Искрено зачудувачки е до кој степен е копи-пејст новава гарнитура на власт. Претпоставував дека нема да се откажат од некои од најкорисните трикови кои ВМРО ги воведе во претходните прекрасни 10 години, ама вакви пастир-имиџ билдинг потези, навистина не очекував дека повторно ќе видиме. Работава е и по Грујо, Грујо
. Очигледно тоа ни судбината, од сега па натаму.
Гледам дека грујевизацијата е новата приватизација. Грујо и по 10 години континуирано владеење, на секоја критика на секоја нивна објективно моронска политичка постапка, ни одговараше со тоа што не враќаше во аналите на мрачната приватизација, каде даваше примери од секакви криминални тајкуни, транзициски олигарси и други суштества кои веќе ги нема во текот на неговото владеење, кои прават 10 пати полоши работи од тоа што он сега го прави. “Ама за време на приватизацијата“, магично секоја глупост ја поправаше. Сега повторно теренот е спремен, одговорот за секое направено срање и за секој проблем ќе биде во покажување со прст на идентичен пример, 10 години претходно, каде срањето или проблемот исто постоел. Не е поентата што си ѓубре денес, поентата е што си бил ѓубре и пред 10 години и во 1995 година, така да технички политичката партија што е на власт ништо не влошила, што значи дека тие се подобри од претходната, зошто претходната сигурно влошила, со оглед на тоа што тие се причината за се што е проблем во моментов. Тоа го правеше и ВМРО, кои се понашаа како да не беше нивната партија полна со тразициски олигарси и како да беа во странство во текот на приватизацијата, а истото го прави и СДСМ сега кои наводно немаат ништо заедничко со трпеливото градење на системот од претходните 10 години, пред претходните 10 години.
Сега очекувам дека како и за приватизацијата, неколку пати годишно ќе имаме memorial day за криминалите на Грујо, додека одговорните за криминалите на Грујо трпеливо ќе собираат материјали за моментот кога они ќе се вратат во позиција на владеење. Којзнае, можда ќе дочекаме Грујо 2.0. да биде предводник на борба против заевизацијата.
До тогаш ќе уживаме во драмата, додека вмровците критикуваат дека државата се задолжувала и била пред банкрот, а сдсмовците ќе тврдат дека фискалната позиција на земјата никога не била подобра.
Како и да е, најизненадувачки од се е колку неверојатно лоши кадровски решенија извадија реформистите. Посебно некои луѓе кои се далеку од фокусот на јавноста, а кои имам несреќа да ги знам. Не ми се веруваше дека било кој ќе може да им биде конкуренција на дебилите од браникот на татковината, ама секоја чест за СДСМ, на пат се да ја надминат и партијата што мислеше дека Диме Спасов е добар избор за министер. Тоа само покажува кои се последиците за некоја организација од години и години непотизам. ВМРО веќе и не се вредни за коментирање, после овие две години, чудно е како универзумот не имплодираше од толку глупавост на исто место. Со среќа коa ќе треба да се бира на следни избори.
Bleak future, if there ever was one.