Здраво, може ли некој поискусен да ми даде совет во врска со
кој (или кои) клима уред да го изберам. Генерално би ја (ги) користил
за греење.
Досега се греев на вивакс 12 аеци модел мала соба ~16м2 стара куќа даски под, трска таван додатно покриен со гипс. Задоволен сум од виваксот и од греењето на клима бидејќи стварно е економично, освен што во најладните денови зимото vivaksot се мачеше ептен и не можеше да згрее доволно.
Сега ми е потребен систем за во понова куќа но
без изолација, зид цигла, надворешни зидови на северо-запад, дрвени прозори врати со термопан стакло., Внатрешни скали... Моментално ќе користам дневна и кујна на прв спрат плус една (од две) спална на втор спрат. Скицата од куќата е прикачена.
Секако најважно е економичноста и да има добро загревање претежно во дневна како соба која највеќе се користи.
Прв спрат
Дневна 35м2 + кујничка околу 7м2 (споена со дневна но не отворена, има врата)
2 прозори 2,35х1,35
2 врати (за тараса) 2х0,75
Втор спрат
Спална ~16м2
Спална ~20м2 (која моментално нема да се користи но потребно е да имам опција за во иднина да се додаде и овде греење)
Ме интересира повеќе за оние парапетни единици, која е предноста,
дали е подобро да се оди со мултисплит систем па во секоја соба по една внатрешна единица или некој друг систем...
мдени спомна
Може само да трошат помалку парапетните а не повеќе затоа што црпат ладен воздух од доле кој е 20 степени и го греат на 45, што е многу поефикасно кај клими, отколку да земаат оздух кој е 29 степени од таванот и да го загреваат на 45 степени.
Потрошњата воопшто да не те мисли, затоа што веројатно ти си гледал нешто друго или не си сфатил што е поентата. Ако немаш место е друго, ама за греење нема подобро од парапетни. Поготово ако се 2, многу подобро ќе е загреан подот отколку со ѕидна единица.