Здраво,
би сакал да прашам дали некој од вас лично имал или ако е стоматолог имал пациент со патолошки страв од заболекар.
Јас, поради претрпена траума во детството, нешто што дури и сега на 30 год. се уште го памтам прилично живописно, имам парализирачки страв од заболекар. Самиот мирис прави да се се чувствувам панично, а не пак помислата дека треба да седнам во столицата, со тие машинчињата да ми брмчат и шмукалото за плунка, и самиот стоматолог со маската на лице. Тоа ми е хорор филм. Се работи за повеќе од обичен страв, ме фаќа паника, срцето ми чука забрзано, ме облева ладна пот.
Со оглед на сето ова, на забар не сум било скоро 10 години, и колку и да одржувам орална хигиена, миење заби, користење на конец и listerine, и редовното непосетување на стоматолог си го направи своето, забите ми се хаос. Моментално, ми падна пломба, и чувствувам прилично јака болка плус ми се појави и оток на образот.
Ментално се подготвувм за посета на стоматолог, и би сакал да знам како вие се справувате со ова. Сигурен сум дека не сум единствен со ваков страв и сакам да знам како му објаснувате на стоматологот дека ви е толку страв што не можете да се движите или да одговорите на едноставни прашања. Или пак ако сте стоматолог, како се однесувате со вакви пациенти. Знам дека е напорно но нерационален страв е нешто што не може да се контролира. Сакав пред да седнам на столицата да се објаснам со стоматологот, што е како е и сакам да знам каква би можела да биде неговата реакција. Како што реков, имам доста лошо искуство кое би сакал да избегнам пак да се повтори.
Така што било каков совет или охрабрување се добредојдени.
Фала.