Лелеееее злочка една, па не болат 100 стапа на друг грб...абе не е толку едноставна таа синус пластика операција..Каде ми е
@bijons да ми каже поубаво....гледаш дека од Анон крв ми се заледи
еве еден пример,
гледај на ртг снимка како коренот на забот е во синусот т.е. синусот се спушта до коренот на забот, велат тоа не е случај баш така туку само една илузија на преклопување на дводимензионална слика на тридимензионален објект, но често пати болките на последните заби, катници што преку цел ден можеме да ги имаме, да речеме дека се пломбирани или може има некој почетен кариес, при одење на стоматолог доколку не е искусен и не направи ртг снимка и тој „реши“ да го извади забот, а всушност забот не боли од самиот себе туку боли од некоја синусна инфекција која ние не ја чувствуваме на тоа место, туку како забоболка ! и затоа треба да се направат дополнителни тестови со сигурност да се знае дека болката е од забот кој е „расипан“ а не од синузитис (инфекција на синусите) така да се прска ладна вода или се поминува со мраз, со удар на самиот заб да со сигурност се утврди дека болката е од забот ...има повеќе синуси, но тие што делуваат на горните заби се т.н. максиларни синуси така да доколу имаме инфекција на овие максиларни синуси доаѓа до болка не само на горните заби или заб туку таа се засилува со вртење на главата или се смирува болката ако се лежи или стои (различно кај луѓето) и затоа при сомневање дека болката на забот е од природа на инфекција на максиларни синуси со бактерии се оди со антибиотик amoxicillin, azithromycin, cefuroxime
друг пример,
треба да се извади последниот заб кој всушност е целосно во коска( вилица)и нема простор околу себе за ерупција и можност за извлекување, тука доаѓа до искуството на стоматолошкиот орален хирург со разни инструменти да го извлече без да оштетува некои витални структури, извлекувањето на забот во горната вилица (максила) има ризик од спојката со синусните шуплини, максиларните синуси се мембрански наредени воздушни простори во коските на образот,
ВНИМАВАЈ !!! ако не можеш да гледаш крв не го гледај видеото :
додека извлекувањето на забот во долната вилица (мандибула) има ризик да ги прекине нервите кои ја инервираат долната усна, делови од брадата /образот, забите и делови од јазикот, тоа би било вака визуелно,
ВНИМАВАЈ !!! ако не можеш да гледаш крв не го гледај видеото :