На почетокот изгледаше како да ќе заврши нерешено или пак овие мувливе ќе ни закачат гол и ќе се бранат до крај. Меѓутоа, добро што мур малку смени игра, бидејќи беа прочитани од сам старт, односно беа покривани добро и освен што не знаеа што да прават со топка и рокаа топки од секаде, тоа беше. Лестер на страна што беа шампиони пред две години, се крајно заебан тим кој што вчера им беше дозволено да си ја играат својата игра. Среќа што беји беше неприкосновен и играше ко паоло малдини у најбољи години, па дури и секој втор напад го чистеше во аут него ли да ја рогне типично англиски. Доколку го немавме вчера матич големи беа шансите да изгубиме. Башка што мата не го хранеше лукаку со топки а ни мики, пошто беа исечени. Не знам како погба беше мотм кога не го видов во прво, а и немаше храброст да превземе иницијатива.
За левациве и пеналите, се знае дека се поочигледни од овие што пукаат со десна, па се знаеше однапред каде ќе шутне лук, имајќи во предвид дека ем е огромен и ќе се примети доколку се мести да шутне десно.
Иако попаметно ќе беше од старт да игра со херера него со двајца везни позади напаѓачот да пробува да игра на-ти-го-дај-ми-го што се покажа како неуспешно.
Рашфорд смени многу, посебно што им требаше некој да тргне по крило и да заврши работа, наместо едните па исти набацувања на валенсија и блинд (од кои првиов сеуште не научи да ги изведува иако е 10 години во јунајтед).
Не е ова критика, напротив ова го гледав вчера. Добро е што не потпаднаа психолошки па не изгубија нити пак не заврши фрустрирачки нерешено. Тоа е добар знак дека тимов полека созрева и оди напред. Сега да видиме како ќе поминат со репрезентации, па тек лш ко ќе почне итн. Дали ќе останат на ова ниво или ќе почнат да паѓаат. Едина работа што не ми се свиѓа е што форсира ист тим цело време. Пошто ако продолжи вака наредна сезона овие ќе бидат инвалиди и ќе биде веќе видено по не знам кој пат со тим на мур. Како и да е, се надевам дека среќата ќе ги служи и нема да има многу повреди. Рашфорд пак рипна на 900милиони, сигурно и лукаку чува постер од него во соба.