земјоделци.
Јас имам чувство дека со ваквите мерки повторно најоштетени ќе бидат обичните земјоделци. Државата треба да ги заштити најпрво нив, да овозможи фер откуп и пласман, пристапни цени за репро и фито материјали. Овие работи треба да бидат приоритетни.
Извини за долгиот одговор