Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Обично самите фирми бараат договорите да бидат во тајност.Без разлика каков е договорот луѓето ја прошетаа и ја видоа Европа за ефтини пари.Или мислиш дека подобро беше да се патува до Софија или Приштина?
Можеби да субвенционираа операции за деца или опремувања и реновирања на болници?
Шетање по европски земји е привилегија на оние кои имаат пари, кој има неколку иљади евра да си плати престоји, храна и да си појде во шопинзи.
Се додека народот во Македонија бери пари по социјални мрежи за лекови и операции, се додека 1% на вработени земаат плата како 220.000 работници, непотребен луксуз е да се субвенционира тајно странска авио компанија.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Добредојде во реалноста.

Жал ми е ако ти требаа 3 месеци за да ја откриеш реалноста, но подобро доцна, отколку никогаш.
Јоци, не сме сите као тебе :D
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Искрено зачудувачки е до кој степен е копи-пејст новава гарнитура на власт. Претпоставував дека нема да се откажат од некои од најкорисните трикови кои ВМРО ги воведе во претходните прекрасни 10 години, ама вакви пастир-имиџ билдинг потези, навистина не очекував дека повторно ќе видиме. Работава е и по Грујо, Грујо :). Очигледно тоа ни судбината, од сега па натаму.
Гледам дека грујевизацијата е новата приватизација. Грујо и по 10 години континуирано владеење, на секоја критика на секоја нивна објективно моронска политичка постапка, ни одговараше со тоа што не враќаше во аналите на мрачната приватизација, каде даваше примери од секакви криминални тајкуни, транзициски олигарси и други суштества кои веќе ги нема во текот на неговото владеење, кои прават 10 пати полоши работи од тоа што он сега го прави. “Ама за време на приватизацијата“, магично секоја глупост ја поправаше. Сега повторно теренот е спремен, одговорот за секое направено срање и за секој проблем ќе биде во покажување со прст на идентичен пример, 10 години претходно, каде срањето или проблемот исто постоел. Не е поентата што си ѓубре денес, поентата е што си бил ѓубре и пред 10 години и во 1995 година, така да технички политичката партија што е на власт ништо не влошила, што значи дека тие се подобри од претходната, зошто претходната сигурно влошила, со оглед на тоа што тие се причината за се што е проблем во моментов. Тоа го правеше и ВМРО, кои се понашаа како да не беше нивната партија полна со тразициски олигарси и како да беа во странство во текот на приватизацијата, а истото го прави и СДСМ сега кои наводно немаат ништо заедничко со трпеливото градење на системот од претходните 10 години, пред претходните 10 години.
Сега очекувам дека како и за приватизацијата, неколку пати годишно ќе имаме memorial day за криминалите на Грујо, додека одговорните за криминалите на Грујо трпеливо ќе собираат материјали за моментот кога они ќе се вратат во позиција на владеење. Којзнае, можда ќе дочекаме Грујо 2.0. да биде предводник на борба против заевизацијата. :)
До тогаш ќе уживаме во драмата, додека вмровците критикуваат дека државата се задолжувала и била пред банкрот, а сдсмовците ќе тврдат дека фискалната позиција на земјата никога не била подобра.

Како и да е, најизненадувачки од се е колку неверојатно лоши кадровски решенија извадија реформистите. Посебно некои луѓе кои се далеку од фокусот на јавноста, а кои имам несреќа да ги знам. Не ми се веруваше дека било кој ќе може да им биде конкуренција на дебилите од браникот на татковината, ама секоја чест за СДСМ, на пат се да ја надминат и партијата што мислеше дека Диме Спасов е добар избор за министер. Тоа само покажува кои се последиците за некоја организација од години и години непотизам. ВМРО веќе и не се вредни за коментирање, после овие две години, чудно е како универзумот не имплодираше од толку глупавост на исто место. Со среќа коa ќе треба да се бира на следни избори. :)
Bleak future, if there ever was one.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
1. СДС ги симна од планина и ги стави во собрание. СДС тие убијци ги направи Министри, СДС ги призна како легитимни.
Во 2002 им се даде закон за амнестија со кој, цитирам:

