K
Kacar
Гостин
Здраво на сите. Пред се бидејќи темава е за кучиња, а она што имам да го кажам е поврзано со куче иако поише е психолошка тематика, ве молам ако не одговара да се премести во некоја друга тема во одсек психологија...
Веќе долго време се канам да си земам кученце. Пред се таргет ми се малите раси, француски булдог, бостонски териер, кинг чарлс или мопс. Живеам под кирија во стан со цимерка, и од страна на цимерката нема никаков проблем. Сеуште сум студент, но, се издржувам со средства од работење летно време во странство и со стипендија која е доволна за мене и ќе биде за кученцето. Веќе имам мачка и досега одржавањето иде тип топ.
Од кај што потекнувам, имаме многу кучиња, ама сите се дворски и сите се според она ,,Куче е за во двор да лае и да брани и да јаде шо му фрлиш тоа". Ама мене ми фали многу да си имам некое кутре, занимација и пред се компанија, као дете да си го израснам и гледам а трошок за исхрана да немам толку многу колку што би имал за голема раса. И веќе одлучен сум да земам и покрај проблемот : Дома моите не сакаат да слушнат за куче, според нив кучето е смрдливо, остава влакна, треба да јаде помии и исклучиво надвор никако внатре ! Никако да се спогодиме и покрај исцрпните дебати и докази кои ги имам приложено конкретно за булдогот и терриерот. Уште како мал, што вели мајка ми, кога ќе ги немаше јас ОП сите кучиња внатре, им готвев ги бањав ги чешлав, хаос.... и таа желба пуста остана, и нема да помине, срце ме стега кога ќе излезам да шетам и гледам како луѓе си ги шетаат своите миленици. Јас знам дека миленикот не е само шетање и толку, тоа е обврска, ама мене таа обврска ми е слатка и ми е хоби. Си велев, да се осамостоам па ќе си чувам, ама желбата е појака многууу многу од тоа. Се имам истражено, имам искуства, се. Во Америка сум моментално, а веќе закажав средби со одгледувачи на кучиња кои ќе имаат легла веднаш штом се вратам. Сум решен дел од парите што ќе ги заработам да си направам благоден на душа, да си земам кутре и тоа е тоа.
Проблемот е едино во мајка ми, која не сака да слушне, а татко ми подобро да не дознае. Јас 80% од годината ја минам в Скопје, но сепак, кога ќе си идам дома, зарем нема да смеам да си го однесам кучето ? Ќе треба да го оставам по пансиони а тоа не ми се прави искрено. Ајде, некако со мачкава, се помирија, поклон ми беше, непланиран поклон, мрчеа мрчеа и на крај ги придоби мачкава со тоа што е расна демек и бапка бела и паметна. А песокот шо смрди после 2 дена ? А храна шо поише ќе троши од еден француски булдог од 10 кг? Ама мислам дека било какво друго кутре нема да ги придобие........а ставот на татко ми го знам : Мачкава е вишок, уште нешто ако земеш и кратам месечни придонеси....
Епа, и да се случи тоа, баш ми е гајле, ќе се вработам негде пола работно време ќе го истерам истиот хонорар.Веќе имам нарачано и неколку вреќи Оријен Папи од дистрибутер во Бугарија, имам од нет нарачано секаква опрема....од возбуда дури некогаш кога истражувам не можам ни да заспијам, сите видеа на интернет за расиве ги имам изгледано, со секаква литература се имам сретнато .... Што мислите дека треба да направам ?