Не знам какви им се плановите, ама имаат можност да им понудат на играчите нешто што другите online card games не го нудат во моментов. Тоа е трејдање/купување/продавање на карти меѓу играчите. Постоечкиот трејд систем и маркет на Steam можат лесно да го овозможат ова.
Ако сакам некоја специфична карта, во другите игри треба или да купувам packs со надеж дека ќе ми се падне или да грајндам даст за да ја искрафтам картата. Или па ако имам дупликат, треба да го скршам за даст, на тој начин губејќи голем дел од вредноста на картата. Зашто да немам можност да мењам карти со некого, или па ако веќе давам пари, да имам можност да ја купам од маркет само таа карта што ми треба, или пак ако имам дупликат, да можам да го продадам на маркет?
Valve не би изгубиле ништо со ова, туку баш напротив, би добиле. На истиот начин како што добиваат од купување/продавање на скинови за CS:GO и други игри на Steam Market. Да, на овој начин би се намалила потенцијалната продажба на packs, ама од друга страна којзнае колку ќе зимаат од провизија секој ден.