И сега, ко читаш законот, кажи ми што амнестирало ВМРО или како можело да го толкува ова погоре? Мада мене не ме чуди ти уште да си убеден дека нема да има двојазичност, или дека ВМРО дала двојазичност. Или да знаеш дека не е така, ама мораш да релативизираш.
2. Јохан е бранител на држава.
Љуботен како село било расадник на терористи и секој ден од тоа село се вршеа напади на македонската полиција и армија. Поставените мини во близина на Љуботен од кои загинаа 8 војници и 9 беа ранети се дело на Џавит Асани и жители на Љуботен. Полициските движења биле издавани од жителите на селото. Од 70 приведени „жители“ за 27 се утврдило дека учествувале во напад на АРМ. На се ова, добро се познати игрите на УЧК и вештините за водење медиумска борба, како и нивниот талент да се претставуваат ко жртви (Косово 1999, кога ги преоблекуваа мртвите војници во цивилни алишта на кои нема дупка од метак). Јохан вршел должност и е херој и бранител и со сигурност не убивал невини цивили.
Јохан го претставувате ко убица а симпатичен ви е Претседателот на собрание кој дезертираше од АРМ истиот ден на масакрот во Вејце, кој се случи за време на негово дежурство!
Мала дигресија: Јохан е насилник, си ја фрли жената од тераса. Беше дегутантно колку се бацуваа пред камери за да пкажат дека не ја турнал, туку сама паднала.
„Семејстовото Тарчуловски живее во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, а нивната тераса е заградена со прозорци, објавува Телма.„
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Искрено зачудувачки е до кој степен е копи-пејст новава гарнитура на власт. Претпоставував дека нема да се откажат од некои од најкорисните трикови кои ВМРО ги воведе во претходните прекрасни 10 години, ама вакви пастир-имиџ билдинг потези, навистина не очекував дека повторно ќе видиме. Работава е и по Грујо, Грујо :). Очигледно тоа ни судбината, од сега па натаму.
Гледам дека грујевизацијата е новата приватизација. Грујо и по 10 години континуирано владеење, на секоја критика на секоја нивна објективно моронска политичка постапка, ни одговараше со тоа што не враќаше во аналите на мрачната приватизација, каде даваше примери од секакви криминални тајкуни, транзициски олигарси и други суштества кои веќе ги нема во текот на неговото владеење, кои прават 10 пати полоши работи од тоа што он сега го прави. “Ама за време на приватизацијата“, магично секоја глупост ја поправаше. Сега повторно теренот е спремен, одговорот за секое направено срање и за секој проблем ќе биде во покажување со прст на идентичен пример, 10 години претходно, каде срањето или проблемот исто постоел. Не е поентата што си ѓубре денес, поентата е што си бил ѓубре и пред 10 години и во 1995 година, така да технички политичката партија што е на власт ништо не влошила, што значи дека тие се подобри од претходната, зошто претходната сигурно влошила, со оглед на тоа што тие се причината за се што е проблем во моментов. Тоа го правеше и ВМРО, кои се понашаа како да не беше нивната партија полна со тразициски олигарси и како да беа во странство во текот на приватизацијата, а истото го прави и СДСМ сега кои наводно немаат ништо заедничко со трпеливото градење на системот од претходните 10 години, пред претходните 10 години.
Сега очекувам дека како и за приватизацијата, неколку пати годишно ќе имаме memorial day за криминалите на Грујо, додека одговорните за криминалите на Грујо трпеливо ќе собираат материјали за моментот кога они ќе се вратат во позиција на владеење. Којзнае, можда ќе дочекаме Грујо 2.0. да биде предводник на борба против заевизацијата. :)
До тогаш ќе уживаме во драмата, додека вмровците критикуваат дека државата се задолжувала и била пред банкрот, а сдсмовците ќе тврдат дека фискалната позиција на земјата никога не била подобра.

Како и да е, најизненадувачки од се е колку неверојатно лоши кадровски решенија извадија реформистите. Посебно некои луѓе кои се далеку од фокусот на јавноста, а кои имам несреќа да ги знам. Не ми се веруваше дека било кој ќе може да им биде конкуренција на дебилите од браникот на татковината, ама секоја чест за СДСМ, на пат се да ја надминат и партијата што мислеше дека Диме Спасов е добар избор за министер. Тоа само покажува кои се последиците за некоја организација од години и години непотизам. ВМРО веќе и не се вредни за коментирање, после овие две години, чудно е како универзумот не имплодираше од толку глупавост на исто место. Со среќа коa ќе треба да се бира на следни избори. :)
Bleak future, if there ever was one.
Sekoja naredna vlast od nezavisnosta na Makedonija se vodese so parolata da krademe,nema da odgovarame.Pa taka i kriminalite na Grujo ako ostanat nekazneti,togas site bombi koi bea pusteni,sekoj ke svati deka toa e samo mackanje oci na narodot.Togas moze da ocekuvame uste pogolemi kriminali od ovaa vlast,koga i tie znaat deka nema da bidat kazneti od slednata vlast.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.409
Поени од реакции
24.125
Мала дигресија: Јохан е насилник, си ја фрли жената од тераса. Беше дегутантно колку се бацуваа пред камери за да пкажат дека не ја турнал, туку сама паднала.
„Семејстовото Тарчуловски живее во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, а нивната тераса е заградена со прозорци, објавува Телма.„
Мала дигресија на твојата дигресија :)
Телма исто објави и дека некој старец го претепале до смрт во некое село само затоа што ја бранел Катица Јанева што подоцна се покажа како тотален спин и лага, така да да сум на твое место не би земал толку здраво за готово се што Телма ќе објави.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Па Сдсм не ги амнестира Хашките случаи, тој закон не ги фаќаше нив. Вмро си изгласа нов закон за амнестија со кој ги амнестира, меѓу кои е и сегашниот претседател на Собрание.
Братче, полека. ВМРО не изгласа нов закон, туку толкување на тој постоечки закон, што според мене е прилично јасен. И верувај, јас сум најмалце задоволен.

