Биткоин (Bitcoin) фарма и електрична потрошувачка

  • Креатор на темата Креатор на темата Kakao
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 април 2013
Мислења
68
Поени од реакции
21
Сакам да инвестирам 20.000 евра во Биткоин фарма (т.е. околу 15 машини за копање биткоин). Дали некој може да ми даде совет околу приклучувањето, затоа што 1 машина троши околу 1600W. Дали за ова е потребно индустриска струја?

ПС: Секој друг совет е добредојден или бизнис предлог. Однапред се извинувам ако темава е постирана во погрешен топик.
 
Последно уредено:
не трошат 10 киловата, до околу 1500 вати максимум.
ако мислиш со графички да правиш промашена инвестиција е тоа.
ќе си купиш ASIC машини специјализирана за биткоин
 
Сакам да инвестирам 20.000 евра во Биткоин фарма (т.е. околу 15 машини за копање биткоин). Дали некој може да ми даде совет околу приклучувањето, затоа што 1 машина троши околу 10кw/h. Вкупната потрошувачка на електрична енергија ќе биде околу 150kw/h. Дали за ова е потребно индустриска струја?

ПС: Однапред се извинувам ако темава е постирана во погрешен топик.
Ако за ваква инвестиција бараш совет за приклучување на форум алал да ти е.
Ќе ти требаат клими за ладење, UPS, провери дали е дозволено (трговија со криптовалути е забрането мислам дека во МКД, за копање не знам), за индустриска ако пријавиш фирма, инаку ако ги лупниш во визба ќе си биде на истото броило од куќата.
 
Планирам во повеќе визби за почеток (по пријатели), инаку знам дека трговијата е нелегална, но копањето мислем дека е легално. Не ми е проблем мерилото, туку прашањето е дали мрежата ќе издржи толкава моќност (ако се постават сите во иста просторија)?

Инаку прашањево е ок за во форум, што има врска, можеби ќе наидам на некој добар совет или стар miner.
 
Машините ми се порачани веќе, Antminer S9 модел и троши 13KW/h
кај виде дека 13киловати струја влече. не знам дали и со трофазна толку струја од штекер моќе да добиеш.
 
Планирам во повеќе визби за почеток (по пријатели), инаку знам дека трговијата е нелегална, но копањето мислем дека е легално. Не ми е проблем мерилото, туку прашањето е дали мрежата ќе издржи толкава моќност (ако се постават сите во иста просторија)?

Инаку прашањево е ок за во форум, што има врска, можеби ќе наидам на некој добар совет или стар miner.
Не може да ти каже никој на форум, ЕВН во многу реони има проблеми со пад на напон, второ каква е инсталацијата и доводот до зградата и т.н
Мој совет ти е кога веќе лупаш 20 000 евра, да си платиш уште 100-200 евра и искусен енергетичар да ти направи проверка на напонот, да прегледа каква струја имате во објектот и да направи калкулација според потрошувачката на машините и останатите околности дали е во ред или ќе ти треба друга солуција (поделба во други објекти или да поднесеш барање ЕВН да ти извади специјално броило за објектот уште 35 000 отприлика).
 
кај виде дека 13киловати струја влече. не знам дали и со трофазна толку струја од штекер моќе да добиеш.
Изгледа си во право, сум ги смешал нешто калкулацииве. 1300W е точново, не 13 kw/h т.е темава паѓа во вода и не знам како да ја затворам дискусијава :D
 
10 машини можеш дома да ги врзеш, само нека ти среди некој електричар неколку штекери на посебни фази, посебни осигурачи. по 2-3 машини на штекер ќе може да врзеш. и обезбеди добро ладење во собата.
 
@Kakao, иако си ја решил твојата дилема и побара да биде затворена, сепак темава ќе ја оставам отворена затоа што сметам дека е актуелна во овој период.
 
Јас мислам дека сепак проблем ќе е легалноста на целава работа. Што ќе биде со биткоинтите, мораш пак да ги истргуваш на крај... што би правел со нив ако само ги имаш и не можеш да ги уновчиш затоа што не се 2-3 па никој нема да ти блезе во траг. Ќе имаш прилив/одлив на средства за кои на некој ќе му светни аларм дека има нешто, данок не е заебанција... чисто на зезање Ал Капоне не паднал за сите глупости што ги правел паднал оти не платил данок а кога ти ќе (ако) плаќаш данок некој ќе види дека имаш трговија од интернет, па зошто како и ете ти дека вршиш нелегална трговија...

Можеби еден ден кога македонија ќе легализира нешто вакво, кога интернетот ќе е отворен како по светот но засега тешко...
 
Законски никој не рекол дека е нелегално да имаш компјутер поврзан на интернет. Биткоин копањето е давање на computational power за возврат во биткоини. Јас нема да тргувам со нив, јас само ќе ги добивам. Нелегално е да се врши излив на пари од државава. За да се искеширам јас ќе го земам мојот PC во странство со мене (пример UK или Грција или Бугарија) и ќе ги продадам од тие држави. Едина пречка е што можеби ќе треба да се плати данок на приливните средства, но можам да подесам парите да се праќаат во друга држава кај пријател, а од овде да давам само computational power.
 
Ќе го земеш ПЦто во странство за да ги продадеш биткоините? Гледај кабелот за струја да не го заборавиш.
 
Јас мислам дека сепак проблем ќе е легалноста на целава работа. Што ќе биде со биткоинтите, мораш пак да ги истргуваш на крај... што би правел со нив ако само ги имаш и не можеш да ги уновчиш затоа што не се 2-3 па никој нема да ти блезе во траг. Ќе имаш прилив/одлив на средства за кои на некој ќе му светни аларм дека има нешто, данок не е заебанција... чисто на зезање Ал Капоне не паднал за сите глупости што ги правел паднал оти не платил данок а кога ти ќе (ако) плаќаш данок некој ќе види дека имаш трговија од интернет, па зошто како и ете ти дека вршиш нелегална трговија...

Можеби еден ден кога македонија ќе легализира нешто вакво, кога интернетот ќе е отворен како по светот но засега тешко...
Ако имаш биткоини и не знаеш што да правиш дај ми ги јас ќе ги шитнам за процент, ти ќе добиеш чисти пари ;) камо да има за данок и останатото е лесно
 
Абе не го плашете човекот. Какво носење пц во странство. Фино лепо продади ги биткоините, повлечи си ги парите и ич к да не те боли.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom