Ајде што е, тоа е. Со ваква управа се е можно, очекувам до јануари да се сменети лоповиве.
Ајде малце оптимизам за составов.
Одбрана: Семедо, Пике, Умтити, Алба (Видал, Максерано, Вермален, Дињ). Одбранава изгледа доста солидно, со Семедо сме подобри на десен бек него лани, а формава на Умтити е најдобра што ја има прикажано до сеа. Алба стандардно добар, Пике... Ваљда ќе се опраи
Средина: Бускец, Роберто, Денис или Рафиња. Еве им шанса, сите се жалеа Ла Масија забораена ова она, еве им шанса и на Роберто и на Денис и на Рафиња, па ќе изиграат нешто и они. Најмногу надеж имам во Денис, само човекот под итно треба да се прекомандува во прв тим место Иниеста, под итно. Не може бе прв играч беше на Севиља и Виљареал на 20 години, кај нас има 15 утакмици годишно со конкуренција (Ракитич и Иниеста - инвалиди моментално).
Андре Гомеш и Паулињо... Сами да ги прашаш не знаат, може ќе се просечни, одлични никако (немаат квалитет и тоа е факт).
Арда треба да добие повеќе шанса. Иниеста колку и да е тешко да прифатиме, помина неговото време. Ракитич веројатно исто. Подобро ќе ги стаам Арда, Денис и Рафиња (со цел да вратат формата) него овие.
Напад: Меси и Луис ќе си газат пак. Османче ќе видиме како ќе се развива.
Деулофеу е добра замена, може и средина да добива шанса кај Иниеста шо игра (ако не се покажат другиве), Пако освен при повреда на Суарез, нема кај да бара минутажа.
Да издржиме до јануари со некоја одржлива разлика во Примера (макс. 3 бода да ни бегаат), ЛШ минеме група. Веројатно со нова управа ќе има некое засилување уште во јануари. Сери очекувам да дојде, и така Ница не игра лш, за другиве ќе видиме.