Осум милиони евра државни пари добила нискобуџетната компанија Визер во изминативе шест години. Според договорот што го потпиша претходната Влада, пари ќе им бидат исплатени и следната, 2018 година, кога и завршува тригодишниот договор за субвенционирање.
Поради државната помош за унгарскиот авиопревозник, аеродромот во Приштина се пожали до Европската Комисија дека Македонија ја нарушила конкуренцијата на воздушниот патнички сообраќај во регионот. Но, од Министерството за транспорт и врски тврдат дека до нив не стигнало известување за отворена истрага.
Договорот со Визер е тајна, а Валадата треба да одлучи дали и овој документ ќе биде декласифициран во наредниот период.