- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.444
- Поени од реакции
- 5.570
Евробаскет 2017 започнува на 31 август и ќе трае се до 17 септември, истиот ќе брои 24 земји кои ќе настапуваат и ќе се игра во 4 различни држави во 4 групи.
Група А
Натпреварите од групата А ќе се играат во Хелсинки, во Хартвал Арената која е домашна арена на Хокеарскиот клуб Јокерит кој 6 пати бил шампион на Финска, последен пат 2002 година.
Франција
Поради повреда на коленото Тони Паркер за прв пат после многу години не е во состојба да помогне на репрезентацијата, а Никола Батум го откажа својот наступ поради потреба од одмор, воедно ова му е прво лето од 16 години во кое тој не е вклучен во било какви настапи за Француската репрезентација. Но сепак триколорите се и натаму меѓу главните фаворити на овој шампионат доколку ги служи шутот за 3 поени.
Словенија
Веројатно последна шанса за Гоги да се прости од репрезентацијата со медал, го натурализираа Рендолф, го имаат и младиот Дончиќ, но центарската линија е таа што шкрипи со години во Словенската репрезентација, ја поминуваат првата фаза за понатаму се е можно.
Плејмејкери: Горан Драгиќ (Мајами, 31, 194), Матиц Ребец (Крка, 22, 180), Алексеј Николиќ (Бамберг, 22, 191).
Бекови: Лука Дончиќ (Реал Мадрид, 18, 201), Клемен Препелиќ (Парис Левалоа, 24, 191), Јака Блажиќ (Андора, 27, 196)
Крила: Влатко Чанчар (Мега Бемакс, 20, 203), Едо Муриќ (Банвит, 25, 202)
Крилни Центри: Ентони Рендолф (Реал Мадрид, 28, 211), Саша Загорац (Шопрон, 33, 206)
Центри: Гашпер Видмар (Банвит, 29, 211), Жига Димец (Крка, 24, 211)
Селектор - Игор Кокошков (45)
Грција
Без Адетукунбо, без Спанулис, без Зисис, со една сосема нова репрезентација, Грците ќе пробаат да ги повторат успесите од минатите шампионати, лимитиран тим, но со добра хемија може до добар резултат.
Плејмејкери: Костас Слукас (Фенербахче, 27, 192), Ник Калатес (Панатинаикос, 28, 198)
Бекови: Николос Папас (Панатинаикос, 27, 194), Евангелос Манцарис (Олимпијакос, 27, 196)
Крила: Костас Папаниколау (Олимпијакос, 27, 203), Танасас Адетукунбо (Панатинаикос, 25, 201)
Крилни центи: Јоргос Принтезис (Олимпијакос, 32, 206), Димитрос Аграванис (Олимпијакос, 22, 208), Јанис Папапетру (Олимпијакос, 23, 206)
Центри: Јанис Бурусис (Жеијанг, 33, 25), Јоргос Папајанис (Сакраменто, 20, 217), Јоргос Боргис (Олимпијакос, 28, 210)
Селектор - Костас Мисас (64)
Финска
Финска години наназад вложува големи средства во кошарката, па така и сега добија организација на една група од Европското првенство, екипа која ќе игра run& gun и ако им тргне шутот можат на сите да ги замрсат сметките, со малиот Марканен кој може да биде еден од откритијата на првенството, верувам дека на свој парќет ќе бидат егал со сите.
Плејмејкери: Петери Копонен (Барселона, 29, 194), Џамар Вилсон (Естудијантес, 33, 185), Тему Ранико (Катаја, 36, 189)
Бекови: Сасу Салин (Уникаха, 26, 191), Мико Коивисто (Салон Вилпас, 30, 194)
Крила: Шон Хаф (Скајлајнерс, 33, 198), Мати Нутинен (Питешти, 27, 200), Карл Линдбом (Хелсинки, 25,200)
Крилни центри: Лаури Марканен (Чикаго, 20, 213), Тука Коти (Хелсинки, 36, 205)
Центри: Ерик Марфи (Нантер, 26, 208), Џералд Ли (Макаби Ашдод, 29, 209)
Селектор - Хенрик Детман (59)
Полска
Плејмејкери: Лукас Кошарек (Стелмет Зилена Гора, 33, 187), Микал Соколовски (Роса Радом, 24, 196)
Бекови: Матеуш Понитка (Тенерифе, 23, 197), Еј Џеј Слотер (Асвел, 30, 192), Пржемислав Замојски (Стелмет, 30, 193), Карол Грушесцки (Торун, 27, 193)
Крила: Адам Вачински (Уникаха, 27, 199), Томаш Гиело (Хувентуд, 24, 201)
Крилни центри: Дамиан Клиг (Банвит, 30, 206), Арон Цел (Торун, 30, 203)
Центри: Ппржемислав Карновски (Андора, 23), Адам Хрицаниук (Стелмет Зилена Гора, 33, 206)
Селектор - Мајк Тејлор (44)
Исланд
Селектор - Крег Педерсен (52)
Во оваа група главниот збор ќе го има Франција... без проблем би требало да ја одработат како првопласирани оваа група и од првото место да поминат во нокаут фазата, Словенија ако нема изненадувања би требало да заврши како второпласирана, Грците трети, а според мене мечот Полска - Финска ќе одлучува кој ќе помине од оваа група како четврто пласиран.
Група Б
Групата Б ќе се игра во Менор Мивтаки арената а домаќин на оваа група ќе бидне Израелскиот Тел Авив, салата има капацитет од 11.000 седишта.
Литванија
Доаѓаат на ЕП како едни од кандидатите за медал, со подмладен состав и заминат Казлаускас после трпањето од Шпанија од 50 разлика, за нов селектор е назначен некогашниот репрезентативец Даиниус Адомаитис.
Италија
Во однос на Евробаскетот од 2015 им недостасуваат тројца од нивните најголеми асови, Барњани го изедоа повреди, Џентиле пропо, а Галинари се елиминира сам себе откако ја скрши раката во тепачка на пријателски натпревар, на натпреварот против Холандија. Но тука се сепак Белинели и Датоме како и новиот играч на Фенер Николо Мели.
Плејмејкери: Даниел Хекет (Бросе Бамберг, 29, 197), Андреа Чинчарини (Армани. 31, 196), Ариел Филој (Авелино, 30,190)
Бекови: Марко Белинели (Атланта Хокс, 31, 196), Пиетро Арадори (Болоња, 28, 194)
Крила: Авуду Абас (Армани, 24, 200), Филипо Балди Роси (Тренто, 25, 207)
Крилни центри: Џиџи Датоме (Фенербахче, 29, 203), Кристијан Барнс (Канту, 31, 203), Николо Мели (Фенербахче, 26, 205)
Центри: Пол Биља (Венеција, 27, 200), Марко Кузин (Армани, 32, 211)
Селектор - Еторе Месина (57)
Месина изјави дека го напушта Италијанскиот тим по завршетокот на Евробаскетот.
Грузија
Како и Италијанците и Грузијците имаат НБА шампион во својот ростер но не бивш, него актуелен. Центарот на Голден Стејт, Заза Пачулиа, кој во последен момент ја санираше повредата на скочниот зглоб, добиена пред дваесетина дена, во пар со новиот играч на Олимпијакос Торнике Шенгелиа.
Израел
Најголем успех на Израел на евробаскетот е 1/4 финале од 2003 година, во Шведска. Како домаќини на нивната група го избраа најдобриот можен состав.
Селектор - Едер Елдештајн
Германија
Од петорица играчи кои се под НБА договори, селекторот Крис Флеминг ќе може да има на располагање само двајца, Денис Шрудер и Даниел Тајс. Ципсер(Чикаго) и Клебер(Далас) му се заблагодарија на селекторот и го одбија повикот, а Дирк веќе е во пензија од репрезентативни настапи. Шрудер ги има клучевите од оваа репрезентација.
Плејмејкери: Денис Шрудер (Атланта Хокс, 23, 188), Маоду Ло (Бросе Бамберг, 24, 192)
Бекови: Лука Штајгер (Бросе Бамберг, 29, 196), Тада Карстен (Олденбург, 28, 190), Исмет Акпинар (Улм, 22, 190)
Крила: Патрик Хекман (Бросе Бамберг, 25, 195)
Крилни центри: Јоханес Тиман (Лудвисбург, 23, 205), Данило Бартел (Баерн Минхен, 25, 207), Даниел Тајс (Бостон Селтикс, 25, 204), Робин Бензиг (Сарагоса, 28, 208)
Центри: Јоханес Војтман (Баскониа, 24, 209), Ајзеа Хартенштајн (Жалгирис, 19, 209)
Украјна
Најслабата екипа во групата, центарот на Феникс Санс, Алекс Лен, го откажа учеството на Евробаскет, центарот Кирил Фесенко не може да настапи поради повреда на коленото, а настапот го откажа и натурилизираниот Американец Пух Џетер поради семејни проблеми.
Најголема звезда во тимот по отказите на овие играчи би требало е центарот Слава Кравцов (екс Детроит,Феникс, Валенсија).
Плејмејкери: Денис Лукашов (Јенисеј Краснојарск, 28, 190), Олександар Мишула (Днипро, 25, 188)
Бекови: Руслан Отверченко (Будивелник, 27, 195), Олександар Липовиј (Трикала, 25, 200)
Крила: Максим Пустозвонов (Клуж, 30, 199), Олександр Колченко (Черкаси, 28, 195), Влачеслав Борбов (Пиено Зваигдес, 24, 203), Володимир Кониев (Черкаси, 28, 203)
Крилни центри: Игор Зајцев (Роса Радом, 28, 210), Максим Корнијенко (Лукоил, 30, 205)
Центри: Влачеслав Кравцов ( 30, 213), Артем Пустовји (Обраидоро, 25, 216)
Селектор - Јевген Мурцин (51)
Група Ц
Натпреварите од групата Ц ќе се играат во Романскиот град Клуж, во сала која има капацитет од 10.000 седишта
Романија
Веројатно најслабата екипа на овој шампионат...ќе служат како вреќа за удирање.
Плејмејкери: Каталин Петрисор (Орадеа, 25, 184), Октавиан Калота-Попа (Тимошара, 32, 189)
Бекови: Андреј Мандаче (Орадеа, 29, 187)
Крила: Раду Палициуц (Сибиу, 28, 200), Бодан Николеску (Орадеа, 20, 195), Нандор Кути (Клуж, 20, 196)
Крилни центри: Влад Молдовеану (Клуж, 29, 206), Титус Никоара (Орадеа, 29, 204), Роланд Торок (Клуж, 26, 203)
Центри: Емануел Кате (Севиља, 20, 207), Александру Ола (Монс, 23, 212), Каталин Бачиу (Стеауа, 29, 214)
Унгарија
Унгарија е за прв пат на Европските натпреварувања после 18 години пауза, екипа која ќе биде предводена од Адам Ханга, ДиАндре Кејн (новиот играч на Макаби), како и Роско Ален кошаркарот на Тенерифе, потпомогнати од Адам Тот и Давид Војвода.
Плејмејкери: Андрас Рујак (Атомерому, 29, 188), Кристиан Витман (Дуна Асфалт, 32, 184)
Бекови: Давид Војвода (Солнок, 26, 196), Петер Ковач (Солнок, 28, 189), Чаба Ференц (Корменд, 32, 194), Золтан Перл (Тревисо, 22, 194)
Крила: Адам Ханга (Барселона, 28, 200), Роско Ален (Тенерифе, 24, 206), Јанос Еилингсфелд (Атомерому, 26, 199)
Крилни центри: Норберт Тот (Фалко, 30, 204)
Центри: Акош Келер (Алба Фехервар, 28, 208), Кемал Карахоџиќ (Дуна Асфалт, 28, 210)
Селектор - Стојан Ивковиќ (51)
Црна Гора
Лимитот на Црногорците би требало да се измери веднаш на стартот каде што играат со репрезентацијата на Шпанија, на ова ЕП би можеле да добиеме и нова звезда во успон Дино Радончиќ.
Плејмејкери: Тајрис Рајс(Барселона, 30, 185), Никола Ивановиќ (Будуќност, 23, 190)
Бекови: Немања Врањеш (Морнар, 29, 188), Владимир Михаиловиќ (Олденбург, 27, 194), Никола Павличевиќ (Солнок, 29, 192), Суад Шеховиќ (Будуќност, 30, 197)
Крила: Дино Радончиќ (Реал Мадрид, 18, 202)
Крилни центри: Марко Тодоровиќ (Химки, 25, 209), Бојан Дубљевиќ (Валенсија, 25, 205), Немања Ѓуришиќ (Телеком Бон, 25, 203)
Центри: Никола Вучевиќ (Орландо, 26, 213), Филип Баровиќ (Будуќност, 27, 207)
Селектор - Богдан Тањевиќ (70)
Чешка
Репрезентација која во последните години бележи очигледен успон во Европската кошарка. За жал на ова првенство останаа без Весели, Шилб, Бенда и Пумпрла, е преголем хендикеп за екипата. Слично како кај Германците, клучевите од репрезентацијата се кај Томаш Саторански, плејмејкерот на Вашингтон Визардс.
Селектор - Ронен Гинзбург (53)
Хрватска
Хрватите на ова ЕП доаѓаат конечно да пробаат да направат некој голем резултат. Предводени од НБА дуото Бојан Богдановиќ и Дарио Шариќ како главни звезди, како и вечниот Роко Лени Укиќ и секогаш присутниот Круно Симон. Ослабени се за неиграњето на Жижиќ и Зубац кои решија летото да го посветат на индивидуални тренинзи, Билан кој не бил сосема спремен, како и Хезоња, но повторно имаат сосема пристоен тим.
Плејмејкери: Роко Лени Укиќ (Цедевита, 32, 196), Марко Поповиќ (Фуенлабрада, 35, 185)
Бекови: Круно Симон (Анадолу Ефес, 32, 197), Филип Крушлин (Цедевита, 28, 199), Бојан Бодановиќ (Индијана Пејсерс, 28, 200)
Крила: Иван Рамљак (Цедевита, 27, 203), Марко Томас (Цедевита, 32, 201)
Крилни центри: Драган Бенднер (Феникс Санс, 19, 215), Дарио Шариќ (Филаделфија 76ерс, 23, 208)
Центри: Лука Жориќ (Цибона, 32, 211), Дарко Планиниќ (Сасари, 26, 211), Иван Бува (Истанбул ББ, 26, 208)
Селектор - Ацо Петровиќ (58)
Шпанија
Репрезентација која владее со Европската кошарка, единствен тим кој беше блиску до Американската репрезентација на некое големо натпреварување. Доаѓаат со браќата Гасол на шампионатот, но не играат Ибака, Миротиќ, Рибас, Руди Фернандез, како и Серхио Љуљ кој на подготовките ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе отсуствува минимум 6 месеци од паркетот. Но и покрај тоа Шпанија е составот со најмногу играчи од НБА.
Селектор - Серџо Скариоло (56)
Моја некоја си прогноза за оваа група е дека Шпанците ќе стигнат лесно до првата позиција, Хрватите ќе завршат втори, Црногорците трети а Чесите четврти.
Група Д
Натпреварите од групата Д ќе се играат во Истанбул, во Синан Ердем арената, каде што се одигра и Ф4 од Евролигата, се очекува пеколна атмосфера кога ќе игра домаќинот - репрезентацијата на Турција.
Лeтонија
Прва звезда на репрезентацијата ќе бидне звездата на Њу Јорк Никс, Кристапс Порзингис, опасна репрезентација во која сите шутираат тројќи, многу атипична репрезентација за бранење, spacing во напад имаат колку сакаат па ако имаат добра тимска хемија за мене тие се потенцијалното изненадување на оваа првенство.
Селектор - Аинарс Багацкис (50)
Русија
Репрезентација која ќе живее и умира од тоа на која нога ќе стане Швед, кој ќе има подршка од Воронцевич и Мозгов како и Никита Курбанов кој е неприметен во статистиката но врши многу работи на паркетот кои не се гледаат низ статистика.
Плејмејкери: Евгени Бабурин (Локомотив Кубан, 30, 190), Дмитри Квостов (Локомотив Кубан, 28, 190), Михаил Кулагин (Цска, 23, 192)
Бекови: Дмитри Кулагин (Цска, 25, 197), Алексеј Швед (Химки, 28, 195), Витали Фридзон (Цска, 31, 195)
Крила: Никита Курбанов (Цска, 30, 202)
Крилни центри: Семен Антонов (Цска, 28, 202), Андреј Воронцевич (Цска, 30, 207), Андреј Зубков (Химки, 26, 205), Владимир Ивлев (Локомотив Кубан, 27, 207)
Центри: Тимофеј Мозгов(Бруклин Нетс, 31, 216)
Селектор - Сергеј Базаревич (52)
Белгија
Прво име што паѓа во очи е секогаш Ван Росом, дали е здрав и дали ќе игра, кој по освојувањето на титулата со Валенсија во АЦБ лигата доаѓа на ова ЕП, алфа и омега во екипата на Белгија.
