Soccer Manager (Kajgana Europa League)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Колку да е буџетот? (мил)


  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Иначе Бејнс го продавам ако случајно некој нема бекап за лев бек. :D Ептен паѓам во минус од плативе, мора да се ослободам од некој, а имам 2 бека, Бејнс и Тео Хернандез.
 
Цел тим е достапен за размена.. повелете понудете ќе се договориме..
 
Бејнс продаден за 5м, Киеран Тиерни земен за истите пари. Сега може и за Тео Хернандез да се преговара ако го сака некој. :D
 
Аууу се случи и најјакиот транфер во лигава, Даниеле Де Роси е даден за Анте Чориќ, Дани и Донев очигледно ви ги испраа мозоците за годините. :D


Тимо Вернер ја искористи шансата денеска и ми донесе сосема заслужен поен. Ептен им падна формата на моивте последниве утакмици, ама со оглед на тоа што последно коло играм со Виљареал, а имам 10 гола подобра гол разлика од Чоко мислам дека трофејот го имам веќе во едната рака.
 
Веројатно пирова победа против Интер, но шансите сеуште постојат. Прес конференцијата е одложена. #trusttheprocess
 
После веќе освоеното прво место во трета лига и промоцијата во втора лига, Вотфорд најавува промени во тимскиот состав. #WatfordIsComing...

Досега реализирани трансфери:
Пристигнаа: Анте Чориќ, Преснел Кимпембе, Андреас Кристенсен, Лејтон Бејнс, Натаниел Клајн и голманот Албан Лафонт.

Заминаа: Даниеле Де Роси, Тимо Баумгартл, Енрике Гансо, Јетро Вилемс, Емануел Мамана, Куки Залазар и голманот Костел Пантилимон.
 
Последно уредено:
Нова бомба во КЕЛ:

dsa.jpg


Агуеро нема дадено гол во лигата од 16ти Јули, точно месец дена до сега. Мислам дека на тоа се должи и слабата формата на мојот тим, со оглед на тоа што ми е таргет мен и имаше по 3-4 шанси по утакмица. Следно коло таман против мене игра, перфектен момент да направи хет трик. :D
 
Прават трансфери во неколку лиги, ама уште не гледам кај му е ќарот на Клипче во било кој од договорите :D
 
Back
На врв Bottom