Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Zaef denes bese na Izrael Makedonija da ne propustime. Da odbelezime, ke nema utre materijal za Bobi i Ile :(
Сигурно навиваше за Израел за да му се одолжи на масонско јудеистичко фашистички мрачни светски сили кои го поставија на власт
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Остана ли некој од тоа притворското одделение во Шутка, што не фати тендер или не доби проект??

Портпаролот на ВМРО-вски Штип доби проект од владата на СДСМ
објавено пред 1 ден



Неодамна формираната невладина организација на општинскиот портпарол на Штип, Драган Ристов, доби пари од Министерството за култура на новата влада, за организирање на културен настани. Невладината Едуинфо медиа на портпаролот Ристов, е брачно – кумовска организација на брачните двојки Ристови и Миленковски. Парадоксот да биде поголем, снаодливите вмровчиња, невладината ја регистрираат непосредно по несудените избори во април, како организација спас, во случај на промена на власта.

http://kanal77.mk/портпаролот-на-вмро-вски-штип-доби-про/
Во Битола јаки вмровци клаени за директори од СЕДЕСЕТО

овие од сдсм стварно се срцки
началник во клиничка болница битола на ортопедија е клаен џолонга пратеник од мемерето во претходниот состав
началничка на гинекологија е николина претседателка на унија на жени на мемерето
јас сега очекувам д-р владимир талевски да биди кандидат за градоначаник на битола од сдсм.
писмо Горан од Битола

http://www.dokazm.mk/vo-bitola-jaki-vmrovtsi-klaeni-za-direktori-od-sedeseto
Пред изборите на 11 декември, Заев требаше во Дедо Мраз да ви се маскира и како Дедо Мраз да се кандидира, ем ќе поверувавте дека постои, ем ќе видевме колку ви е акалот!! И на тоа бројчаникот на Портата HAPPY NEW YEAR HO... HO... HO... требаше да ви напише...
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.667
Поени од реакции
88.546
http://kurir.mk/makedonija/vesti/nonkovik-tvrdokorni-e-fantomska-organizatsija-zad-koja-stojat-oliver-spasovski-i-sdsm/

:vozbud::pos: Каков ретард. Фантомска организација :pos: па дури и Ангелов го спомнува. Оф бе, овој плаче за ќотек.
За Бобан Нонковиќ вистински протест е само кога од партија ќе им кажат да излезат на улица... Инаку вака кога ќе се соберат луѓе без диктат од некого на улица, тоа мора да е масло на СОРОС и СДСМ. Патем на протестот имаше луѓе кои влегоа на 27 за да ги бранат гзлариве од ДПМНЕ, тогаш кога беа потребни на партијата беа најголеми патриотишта, а сега кога луѓево бараат подршка од ДПМНЕ, овие го праќаат "експертот" Нонковиќ да сере врз нив.

Патем оваа колумна на Бобан ја споделија Миленко, Бурекот, Курир, Чилиманов...а на ТВ Нова моментално најДПМНЕовската телевизија во земјава не ни зуцнаа за протестов. :toe:

Ете ги патриотите од ДПМНЕ, се додека кај нив кружат ликови како Бобан, Латас, Ивона, Миленко, Бетмен, Јанко и остала барга гласноговорници на партијата кои продаваат некакви демагогии за патриотизам, овие никогаш нема да бидат она старо ВМРО-ДПМНЕ од 90-те кое мааааалце повеќе се грижеше за народов.
Ова посебно важи за овие тука на форумов кои слепо го бранат Груевски и компанија, мислам ете видовте што им се деси на луѓето кои на 27ми влегоа во собранието... Дел завршија во затвор, дел сега ги оцрнуваат дека се дел од моменталнава влада (Логика 0:facepalm: )

И потоа Заев ви бил крив... Не бре луѓе, не е тој копук крив, вие сте криви што ја донесовте ВМРО-ДПМНЕ до ова дереџе,за Љубчо викате дека е бугар, ова-она ама барем човекот имаше образ да се повлечи од партијата кога му поминаа неговите 5 минути, овој Груевски затвор ќе лежи, ама не го дава врвот на партијата.

Нека летаат Грујо, Милошевски, Ѓорчев, Бетмен :гомце: од партија, нека го стават Никола Поповски за лидер одма ќе процвета партијата... Ама нема живот после Пастирот, нели? :(
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Нема логика човекот кој 11 пати го победи Сдс на избори и кој скоро ја удвостручи просечната плата и ја намали невработеноста од 39% на 23% да дава оставка.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Нема логика човекот кој 11 пати го победи Сдс на избори и кој скоро ја удвостручи просечната плата и ја намали невработеноста од 39% на 23% да дава оставка.
Кај намалил невработеност на 23%? Кај тебе у фамилија?
 

sap

Член од
15 август 2017
Мислења
128
Поени од реакции
20
Искрено зачудувачки е до кој степен е копи-пејст новава гарнитура на власт. Претпоставував дека нема да се откажат од некои од најкорисните трикови кои ВМРО ги воведе во претходните прекрасни 10 години, ама вакви пастир-имиџ билдинг потези, навистина не очекував дека повторно ќе видиме. Работава е и по Грујо, Грујо :). Очигледно тоа ни судбината, од сега па натаму.
Гледам дека грујевизацијата е новата приватизација. Грујо и по 10 години континуирано владеење, на секоја критика на секоја нивна објективно моронска политичка постапка, ни одговараше со тоа што не враќаше во аналите на мрачната приватизација, каде даваше примери од секакви криминални тајкуни, транзициски олигарси и други суштества кои веќе ги нема во текот на неговото владеење, кои прават 10 пати полоши работи од тоа што он сега го прави. “Ама за време на приватизацијата“, магично секоја глупост ја поправаше. Сега повторно теренот е спремен, одговорот за секое направено срање и за секој проблем ќе биде во покажување со прст на идентичен пример, 10 години претходно, каде срањето или проблемот исто постоел. Не е поентата што си ѓубре денес, поентата е што си бил ѓубре и пред 10 години и во 1995 година, така да технички политичката партија што е на власт ништо не влошила, што значи дека тие се подобри од претходната, зошто претходната сигурно влошила, со оглед на тоа што тие се причината за се што е проблем во моментов. Тоа го правеше и ВМРО, кои се понашаа како да не беше нивната партија полна со тразициски олигарси и како да беа во странство во текот на приватизацијата, а истото го прави и СДСМ сега кои наводно немаат ништо заедничко со трпеливото градење на системот од претходните 10 години, пред претходните 10 години.
Сега очекувам дека како и за приватизацијата, неколку пати годишно ќе имаме memorial day за криминалите на Грујо, додека одговорните за криминалите на Грујо трпеливо ќе собираат материјали за моментот кога они ќе се вратат во позиција на владеење. Којзнае, можда ќе дочекаме Грујо 2.0. да биде предводник на борба против заевизацијата. :)
До тогаш ќе уживаме во драмата, додека вмровците критикуваат дека државата се задолжувала и била пред банкрот, а сдсмовците ќе тврдат дека фискалната позиција на земјата никога не била подобра.

Како и да е, најизненадувачки од се е колку неверојатно лоши кадровски решенија извадија реформистите. Посебно некои луѓе кои се далеку од фокусот на јавноста, а кои имам несреќа да ги знам. Не ми се веруваше дека било кој ќе може да им биде конкуренција на дебилите од браникот на татковината, ама секоја чест за СДСМ, на пат се да ја надминат и партијата што мислеше дека Диме Спасов е добар избор за министер. Тоа само покажува кои се последиците за некоја организација од години и години непотизам. ВМРО веќе и не се вредни за коментирање, после овие две години, чудно е како универзумот не имплодираше од толку глупавост на исто место. Со среќа коa ќе треба да се бира на следни избори. :)
Bleak future, if there ever was one.
Како обично,нас отпосле ни текнува,а помнење имаме ко златна рипка :) Има дури сега народ да сваќа како се заебал со старо-новите продавачи на бољи живот.
 
А

Атлантист

Гостин
Мала дигресија: Јохан е насилник, си ја фрли жената од тераса. Беше дегутантно колку се бацуваа пред камери за да пкажат дека не ја турнал, туку сама паднала.
„Семејстовото Тарчуловски живее во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, а нивната тераса е заградена со прозорци, објавува Телма.„
И бизнисмен станал и факултет завршил и тоа се за 3 години, поточно бизнисмен е уште додека бил во Хаг, од затвор ја водел фирмата. Сега многу веројатно ќе го направат градоначалик. :pos:
http://fokus.mk/vrtoglava-kariera-na-tarchulovski-hashkiot-heroj-vrti-biznis-od-300-000-evra/
 

sap

Член од
15 август 2017
Мислења
128
Поени од реакции
20

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.954
Поени од реакции
50.914
И бизнисмен станал и факултет завршил и тоа се за 3 години, поточно бизнисмен е уште додека бил во Хаг, од затвор ја водел фирмата. Сега многу веројатно ќе го направат градоначалик. :pos:
http://fokus.mk/vrtoglava-kariera-na-tarchulovski-hashkiot-heroj-vrti-biznis-od-300-000-evra/
Јохан е нула од човек после оноа писмо од Хаг, ама им е прав потег за да си ги осигураат Припор и Драчево, а за Кисела Вода они одлучуваат на крај пошто се апсолутно вмро, а се друго(Кисела Вода, Пржино, Црниче) им се пата-пата.

Аеродром може да ги јаде порачина, пошто Ивица не го сакаат младите ради пиздариите во МЗТ и очекувам да излезат тон деца што никад не гласале само за да го сменат.

Не ми е јасно од каде му толку моќ на оној Богоев во СДС да може да стане прво пратеник, после кмет на 27-8 години. Со што можеш да заслужиш толку влијание во партија.
 
А

Атлантист

Гостин
Јохан е нула од човек после оноа писмо од Хаг, ама им е прав потег за да си ги осигураат Припор и Драчево, а за Кисела Вода они одлучуваат на крај пошто се апсолутно вмро, а се друго(Кисела Вода, Пржино, Црниче) им се пата-пата.

Аеродром може да ги јаде порачина, пошто Ивица не го сакаат младите ради пиздариите во МЗТ и очекувам да излезат тон деца што никад не гласале само за да го сменат.

Не ми е јасно од каде му толку моќ на оној Богоев во СДС да може да стане прво пратеник, после кмет на 27-8 години. Со што можеш да заслужиш толку влијание во партија.
Нема врска ова со писмото, тоа му е наместено од штабот, прашање е дали воопшто знае да пишува:pos:.
Писмото е адресирано од Хаг, а изгледа во штабот не знаеле дека тој е преместен во затвор во Германија.
 
Последно уредено од модератор:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom