да оставиме сега сегашнава, прошлата, ова онаа. Не беше тоа прашање. Ти самиот постираш твитови и велиш дека тој човек е во право. Ти кажав зошто не е и те прашав, ај да ги повторам прашањата
зашто ние не сме за веб попис?
проблем е софтверот или базите на податоци?
Што значи тоа нереални бројки и дали бројките од 2002 беа реални? кои се реални, според што?
Ако не, дали сите изборни резултати досега биле фактички фалсификати? И сите други податоци (бдп, плати...)?
Ако да, како одеднаш сега нему му праеле фалсификати на терен?
Сигурно знаеш колку години наназад се преземаат активности за еден попис, па знаеш и дека оваа
официјална информација за прекин на пописот е детска патриотска
лага.
Кај виде твит за пописот не ми е јасно, видео од изјава на Груевски ставив.
Коа ќе имаш прилика да се запознаеш со веројатност и статистика, пописот на население во статистиката се смета за најкомплесна операција, кај нас додатен проблем е шо е максимално политизирана.
Таква комплексана операција кај нас е сведена на колку се наши и ваши, шо нема врска, ама такви се околностите.
Поради таа политизираност не може да се реализра, кај нас физички не може да се изведи не пак веб попис.
Може ако е чисто показно тоа.
Кој софтвер и кој бази на податоци ти ги имаш воопшто, па за да бидат проблем истите?
Сам Груевски изјави дека нема ништо од тоа, која ти е поентата шо измеша сега изборен фалсификат тука?
Реални податоци ти се тие од 2002 пописот, шо до ден денес се оспорувани дека биле штелувани а не се најде никој тоа да го корегира со нов попис, тоа дека нема услови до 2021 за нов попис несфатливо ми е мене, не знам за тебе.
Еве самиот си постирал наслов дека пописот е политизиран, тоа шо не се реализирал е одговорност на Груевски, ама од друга страна пак по автоматизам тоа не ја прави лага неговата изјавата за политички притисок и обид за фалсификат.
Сите манипулации кои се правени, а се правени по однос на број на невработени, енормно зголемување на број на студенти, привремена работа во странство сега е шанса да се докажат. И некој да одговара за сето тоа.
Не е црно бело, ти кажав, и расипан часовник во текот на денот два пати покажува точно време.
Не ми е јано кој се обидува да наметне наратив дека сега се е во ред, може да се исклучи мозокот, Груевски не е на власт а со тоа треба слепо да се следи сегашнава власт, демек нема потреба од критика сега.