велиш не ни треба стандард и подобар живот?
Каков спин. Фрчко да не ти бил професор?
Србите се курчеа, го изедоа немиен.
Либија се курчеше го изедоа и сеуште го јадат немиен.
Нели ти е досега јасно кога си мал, слаб а и непознат во светски рамки НЕ се курчи на посилниот.
Ем ќе те истепа, ем ќе ти убие најдобрите гени, и пак ќе прифатиш тоа што бара дури и ќе го молиш.
Она што им претстоина сите овие работи што ги спомна се или претходници поставени од американците или воена интервенција. Ако се политички кукли поставени од Америте, нивна задача е да го угнетат народот на индиректен начин или да го апатизираат до таа мера да не само не може, но да не сака, да пружи отпор. Да стане индиферентен кон она што му се случува. Тука се крие мртвиот стаорец. Кај нас од одвојувањето на Југославија, а и за време на нашето време како дел од неа, се работеше на зајакнување на колективен идентитет, на сметка на исчезнување на регионалните. Со бебешки чекори, благо изведена и тивка опера на погребување на некоја национална идеја. Имаш родители, имаш претпоставувам и дедовци и баби, прашај ги. Југо-носталгијата е талогот од тој ефект и пропаганда. Не било се розово, ама она што било, било преслатко, па за другото се замижувало или воопшто не се регистрирало дека се случува.
Сега зошто сме натртени? Кај нас исто дијагнозата е апатија. Еден те ебе, друг те ебе, па првиот скапал на клупа предолго му се ебе му се плаче, го кутнува другиов и така во недоглед. Баш недоглед. Дали си видел трета опција? Од време на време се спомнува тука, ама никој не сака да образложи што таа трета опција би претставувала, и како би се издигнала како нешто посебно што не е ВМРО клон нити СДСМ клон. Левица пробаа, и потфрлија. Премногу личат како усовремента хипстер-верзија на раните СДСМци на времето. А се соочуваат моментално и со внатрешмни проблеми и раздор, што е смрт за млада партија како нив. И во најлошо време ви рекол, баш периодов сега им беше бранот што требаше да го фатат. Нејсе. Не е и само тоа проблемот. Кај тие што зеле за задача и цел да станат третиот политички пол во земјава, него самиот народ. Од апатија, веќе нема ни интерес некој за трета опција. Не кај повеќето. Едноставно не троши време за гласање, и порадо ќе зјапа дома во ТВ/компјутер или надвор во кафич ќе дискутираат спорт или кого легнале неодамна. Ако се постара генерација, Турските серии им се побитна работа или дремењето на клупа во парк.
Да не е народот апатетичен, до таа мера до кај што сме дојдени, немаше за никого да биде така лесно, нити за америте. Што ќе направат, ќе го сотрат мнозинството? Порано можеби не беше толку глобализиран светот, и ретко и ден денес кој знае за војната 99та и избеглиците што сме ги примиле. Поим немаат. Дури ни самите американци. Да не збориме останати земји по светов. Нова таква НАТО интервенција ќе ги кошта америте многу, на веќе наталожена негативна репутација по светот, што сама си се зголемува десеткратно со едно избирање на претседател, и неколку негови гафови, да не збориме други потези. Згора на тоа, не верувам и дека Трамп би се потпишал на нова таква интервенција, и тоа да му иде на резиме како политичар. Помина тоа време. Со таква интервенција ризикуваат да се свртиме кон исток, а сите други светски играчи се таму (Русија, Кина, и од 2020 како светска сила се приклучува и Индија). Сева оваа напорна работа за што? Да го фрлат сето тоа во вода затоа што би им се спротивставиле на нивните вазали?
Америте имаат историја и да се свртат против своите вазали, а да не збориме за вртење глава на друга страна кога нешто непогодно им се случува. Ако во ситуацијата нема излез, ќе ги остават на цедило. Само заради наши лоши политички одлуки, племево нема искусено како е да бидат оставени на цедило, не па да збориме за да отседат политички еден мандат на клупа. Што е сосема возможно, ама треба луѓе со перспектива и малку храброст за тоа. Не некој што ќе чека погоден момент за да удри, затоа што таков момент може да дојде многу касно, а и да не дојде воопшто. А верувај, во политиката има и такво нешто како point of no return. Се движиме близу таа точка моментално. Некои штети не се оправаат. Прашај ги Курдите. Уште едни вазалчиња кои Америте редовно ги игнорираат кога се во некоја мака ако им носи негативни политички поени во моментот или ако не им е во интерес.
Да не мислиш дека не сфатив што сакаш да кажеш, тоа е добра стратегија, и посочувањето на примери од историјата наша е добра слика за тоа, ама тоа време тогаш не е истото што и денес. Ако чекаме предолго и попуштаме премногу, ќе си направиме самоубиство. Веќе сме чекале и веќе сме попуштиле премногу.
Провери Македонија 2025 колку успешни Македонци има во светот. Остај го ова парче територија кое поради социјализмот останаа само паразитите. Па и тука работат успешни фирми и луѓе, да имавме подобра администрација уште поуспешни ќе бевме ама јбг, американецот е виновен не ние
Убаво те прашаа и двајцата во однос на ова Македонија 2025. На кој начин ја помагаат Македонија овие луѓе? Ако има такви меѓу нив, супер, баш ми е мило, и медиумите треба повеќе простор да им дадат на луѓево, да видиме што постигнале и како придонеле за државата и нормално, и ние да научиме нешто од нив и нивнава формула за успех, да бидеме и ние, ем успешни, ем придонесливи (или барем по-придонесливи од претходно).
Но ако не ја помагаат државата, ако живеат и работат во странство, вработувајќи други лица со друг етникум и полнејчи туѓи буџети, тогаш Бафра друже, ни малку не ме интересира колку се успешни. Барем не во контекст на ситуацијава за која говориме, во кој се наоѓа земјава. Индивидуално сигурно ќе им подадам рака и честитам, ама да ги величам како нешто позитивно, не. Ми мириса како да се продукт на глобализацијата, каде секој како што и си рече самиот, може да каже кој етникум е, и да си говори на свој јазик, но ако придонесува кон серастечката глобализација, конзумеризам и тековен поредок.
Makedonija sama po sebe veke e pekol. Tie migranti i begalci se lugje pred se i nivna cel veruvale ili ne, ne e ovaa vukojebina. Treba da si lud da sakas da ostanes ovde.
Krajnata cel im e zapadna Evropa. Taka sto smirete se, nikoj nema da vi gi zeme rabotnite mesta sto ne postojat i pomosta za ranlivite socijalni kategorii koja iznesuva nekoi 3000 denari.
Што ми е мене гајле ако се луѓе пред се? Ние не сме луѓе? Чоек, овде луѓе има што не знаат утре како ќе скрпат крај со крај, а ние ќе се занесуваме ќе трошиме пари и ресурси на луѓе што не се ни од наши соседни држави, нити македонци од други земји, нити на било кој начин наши граѓани. Немаат ништо заедничко со нас.
Што се однесува до тоа дали ќе сакаат или не сакаат да бидат овде, и дали тоа ќе биде привремено, како што беше FYROM привремено, и бегалците 99та што ги примивме па 2001ва земаа оружје в рака, и сега добар дел од нив ни се во влада и решаваат прашања кои не засегаат сите нас, особено ако сме македонци.
Така што не, нема да се смирам. Ме чуди ти што си мирен по ова прашање.