Новогодишната ноќ гледачите на ТВ Алфа ќе ја дочекаат традиционално со празничното издание на емисијата „Зајди, зајди“ во која како и секогаш изведбите на пејачите се во живо, во придружба на оркестарот и под раководство на маестро Милан Завков.
Гостите во ова специјално издание ќе бидат Елена Велевска, Даниела Темелковска, Ирена Спасовска, Тања Стефановска, Душко Ѓеоргиевски, Даце Николовски, Кирил Митоски и др.
Емисијата ќе започне в сабота, на 31 декември во 22 ч. и ќе трае до еден часот по полноќ, а потоа продолжува богата филмска програма со многу премиери.
Новата 2017 година, на 1 јануари, ќе започне со новогодишното издание на емисијата „Вкусот на традицијата“ со Адријана Алачки и нејзините гости.
Љубителите на Париз Дакар ќе имаат можност да погледнат две премиери на 1 јануари - во 12:30 и 23:30 часот.