Што носите од Македонија за дома?

  • Креатор на темата Креатор на темата Staufer
  • Време на започнување Време на започнување

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.764
Поени од реакции
22.713
Летниот период и одморите завршуваат и дијаспорците веќе се враќаат дома. Сигурно си имате нешто што сте зеле од Македонија за дома, пошто можеби го нема во таа држава која што живеете или поради некоја друга причина. Ме интересира кои се важите работи кои сте ги донесле од Македонија односнo кои честo си ги земате од Македонија за дома?

Ете ќе почнам со мои донесоци:

- Буковка: Македонски зачин кој тешко се наоѓа надвор од Македонија со добар квалитет.
- Домашна ракија: Во овој случај Сливка со 50, 60 па и поќе %.
- Жолта Лозова ракија од Тиквеш: Иако може да се најде и во други држави често ја земам. Не-Македонци што ја пиле се пријатно изненадени од „Македоснки виски“.
- Македонски вино: Може да се најде и надвор од Македонија но сепак не со тој голем избор.
- Македонски сирење: Да биде по можност домашно - неповторливо.
- Грнчарски сувенири: Можат да се најдат на пазарите и сувенирски продавници. Вистински уникати и одлични поклони за пријатели.
- Суви црвени пиперки: За мерак.
- Домашен Ајвар: За мерак ²

Вие?

Само да не сте од тие кои полнат цели куфери со пиперки :D

aerodrom-skopje.jpg
 
Сирење, тоа вреди повеќе од суво злато! :D
Последно зедов 10 калапчиња.
 
Сирење, тоа вреди повеќе од суво злато! :D
Последно зедов 10 калапчиња.
Ме интересира како пројдоа толкав пат без беља да ти се деси, да протечат, било што нешто :D
 
@gade мене ме интересира како никогаш Британците не ти направиле проблем за сирењето. :D :D
 
Нема ништо во FYROM вредно за тегавење во куфери и расправии по аеродроми/граници.
 
Ме интересира како пројдоа толкав пат без беља да ти се деси, да протечат, било што нешто :D

Искуство во пакување и тврд куфер. :D

@gade мене ме интересира како никогаш Британците не ти направиле проблем за сирењето. :D :D

Не ги интересираат такви работи, само цигари и друга акцизна роба ги интересираат.
Обично прашуваат на царина - Цигари имате? Не. Off you go. :)

Најтешко е кога се враќаш да ја убедиш баба ти дека 3 кила пита се премногу и дека ти го прават куферот потежок од колку што е дозволено. :D
 
...тогаш зошто сте таму во новата дома, кога најдобро е ваму во старата дома? ако од овде понесувате храна за таму, што останува за другите работи, уххх јас помислив за темава дека се понесува во смисол фотографии спомени од поминати моменти од родниот крај, а тоа буковка и други пиперки било :D
 
Сирење, пиперки и баба ми ако даде некоја тегла ајвар. Сирење мора што поголема количина, нема никаде на друго место такво сирење како кај нас. Мада има тука едно ок замена што е, ама сеуште далеку повкусно е нашето.
 
Офф топик:

Колкава количина алкохол е дозволено да изнесам од МК в багаж (авионски)?

Он топик:

Досега само сувенири, храна јок. Незнам зш ви е тешко да најдете замена за сирење, ајвар, пиперки. Сигурно не е исто како домашно производство ама се наоѓа пристојна замена без да мора да шлепам 2500 километри. Иако ова со буковката не е лоша идеа, единствено што најдов овде е по турските маркети 4-5 евра за 100-200 грама.
 
@gade мене ме интересира како никогаш Британците не ти направиле проблем за сирењето. :D :D
Пффф сирење, ја ајвар, слатки, кикиритки домашни, бобче, кочански ориз, семки и не знам уште што внесов па никому ништо :D
 
Мене ајвар ми имат конфискувано во Кипар, многу ми беше жал и одтогаш реков не носам јадење преку граница... инаку незнам која ви е таа добра замена за сирење која сте ја нашле? Еве дајте ми пример за Германија да пробам и јас, хиртенкезе , фета.. немат блага веза...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom