Oд ова страда државата:
Педесет проценти од луѓето во Македонија што примаат плата имаат доход под 212 евра месечно, а 70% имаат доход под 297 евра месечно. Од друга страна два посто од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден посто од луѓето доход што е над 1.523 евра. 775-те најбогати во држвата во 2016 година заработиле исто толку пари колку и 210.000 најсиромашни жители, констатираа од Министерството.
Гоце Јане Даме... не се бореле да станат паши и аги и да го експлоатираат народот, се бореле за слобода правда и еднаквост.
Овие вести за “национални интереси“ за “мигранти“ од една страна а “лидери во светот по раст по инвестиции по БДП...“ се само камуфлажа да не се види дека на грбот на Македонскиот народ седат 1000 души кои безмилосно како вампири ја цицаат крвта на 99% жители на ова држава. Нив не им одговара да се дознае главната причина за несреќата на народот “А бе остај ти шо земаш 8500 денари плата а газдата твој зема секој месец 4.500.000 плата, види бе таблите во скопје шо ги ставаат, то е причина шо си јаден и несреќен“