Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали може некој да објасни нешто повеќе за предметите:
- Формални јазици и автомати
- Интернет програмирање
- Основи на телекомуникации
- Објектно ориентирана анализа и дизајн

кој од овие е најлесен заполагање.....што се учи во предметите......како се полагаат.....лабараториски вежби и т.н.
 
ООАД е речиси ист како и Менаџмент на информациски системи.

МПИП
МИС
Се учи UML и се полага на хартија. Добиваш текстуален опис за некаква апликација (околу 1 страна а4 формат) и за таа апликација црташ UML дијаграми.

Плус има проект (индивидуален или групен) и ненајавени тестови со теоретски прашања за време на предавање.
Лабораториските вежби од дома се изработуваат.
 
Дали државна квота се задржува со три положени предмети од прв семестар за упис на трет или треба три од прв и три од втор минимум?
 
Дали државна квота се задржува со три положени предмети од прв семестар за упис на трет или треба три од прв и три од втор минимум?

Се задржува, летен со летен , зимски со зимски така важат тие услови за паѓање од државна во приватна квота.
 
Дали ќе може малку повеќе и за Напреден веб дизајн да ми кажете? Што се учи, дали има лаб,проекти..., тежина, кои се асистенти? Исто така дали е потребно некакво предзнаење (освен хтмл/цсс)
 
Дали ќе може малку повеќе и за Напреден веб дизајн да ми кажете? Што се учи, дали има лаб,проекти..., тежина, кои се асистенти? Исто така дали е потребно некакво предзнаење (освен хтмл/цсс)

Прв колоквиум JavaScript и Canvas, втор колоквиум Bootstrap, SCSS и Vue.js.
Се полага и теорија на е-тест.

Има лабораториски, се изработуваат од дома. Проект може да се прави место втор колоквиум, но треба да извадиш одредена бројка на поени на прв (мислам варира во зависност од резултатите).

Професори се Чорбев и Арменски, а асистент е Бобан.

Предзнаење, можда добро е да знаеш основсни работи и во JS зашто брзо се поминува материјалот. Еден час се само аудиториските вежби.
 
Дали за напреден веб дизајн има некој предуслов (предмет, кредити...) ?
 
Кој е полесен, Интернет програмирање или Напреден веб дизајн?
 
Дали некој може да ми каже збор два за интернет програмирање , интерактивни и основи на телекомуникации кој е подобро да се земе ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom