Мех, која е поентата ондак? Со тоа што пробуваш да опнеш било какви рестрикции на контра-култура единствено ја обезвреднуваш. Крикот на урбаната субкултура е многу повеќе од цртеж на ѕид. Битно е каде, кога, како, од кого и кон кого е упатен тој извик.
А дали со тоа се обезвреднува и уништува мојот имот!? Уметноста мора да ги познава тие граници затоа не смее да навлегува во судир со законот. Границите се добро зацртани со нашиот Устав, па тоа не значи дека ако јас ја запуштам викендицата некоја година, кога ќе се вратам треба внатре да биде исшарана со графити и тоа стриктно да се смета за уметност. Тие аргументи не ти се баш на место.....И тие зборови немаат уметничка содржина, ниту се уметничко дело. Затоа и реков дека не секоја шкртаница е уметност.
Али тоа сакам да ти го доловам. Различна е уметноста изразена преку платно и таа преку кожа. Исто ко што има разлика помеѓу платно и вајарство. Како разликата меѓу филм и книга. Не можеш да речеш зашо ова не го нацрташ на платно наместо на кожа. Не е исто. Подлогата не е иста, методологијата не е иста, начинот на прикажување не е ист. Тоа дека постојат само две причини за ставање на тетоважа е твое верување. Никаде не е зацртано во камен. Тоа е исто ко ја да речам дека низ историјата се цртале и вајале голи човечки тела бидејќи немало порно.
Разликата меѓу нас е тоа што јас убавината ја гледам во едноставноста (а уметноста во деталите). Не гледам никаква точка поврзана со уметноста во
ова или во
ова. Вака и јас, кој сум ликовен антиталент, можам да нацртам некое дело и да се нарекувам уметник! Ако секој шлака што сака и сето тоа го величиме, уметноста ќе ја изгуби својата функција. Затоа ова не е никакво уметничко дело, а да беше, секој од нас ќе беше уметник. Тоа е како да ги споредуваш По и Војводата, по тежината на своите издадени збирки! Едното е мегадело, а другото жива смешка.
Која е практичната примена на слика, песна или биста? Све може да биде медиум за експресија. Нема граници тука. Тоа е убавината. Клизав терен е општо барање практичност, а не па барање практичност во нешто волку free form. Која би била практичната примена на True Love Waits од Radiohead? Дали длабоката меланхолија во која те бутка песнава е практична? Што ако сакам да се осеќам меланхолично? Дали песната ја исполнила својата цел?
И пак, која е разликата меѓу тој и било кој друг вид на експресија?
Не ги слушам Рејдиохед, многу ми се лигави за мој вкус. Па така немам претстава за песнава каква е и какво е нејзиното значење. Затоа не можам да ја критикувам на празно.
И не, ние чувствуваме експресија преку уметничкото дело, во кое директно уметникот внел дел од својот талект, време, енергија, знаење, вештина и идеја. А чувствата се променливи. Членот рече дека “ако сакал и знае дека засекогаш тоа нешто ќе го сака, ќе го истетовира“. Ние не можеме да знаеме што ќе сакаме, знаеме што сакаме и што сме сакале. Па и тоа е процентуално изразено вака. Во истражувањето во 2006 год., научници од еден универзитет анкетирале 500 лица, со старост од 18-50 и откриле дека 25% зажалиле што ставиле тетоважа и 17% размислуваат да ја отстранат тетоважата (во 2017 год. процентот се 23%, значи малку е паднат). Секако процесот на отстранување е напорен и болен, па затоа многумина ја оставаат тетоважата. Дали тое 25% не знаеле што сакаат? или еуфоријата им поминала, па така желбата им стивнала, што да било на некое платно до сега ќе беше променета.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)