Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Барселона со трансферот направи директна замена на Нејмар со Дембеле што значи дека се уште послаби од лани и му фалат најмалце уште двајца играчи на средина заедно со Серхио Роберто за да заличат барем малце на екипа..Бускетс не знај кај тера моментално,преспор,истрошен,без мотивација..се влечи како црево некое и не е повеќе за играње без разлика на неговиот квалитет,Иниеста не постои,Ракитич е добар играч но мислам дека физички е опаднат и ја нема таа свежина како пред три години,Гомез,Денис,Рафиња и Паулињо се катастрофа...му треба барем Кутињо да го земат за да прави разлика против послабите екипи.
 
Мислам дека после трансферов на Дембеле во Барса, слободно може да кажеме дека Јунајтед го зема Погба преефтино. :D

Добар трансфер за Барселона бидејќи е долгорочен. Ама мислам дека ѓупчево нема потенцијал да биде лидер на некоја екипа во иднина. Ќе имаат корист од него, тоа е сигурно, но не е ни блиску до можностите на Нејмар, и никогаш нема да дојде до тоа ниво. :)
 
Мислам дека после трансферов на Дембеле во Барса, слободно може да кажеме дека Јунајтед го зема Погба преефтино. :D

И мене ми текна на истото. Кога ќе видам какви пари се даваат за циркузанти и дечишта, трансферот на Погба е премија.
 
Дембеле ни дресови нема да продаде.
Кој сака на грб да му пишува Дембеле? :unsure:
 
И мене ми текна на истото. Кога ќе видам какви пари се даваат за циркузанти и дечишта, трансферот на Погба е премија.
Трансферот на Погба е смешка и ги предизвика моменталните цени. POTY :pos:
 
Стварно е голема смешка трансферот на Погба, 100 милиони а игра ко Диего во Јуве што играше. Тешки комедии...
Оправдување на една катастрофа со друга никогаш не е позитивно.

Патем, и оваа сезона и ситуацијата на Барса воопшто не е иста со таа на Јунајтед.
 
Лани можеби, ама последните месец дена и новава сезона далеку дека е Погба комедии.
 
Уште ли бе Џони?
Кутињо и овој викенд има проблеми со грбот?
Пошо гледам за наредниот е повикан за репрезентацијата, или кога игра со Бразил грбот му е океј? :icon_mrgr:
 
Кутињо и овој викенд има проблеми со грбот?
Пошо гледам за наредниот е повикан за репрезентацијата, или кога игра со Бразил грбот му е океј? :icon_mrgr:

Проблемот на Кутињо со грбот излезе во јавност пред да биде првата понуда за Барса и пред трансфер риквестот. Дали сега е повреден, мала е веројатноста, дали ќе направи летово трансфер во Барса, веројатноста е помала за неколку милијарди од онаа дека е повреден и затоа не игра за Ливерпул во моментов.

Верувајте им вие на Филе и тие весниците на Бартомеу. Да беа во право, до сеа ќе имавте купено играчи за да составите 4 тима :D
 
Лани можеби, ама последните месец дена и новава сезона далеку дека е Погба комедии.
Рано е, 2 утакмици се... Ко за најскап трансфер се очекува immediate impact, ко Роналдо во Реал, ипак трансфер рекорд е трансфер рекорд. Мора да се поправи сезонава, али јас мислам дека не е роден за лидер, и за Франција беше изгубен и еден Сисоко повеќе прикажа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom