И ПАЗИ И ПАЗИ И ПАЗИ ВАРДАР ГАЗИ !!!
Аууу какво лудило, ми се чини дека ќе излезам од телово...Вардаре животе наш во буквална смисла, гордоста на Македонија, најпозитивното нешто што се случи во оваа држава прво со ракометот а сега и со фудбалот, клубот кој ме прави најсреќен човек на светот...Безброј проследени натпревари, радувања на голови кои не ни значеле ништо, а сепак сме ги славеле како да биле за титула бидејќи биле од нашиот Вардар, создавањето навика уште од предшколска возраст да се сака Вардар, огромната радост со ЦСКА Москва и потоа болната елиминација, сите подеми и падови на клубот, оставањето глас и душа на Запад, следење на клубот насекаде, под секакви притисоци, забрани и кога сите ти се чуделе како можеш цел ден да потрошиш за да поминеш цел ден низ патишта за да го гледаш Вардар во ПМФЛ, ,,Ама ако кога се работи за тебе"
а сега срцево ми е полно кога гледам толку народ во дрес на Вардар, конечно сонот ни се оствари...Незаборавно фудбалско лето, каква радост е само едно, човече едно коло да поминеш во Европа а ние го победуваме на два пати Фенербахче и се пласираме во Лига Европа... Ваква страст и емоција не се доживува често, можеби и никогаш во животот...Секоја чест за момците, браво и за Чеде, со неговото доаѓање дојде и вардарството во Вардар. Името Вардар од оваа година доби уште поголема тежина, бидете горди Вардарци.
Честитки на сите што со години пишуваме овде Екипо Кајгана и редно време е во полн состав да се озрачиме во некоја кафана што и да е
А за утре, КОЈ САКА НЕКА ДОЈДЕ, со сите можеме, ВАРДАР го може тоа
АЈДЕЕЕЕЕЕ НЕ ПРЕСТАНУВА ЦРВЕНО ЦРНОТО ЛУДИЛООООООО