Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Данте, во која држава ќе ме ставиш мене?Најдобро да се креираат нови држави и тоа едниот тип нека бидат држави кои ќе бидат сочинети само од белци и тоа белци-христијани, а по идеологија да бидат стриктно десница со конзервативни и традиционални вредности/идеи (нешто слично како белечко-христијански шеријат) и општеството нека си го градат чесно, демохристијански, конзервативно, традиционално и никој поинаков да не им се меша ... а од друга страна нека постојат и држави за нас либералните шупци кои ете многу не е*аваме религија цркви-мркви такви ствари, имаме либерални ставови за животот, немаме ништо против LGBT популацијата и нивните права, сме за легален абортус, легална проституција, легализација на одредени видови на дроги (why not), сме за расно мешање на народите, мрзиме национализми, расизми, традиционализми, конзервативизам и.т.н.
Ова си е мој личен теориски став кој го имам изградено од поодамна и знам дека е невозможно да биде прифатен, a уште помалку па реализиран во пракса, но чисто колку вака на форум да си го искажам why not ...![]()
Теоријава ти е луцидна. Прво сакаш хомогена држава, либерален рај, каде секој ќе може да прави што сака, нели полицијата е лоша и расистичка (според антифа) и во таа држава ќе владее вистинска анархија. Ако одиме по таа логика, либералите немаат моќ за расудување, па можеби утре во тоа општество ќе пронајдат некој кој нема да им одговара и ќе одат кон јавен линч, како што прават со Трамп. Тоа и не зборува за тоа дека тука има некое сеење на идеали од легендарниот морален кодекс, туку безидејност која се шири како канцер во целото општество. Ако немаш став или поткрепа на тој аргумент кој си го изнел, тогаш паѓаш надоле на вагата, а знаеш дека божицата на правдата е слепа, па ако си и во едната, во онаа во која се наоѓа машинката и одиш надолу на истата, ќе замавне со другата рака, онаа за казната. Затоа е твоја и само твоја е одлуката што ќе кажеш, колку ќе кажеш и дали воопшто нешто ќе кажеш.
Ќе ти препорачам да ја прочиташ “Утопија“ од Мор. Тој во тоа дело зборува за еден мал планински народ кој се справувал многу умешно со прекршителите на законите. Тој дел ќе ти биде доста интересен (страничка-две е приказната).
Едно е во теорија, а сосем друго е во пракса. Ова ти е невозможна мисија затоа што имаш и луѓе кои се центристи и имаш онакви кои воопшто не се интересираат за она. Јас барам по нетов и за левиот конзервативизам!, да видам дали постои такво нешто (и гледам дека постои), што значи дека палетата само ќе се шири. Па имаш и post-left, far-left, new-left, alt-left, center-right, center-left, new-right, hard-right, alt-right....секоја идеологија ќе сака да е главна и секој идеологист ќе сака последното негово да биде, па види каков ќе ти биде либералниот рај.
И околу твоите ставови. Јас би сакал да продискутирам и со тебе околу твоите гледишта, па се надевам ќе пишеш и збор-два зошто ги застапуваш.
пи.ес. Еве ти нешто интересно.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Последно уредено: