Ако ова твоево -те (сфативте, видовте, замижувате...) се однесува директно на мене, очигледно не ме пратиш доволно на форумов, бидејќи јас од поодамна реков дека пастирот и пвеводбениците не чинат ниту за на власт, ниту за во опозиција.
Единствена причина зошто зајко кукурајко и плавите жолтици се толку лесни за читање како селски буквар наспроти пастирот и пвеводбениците, е бидејќи тие самите се прават себеси лесни за читање како селски буквар.
Пастирот и пвеводбениците во нивните први 100 дена откако дојдоа на власт во 2006 година, барем се обидоа да глумат некаква креативност со шетање низ индустриските зони - кои и денес зјаат празни исто како и тогаш, па се шетаа со шешири со некакви бизнисмени од Тексас кои наводно ќе инвестирале во македонското сточарство, дрн дрн јариња, додека во позадина ја градеа својата криминална владејачка структура.
Зајко кукурајко и плавите жолтици од друга страна, од кога дојдоа на власт на 1 јуни 2017, секој ден продаваат магла од типот Македонија во 2018 година ќе стане 30-та членка на НАТО - без да образложат како планираат да се справат со гејците кои го блокираат влезот на Македонија во НАТО, па потпишуваат договор за добрососедски односи со татарите, со кој Македонија се откажува од правото да ги брани интересите на македонското малцинство во Бугарија, а истовремено се обврзува да врши ревизија на сопствената историја со држава која на никаков начин не помогнала во извојувањето на слободата и независноста на македонската држава и на македонската нација, еве сега подготвуваат закон за двојазичност, додека во позадина отпуштаат директори на јавни установи и ги вработуваат довчерашните отпорници или шаренолики револуционери кои до вчера извикуваа нема правда = нема мир. Воопшто не се ни обидуваат да го прикријат менувањето на довчерашната криминална владејачка структура со нивната понова криминална владејачка структура.
Не треба да чекаш да поминат 11 години за да ти стане јасно дека ситуацијата не мрднала ни милиметар подалеку од истиот статус кво кој го имавме и пред 1 јуни 2017.