Плејмејкери: Емануел Лекомте (Бејлор Универзитет, 22, 180), Сем Ван Росом (Валенсија, 31, 188), Квинтин Серон (Гравелин, 27, 190)
Бекови: Џонатан Табу (Билбао, 31, 184)
Крила: Жан Салуму (Остенде, 27, 193), Жан Марк Мвема (Остенде, 27, 195)
Крилни центри: Алекс Ервел (Билбао, 34, 204), Пјер Антоан Жиле (Шалон, 26, 201), Максим де Зеув (Олденбург, 30, 206), Венсан Кестело (Остенде, 22, 202)
Центри: Кевин Тумба (Мурсија, 26, 206), Исмаел Бако (Антверп, 21, 208)
Селектор - Еди Кастелс (57)
Велика Британија
Најслаб тим во оваа група според мене, одамна помина времето кога Британците имаа успех во репрезентативната кошарка, од клупата ги предводи иначе Џо Прунти кој е асистент во Милвоки Бакс, а пред тоа и во Бруклин Нетс.
Турција
Домаќини на оваа група но и на ова ЕП доаѓаат со голем хендикеп, откако лекарскиот тим не успеа да го опоправи од повреда Мохамед Али (Боби Диксон), па ќе настапуваат само со свои играчи. Настапуваат ослабени бидејќи Иљасова не игра, Кантер е скаран со претседателот Ердоган, така да нема во блиска иднина да настапува. Но сепак ќе имаат огромна подршка од нивните навивачи, но и сега се предводени од Уфук Шариџа кој го замени Атаман на селекторската позиција, неговите екипи увек играат фајтерски, па може да го очекуваме тоа од оваа репрезентација на Турција.
Плејмејкери: Догуш Балбај (Анадолу Ефес, 28, 185), Кенан Сипахи (Бешикташ, 22, 197)
Бекови: Фуркан Коркмаз (Филаделфија 76ерс, 20, 200), Мелих Махмутоглу (Фенербахче, 27, 191), Гоксенин Коксал (Галатасарај, 26, 195), Синан Гилер (Фенербахче, 33, 192)
Крила: Чеди Осман (Кливленд, 22, 200), Еркан Вејселоглу (Бешикташ, 34, 200)
Крилни центри: Бариш Хершек (Фенербахче, 29, 208)
Ценри: Семих Ерден (Дарушафака, 31, 210), Фуркан Алдемир (26, 208), Сертач Санли (Бешикташ, 26, 214)
Селектор - Уфук Шариџа (45)
Интересно е што Шариџа во пријателсите натпревари го користеше Чеди осман на 4 и играше во small ball постава...
Србија
Ова првенство веројатно беше шанса за златен медал за Србите бидејќи да дојдеа во најсилниот состав верувам дека ќе освоеја, но отидоа ако може да се каже со 3 тим на првенството. Јокиќ откажа за да се спреми за новата сезона, Бјелица е повреден како и Тео, Недовиќ и Калиниќ не ги залечија доволно проблемите, Симоновиќ ја скрши дланката, Радуљица се повреди, па така Сале не ни мораше да го крати списокот, му останаа само 12 играчи.
Плејмејкери: Стефан Јовиќ (Баерн, 26 , 194), Василије Мициќ (Жалгирис, 23, 195)
Бекови: Драган Милосављевиќ (Уникаха, 28, 198), Богдан Богдановиќ (Сакраменто, 25, 197), Бранко Лазиќ (Црвена Звезда, 28, 194)
Крила: Владимир Лучиќ (Баерн, 28, 202), Марко Гудуриќ (Фенербахче, 22, 197)
Крилни центри: Стефан Бирчевиќ (Истанбул ББ, 27, 210), Милан Мачван (Баерн, 27, 206)
Центри: Огњен Кузмиќ (Реал Мадрид, 27, 213), Бобан Марјановиќ (Детроит, 29, 222), Владимир Штимац (Анадолу Ефес, 30, 211)
Србија би требало да се прошета низ оваа група, додека од Русија, Летонија и Турција нијанси ќе одлучуваат за 2ро место во групата ако не и круг меѓу тие репрезентации, бидејќи по квалитет се тука некаде, по моја прогноза.