Ако баба лаже, трап не лаже.
Еве го тоа што си го цитирал од 2002
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/BB86A2DBCEAD05499D6985A903CE0446.pdf
Погледни го датумот на службениот весник и кажи кој беше тогаш на власт.
Реков „им беше даден“ ради тоа што беше широка коалиција.

Мала дигресија: Јохан е насилник, си ја фрли жената од тераса. Беше дегутантно колку се бацуваа пред камери за да пкажат дека не ја турнал, туку сама паднала.
„Семејстовото Тарчуловски живее во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, а нивната тераса е заградена со прозорци, објавува Телма.„
Можеби langelina, не можам да тврдам дека не е. Но ни ти не можеш да тврдиш дека е ради тоа што ја бакнал пред камера. Мада, ако е насилник многу поверојатно би ми било да ја тепа во соба отколку да ја фрли од тераса. Не сум видел насилник кој си ја фрла жената од тераса.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Мала дигресија на твојата дигресија :)
Телма исто објави и дека некој старец го претепале до смрт во некое село само затоа што ја бранел Катица Јанева што подоцна се покажа како тотален спин и лага, така да да сум на твое место не би земал толку здраво за готово се што Телма ќе објави.
Dobro be,zosto Johan Tarculovski e heroj,oti mu go drzi na Grujo?Sto e so site drugi sto se borea vo 2001?Zosto go ocrnuvaat Stojance Angelov,oti mu se sprotivstavi na rezimot i zatoa ne e patriot i heroj.Kako moze eden pijanica i delikvent da e podobar od bilo koj platen vojnik,policaec,rezervist i sekoj koj dobrovolno otisol da ja brani drzavata.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Реков „им беше даден“ ради тоа што беше широка коалиција.
Какви широки тесни коалиции. Формално беа ставени неколку министри од сдс за да можат дпне да јадат го.на дека ете имално некаква коалиција и да имаат оправдување за срањата што ги направија. Мнозинството во собрание го имаа дпне, значи мнозинството си одлучи за тој закон. Изборите беа дури септември истата година.
 
Член од
19 јуни 2014
Мислења
180
Поени од реакции
158
Наводно Жерновски нема ниту да ја чека одлуката на СДСМ за Центар и ќе се кандидира како независен... Дури и вмровци му собирале потписи :pos:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.409
Поени од реакции
24.125
Dobro be,zosto Johan Tarculovski e heroj,oti mu go drzi na Grujo?Sto e so site drugi sto se borea vo 2001?Zosto go ocrnuvaat Stojance Angelov,oti mu se sprotivstavi na rezimot i zatoa ne e patriot i heroj.Kako moze eden pijanica i delikvent da e podobar od bilo koj platen vojnik,policaec,rezervist i sekoj koj dobrovolno otisol da ja brani drzavata.
Полека малце, не реков никаде дека е херој туку дека Телма не е за верување за се што ќе објави.
Тоа дали е херој или не незнам, знам дека човекот си одлежа колку што си одлежа осуден од странски суд затоа што го бранеше територијалниот интегритет и суверенитет на републиката . Како тоа го правеше многу многу не ме засега исто како што и не ме засега дали мачката е црна или бела се додека лови глувци. Истиот тој странски суд не најде за сходно да осуди нити еден борец или командант на УЧК а не дека немаше причина. Понатаму секој со свој ум.
Никој на Стојанче Ангелов не му го оцрнува неговото учество во конфликтот, или барем јас немам видено. Дали си заслужил да го оцрнуваат за постапките кои ги правеше или ги прави после тоа е веќе друга работа.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Од сдс кој чека да ја опраи државава боље нека фаќа странство на време.
Треба да им се даде време, ама како што гледаме штом идат со стари удбашки кадри, НВО платеници, пијандури и нарко пропалици како експерти, плукачи на македонсиот идентитет, се согласувам со тебе во ова
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Какви широки тесни коалиции. Формално беа ставени неколку министри од сдс за да можат дпне да јадат го.на дека ете имално некаква коалиција и да имаат оправдување за срањата што ги направија. Мнозинството во собрание го имаа дпне, значи мнозинството си одлучи за тој закон. Изборите беа дури септември истата година.
Спинуваш. Законот го гласаа сите пошто беше услов да се разоружаат и предадат. СДС ги седна на Министерски места и им даде општини за да си играат (цела Западна МКД со територијалната распределба, т.е. остана само општина Јегуновце-2000 народ),
Моабетот беше за Јохан - тие „борци“ се на Власт и Министерски места од 2002 до денес (со исклучок на 2006-2008) и тоа ни е на сите ОК. Али Јохан, тој што ни го бранеше газот, ни смета и бил убиец.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Zaef denes bese na Izrael Makedonija da ne propustime. Da odbelezime, ke nema utre materijal za Bobi i Ile :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom