Интересното во тоа што го посочи, околу француските револуции и граѓански војни, тие се почетокот на развојот на човековите права и слободи. Башка и Еко тие погубувања ги поврзува со масоните! (околу водачите и паролите кои ги скандирале), затоа што по таа револуција протестантизмот и јудаизмот станале полноправни религии или религиски школи со католичката, а во Бастилја биле пронајдени само 7-8 затвореници, што не говори за тоа дека режимот бил таков како што го пропагирале. Таму нашле огромно количество на оружје што подоцна им помогнало за подоцнежниот развој на револуцијата. Но истата приказна е и за Февруарската револуција, работата била во недоволното искорискување на нафтените богатства кое тогаш ги имала Руската империја, а веќе Британија и САД на големо ги искористувале, а и со нив тргувале. Николај бил и во роднински врски со тогашниот крал/принц на Британија, кои не сакал да му помогне околу имиграцијата, што дополнително ги замрсува работите. По доаѓањето на булшевиците Русија, па потоа и СССР, започнала и трговија со нафта. Нешто кое е доста интересно. Можеби ова било и дел од причините за револуцијата, секако не главната.
Да, револуцијата е крајниот потфат на народот околу рушењето на Недостижниот и ставање пред портите на правдата, макар било тоа и смртна казна, како Луј и неговата сопруга или Николај и целото негово семејство, вклучувајќи ги и неговите малолетни деца (опасно било за булшевиците да ги остават живи, но тоа не значи дека требало да ги убијат). Така дојде и денот кога падна и наш Никола, на демократски избори каде секој со право на глас можеше директно да одлучи која партиска сила вреди да го води народот и државата тој извесен период. Не ни требаа крвави револуции, кои ги прогнозираше Никола, не ни требаа убиства на полицајци, како што правеа БЛМ во САД и не ни требаше граѓанска непослушност или организирање на полициски час со цел да се врати мирот во државата. Таков пример имавме во Турција и сите бевме згрозени од тоа, но и желно сакавме Ердоган да падне. Сега 35.000 граѓани се по затворите, а тој има далеку поголема моќ и влијание од пред тие насилни протести. Но тоа се најдрастичните мерки, нас не не интересираат тие сега во моментот. Ние зборувавме за цртањето на графити, начин на бунт (што и не мора да значи) или пелењето на плакати, исто начин на изразување незадоволство, а не за насилно рушење на диктаторот само затоа што законот не ни се допаѓа. Франко не падна ни со влечкањето комунисти од целиот свет, а знаеме како тие поминаа, поготово оние кои ќе беа живи фатени. Не поминува секоја револуција.
Затоа не е само клучно да се прочита “Манифестот на комунистичката партија“ па да се предизвика бунтовничкиот дух кај човекот, кој ќе смета дека е унтетуван и одма револуција! Тоа не е користење на мозочните капацитети, тука се губи рационалноста. Види ги само протестите на Ганди, или на Мандела. Мирно го постигнаа она што го сакаа, битни се начинот на кој ќе се дојде со целта, причината поради која се сака промена и самиот резултат. Така имаше студентски протести во Кина 1989, во Јапан во 60-тите во Унгарија кога беше под комунистичка палка.....недоволното икористување на мозочните капацитети ги доведе тие деца кон смртта, тие сакаа насилен прогрес, тргнаа сами против режимот и сите тие завршија доста крваво. Додека младотурците и студентските протести кај нас во 60-тите предизвикаа одредени промени кои подоцна се рефликтираа во Уставот од 1974 (не се конкретно за нив, но играа мала улога). За младотурците веќе знаеме.
Правото е пропишан начин на одржување на граѓанското општество, а моќта на “престолот“ е начин на неовластено богатење. Сега ако нашиот Устав има имплементирано многу начела со кои ќе се зачува личната сопственост, тогаш и истиот Устав може да му суди на оној кој бил на врвот на пирамидата, но по извесни турпуленции од кога се стркалал и се нашол на самото дно. Сега проблемот не се законите, туку проблемот е судството. Судството го докречило Луј, каде имало и ограни на управување и високо свештенство, кои биле во рацете на самиот крал (т.е. контролирал се’ и судството). Ако немаш независно судство, немаш апсолутно ништо. Јас мислам дека од тука извира народното незадоволство, а не од законите, каде постојат и одредени контроверзии (на пр. “децата треба да се грижат за своите стари и изнемоштени родители“, многу глупаво е формулирано) и многу групости, како дел од ратификуваните договори (последниот за мигрантите, каде сличен беше потпиран и 2008 год.).
Кај започнавме, а каде завршивме.
пи.ес. Луј 16-ти не умрел по изгласување на смртна казна!? Мислам дека истата ми била изгласана, за време на револуцијата кога веќе ја губи моќта. Можеби и се лажам.